S15 Заштита од пожара са економског аспекта у енергетици

Златко Соврески

Симеон Симеонов

Мишко Џидров

Славчо Цветков

Сашко Димитров

Марија Кукушева-Панева

При експлоатацијата и работата на енергетските капацитети се појавуваат пожари кои имаат повеќекратни негативни последици врз истите.

Овие последици можат да бидат директни и индиректни (економски). Последици од пожарите се манифестираат како материјални штети не само на енергетските комплекси туку и на пошироката животна средина. Овие пожари во основа предизвикуваат несогледливи енергетски, економски, еколошки, социјални и други последици.

Трудот неспорно ја укажува потребата од постојано и непрекинато превземање на соодветни превентивни мерки за навремено спречување на пожарите.

Превентивно делување економски е пооправдано во споредба со надоместување на штетата која настанува како резултат од пожарите.