Еве нè речиси на крајот од ова необично виртуелно патување!
Ви благодариме!
Ви благодариме затоа што бевте наши еднакви партнери и во ниту еден момент не нè оставивте самостојно да се справуваме со предизвиците на виртуелното учење. Без вашата домашна поддршка не ќе успеевме ниту ние, ниту пак вашите деца, а наши ученици.
На крајот, предлагаме да го прославиме изучувањето на азбуката и да се забавуваме, преку креирање завршна азбучна парада на оваа страница. А еве како...
Замолете го вашето дете да одбере име на предмет, животно, растение или поим коешто започнува на почетната буква од неговото/нејзиното име. Потоа, следува забавниот дел. Со досетливост и она што ви се наоѓа по дома, помогнете му на вашето дете да ја создадае својата маска. Фотографирајте го детето и секако, напишете нѝ што претставува неговата/нејзината маска. Фотографиите ќе ги објавуваме на оваа страница веднаш до нашите фотографии - подолу:-). Нашата цел е секое учениче да ѝ се израдува барем на фотографијата на своето другарче на крајот од последната работна седмица. Би сакале да ги добиеме фотографиите од учениците што поскоро, а сепак не подоцна од четврток, 11 јуни.
Со многу почит и благодарност,
Лидија Вангелова - Андреева и Деспина Мукоска
(5 - 11 ЈУНИ, 2020)
Драги наши ученици,
Оваа седмица завршуваме со академскиот дел од нашата учебна година, а бидејќи КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО, токму во текот на оваа седмица треба да го дадеме НАЈДОБРОТО од себе.
Следната недела, задолжително погледнете ја забавната активност што ја подготвуваме за вас.
Ве сакаат,
Лидија и Деспина
п.с. А сега....шшшшш...погледнете подолу.
буква /ш/
прераскажи
Драги ученици и почитувани родители,
Буквите /Ч/ и /Џ/ може да ги изговориме со еднаква поставеност на устата и забите. Единствено, испуштаме два различни звука, а тие звуци се запишуваат со помош на буквите
/Ч/и /Џ/. Доколку се обидете, ќе забележите дека само за изговарање на буквата /Џ/ вложуваме мал напор со употреба на јазикот.
Во текот на оваа работна седмица, ученикот треба да:
Ве молиме, пратете ни ги моделите и сработените наставни листови според веќе востановената пракса и имајте убава работна седмица.
Срдечно,
Лидија и Деспина
Слика - Ч
ротирај и прикажи
Модел - Ч
Слика - Џ
ротирај и прикажи
Модел - Џ
НАСТАВЕН ЛИСТ
НАСТАВЕН ЛИСТ
Драги ученици и почитувани родители,
Оваа седмица ја посветуваме на буквата /Ц/.
Слушнете го аудио - видео поздравот до учениците и следете го посочениот редослед на работа.
Материјалот за работа објавен е под овој текст.
Наставниот лист за прераскажување поставен е овде.
Врската кон адаптираната верзија на приказната „Царевото ново руво“ од Ханс Кристијан Андерсен, поставена е овде.
Сработените материјали од учениците, пратете ни ги на веќе востановениот начин до крајот на работната седмица.
Искрено ваши,
Лидија и Деспина
фотографија
18 мај, 2020
модел
18 мај, 2020
наставен лист
15 мај, 2020
Детскиот културен центар „Карпош“ не поканува да се забавуваме и да направиме театар на сенки во нашите домови, а потоа да ја споделиме оваа домашна активност со нив преку кратко видео. Материјалот треба да се испрати до ДКЦ „Карпош“. За повеќе информации, отворете ја страницата: https://www.facebook.com/dkckarposh/
За инспирација:-), погледнете го видеото и фотографиите - подолу.
Убав викенд.
Драги ученици и почитувани родители,
Најпрвин, дозволете ни да ви се заблагодариме за сите форми на презентација коишто пристигнаа до нас, а коишто се однесуваат на домашниот проект поврзан со правењето парфем. Малата, но исклучително квалитетна виртуелна изложба може да ја погледнете на оваа врска.
Исто така, доколку имате видео материјал поврзан со вонучилишна активност којашто го промовира и зајакнува учењето на мајчиниот јазик на вашето дете, и сакате тоа да го споделите, испратете ни го материјалот на меил како што тоа направи нашата ученичка Мина Ефкоски. Уживајте во изведбата на Мина преку оваа врска.
Оваа седмица, ви ветуваме дека малку ќе здивнете:-). Продолжуваме со примена на стандардните техники на изучувањето на буквите од кириличната азбука, а стигнавме до буквата /Х/.
Еве ги активностите за оваа недела...
Секој ученик треба да:
Како и секогаш, благодариме за вашата соработка и домашна поддршка,
Лидија и Деспина
Задача 2: слушни ја приказната
отвори во посебен прозорец
Задача 1: Моделирај ја буквата - Х.
Задача 4: Обој, нацртај, воочи во текст и напиши!
Ве молиме, најпрвин заедно со вашето дете слушнете го нашето аудио - обраќање до учениците објавено под овој текст. Ви благодариме.
Во текот на оваа седмица, секој ученик треба да:
Важно: Доколку сакате да направиме мала виртуелна изложба и истовремено се согласувате фотографија од вашето дете да биде објавена на оваа страница , ве молиме испратете ни фотографиja од вашето дете на којашто детето го подготвува парфемот или детето го прикажува своето готово шишенце со парфем. Испратената фотографија за нас ќе значи - согласност за објавување.
Доколку не сакате фотографија од вашето дете да биде објавена на оваа страница, задолжително испратете ни само фотографија од готовото шишенце парфем. Ние ќе ја објавиме оваа фотографија и името на ученикот.
Срдечно,
Лидија Вангелова - Андреева и Деспина Мукоска
Аудио поддршка
Задача 1: Моделирај ја буквата - Ф.
Задача 2: Обој, нацртај, воочи во текст и напиши!
Задача 3: Направи сопствен парфем.
Помошен материјал - етикети за твоето шишенце со парфем.
Драги ученици и почитувани родители,
Ве молиме, најпрвин слушнете ги нашите кратки аудио - насоки објавени под овој текст. Ви благодариме.
Во текот на оваа седмица, секој ученик треба да:
Срдечно,
Лидија Вангелова - Андреева и Деспина Мукоска
Аудио - насоки
задача 1
задача 2
задача 3
Драги ученици и почитувани родители, добре дојдовте повторно на нашата заедничка страница.
Срдечно,
Лидија Вангелова - Андреева и Деспина Мукоска
Аудио насоки
Задача 1
Задача 2
Задача 3
Уживајте во шепотот на природата што се буди и ветува надеж. Почувствувајте ги спокојството и љубовта на пролетните празници. Незадолжително, забавувајте се со содржините предложени - овде.
До вторник - 21 март о.г., останете ни во добро здравје.
Почитувани родители,
Аудио насоките за оваа работна седмица, а зеадно со наставниот лист за прераскажување и наставниот лист за изучување нова буква се наоѓаат под овој текст.
Приказната за Трнорушка ќе ја најдете на оваа врска.
Ве молиме, до сабота 11 април испратете ни ги преку еден единствен меил:
Сработениот материјал испратете ни го на начинот објаснет - овде.
Во недостиг на печатач, погледнете ги нашите насоки - овде.
За учениците коишто сакаат нешто повеќе, погледнете ги нашите предлози - овде.
Искрено ваши,
Лидија и Деспина
аудио насоки
6 април, 2020
наставен лист - прераскажување
6 април, 2020
наставен лист - букви /Т,т/
6 април
Почитувани родители,
До недела - 5 април, о.г., ве молиме пратете ни ги во еден единствен меил следните сработени документи:
Сработениот материјал испратете ни го на начинот објаснет - овде.
Во недостиг на печатач, погледнете ги нашите насоки - овде.
Ви посакуваме добро здравје и убаво поминато време со вашето дете.
Ви благодариме за соработката.
Срдечно,
Лидија Вангелова - Андреева и Деспина Мукоска
30 март, 2020
30 март, 2020
30 март, 2020
1. Како да постапам доколку немам печатач и не можам да ги преземам наставните листови од страницата?
одговор: Дозволете му на Вашето дете да го прецрта наставниот лист приложен од наша страна. Доколку листот вклучува елементи што се предизвик за дете на оваа возраст, Ве молиме направете тоа Вие за Вашето дете.
евидентен лист за читање
наставен лист за прераскажување приказна
Буквата /Ш/- Референци
А - Ѓ
Е - Ј
К - Њ
О - Ќ
У - Џ
Доколку го поттикнувате учењето на македонскиот јазик на вашето дете преку хоби, домашна активност или членување во вонучилишна едукативна група, споделете ја работата на вашето дете на оваа страница. Едноставно, испратете ни меил со подготвен материјал, а ние ќе го објавиме материјалот.
Мина е ученичка во нашата предучилишна група. Но, Мина е и активен член во Актерското училиште „Бејби шоу“. Уживајте во улогата на Небеска Темјановна од Петре М. Андреевски, а во изведба на шестгодишната Мина.
Буквата /Ф/ ја изучувавме преку анимираниот филм за деца „Фифи и малите цвеќиња“. Инспирирани од Фифи која прави парфем од различни билки одлучивме и ние да го сториме истото, а според насоки и предлози од учителките Лидија и Деспина. За тоа дека синергијата „ученик - учител - родител“ претставува гарантиран патоказ за успех, укажува и идејата на нашиот родител г. Герман Филков, којшто спонтано на овој проект му даде име „Од домашна градина до шишенце“. Му благодариме. Уживајте во проектите на учениците, поставени под овој текст. Проектите се поставени според редоследот на нивното пристигнување.
креатор на парфемот „Ѕвездено небо“
креатор на парфемот
„Цветот на Пикачу“
дело на креаторот Стерја
креатор на
цветно - овошен парфем
креатор на парфемот „Волшебна ливада„
креатор на парфемот „Волшебна ливада“
креатор на парфемот „Цветно цутење“
креатор на парфемот „Рози“
Покрај редовната и веќе воспоставена меил кореспонденција меѓу нас, доколку имате потреба за кратка виртуелна средба, а во временска рамка вон онаа најавена за редовни родителски средби од страна на администрацијата на училиштето, на располагање сме:
а врз основа на меил допис, испратен барем 24 часа однапред. За овие средби ќе ја користиме апликацијата Google Meet. Уверете се дека ќе ја имате и вие.
Ви благодариме и ја цениме вашата соработка.
Искрено ваши,