2 одделение

Деспина Мукоска


Повтори и забавувај се ...

8-12 јуни,2020

Драги ученици,

Пред да се нурнете во безгрижното синило на летото, повторувајте и забавувајте се со активностите што ги подготвив за вас за оваа последна работна седмица. Објавени се покрај овој текст.

Информациите за летната лектира се наоѓаат на оваа врска.

Ви посакувам долго, топло и безбедно лето.

Горда сум на вас деца!

Ваша,

Деспина Мукоска

Гугл средба (Google Meet)

вторник од 12:00 - 12:30 ч.

1 - 5 јуни, 2020

Драги мои ученици,

Оваа седмица завршуваме со академскиот дел од нашата учебна година, а бидејќи КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО, токму во текот на оваа седмица треба да го дадеме НАЈДОБРОТО од себе.

1. Бидетете навреме присутни на нашата Гугл средба во вторник во 12 часот.

2. Започнете да ја откривате поезијата преку презентацијата објавена под овој текст.

3. Внимателно прочитајте ја песничката „Авионче“.

4. Напишете ја вашата писмена задача.

5. Пратете ми ја завршената задача на мојот меил НЕ подоцна од петок - 5 јуни, 13 часот.

Ве сака,

проф. Деспина

1. Што е поезија?

презентација

2. Авионче - прочитај.pdf

прочитај

3. Писмена задача - напиши.pdf

напиши

26 мај, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

Една од моите омилени изреки коишто потекнуваат од англосаксонското говорно подрачје е изреката - There is no time like SHOWTIME! Но, за да постои шоу од било каков вид, најпрвин мора да постои - текст.

Оваа седмица:

Уживајте откривајќи ја детската драма преку гледање и слушање на содржините објавени на оваа врска.

Искрено ваша,

Деспина

Драмски текст - 2 одд..ppsx

презентација

драмски текст

Задача 1 - прочитај.pdf

прочитај

Задача 2 - прочитај.pdf

прочитај

Задача 3 - прочитај.pdf

прочитај

Задача 4 - напиши.pdf

напиши

22 мај, 2020 - забавна викенд активност

За време на подолгиот викенд, забавувај се дома и гледај:

1. РАСКАЗ
2. Задача - илустрирај.pdf

Задача 1 - илустрирај

18 мај, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

Оваа работна седмица му ја посветуваме на детскиот расказ.

Во овој период, учениците треба да:

  • (чекор 1): ја прочитаат презентацијата за расказот, објавена веднаш до овој текст.
  • (чекор 2): ги подготват своите евентуални прашања за нашата Гугл средба, што ќе се одржи во вторник во 12:00 часот.
  • (чекор 3): бидат навреме присутни на нашата Гугл средба.
  • (чекор 4): ги сработат задачите објавени покрај и под овој текст според редоследот.
  • (чекор 5): ги испратат сработените задачи до крајот на работната недела според веќе етаблираната пракса.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

3. Задача - прочитај.pdf

Задача 2 - прочитај

4. Задача - прочитај.pdf

Задача 3 - прочитај

5. Задача - напиши.pdf

Задача 4 - напиши

6. Задача - размисли и напиши.pdf

незадолжителна задача, за учениците коишто сакаат повеќе :-)

Видео - Театар на сенки.mp4

Забавна викенд - активност

ТЕАТАР НА СЕНКИ

15 мај, 2020

Една седмица пред запознавањето со драмата, ви предлагам забавна, незадолжителна домашна активност.

Детскиот културен центар „Карпош“ не поканува да се забавуваме и да направиме театар на сенки во нашите домови, а потоа да ја споделиме оваа домашна активност со нив, преку кратко видео. Материјалот треба да се испрати до ДКЦ „Карпош“. За повеќе информации, отворете ја страницата: https://www.facebook.com/dkckarposh/

За инспирација:-), погледнете го видеото и фотографиите - подолу.

Убав викенд.

11 мај, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

ви посакувам убав ден.

Бидете задолжително присутни на нашата кратка Гугл средба, а со цел појасно да ви го доближам учењето за престојната работна седмица.

Доколку од оправдани причини не можете да присуствувате на средбата:

  • чекор 1: прочитајте ја скратената верзија на бајката „Малата сирена“ на оваа врска,
  • чекор 2: напишете ја задачата 2 (подолу),
  • чекор 3: од речениците добиени во задачата 2, составете краток пасус и напишете го на хартијата за пишување (задача 3 - подолу).

За умните главчиња кои сакаат да сработат нешто повеќе, ја овозможувам задачата 4 (подолу).

Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи од учениците, посочен е овде. Задачите треба да се испратат до петок - 15 мај, 13:00 часот.

Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.

Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.

Врската кон евидентниот лист за читање и други корисни наставни листови се наоѓа - овде.

Срдечно,

Деспина Мукоска

2. Наставен лист за анализа - чекор 1 - 2.pdf

задача 2

11 мај, 2020

3. Хартија за пишување.pdf

задача 3

11 мај, 2020

4. Малата сирена - критичко размислување.pdf

задача 4

11 мај, 2020

4 мај, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

Во пресрет на нашата прва Гугл средба којашто ќе се одржи во вторник (5 мај о.г.) во 12 часот, а за којашто ќе добиете покана во понеделник (4 мај), би сакала да ги споделам активностите и задачите за оваа работна седмица.

Учениците треба да:

  • се потсетат на бајката и нејзините главни карактеристики преку презентацијата поставена под овој текст.
  • ја прочитаат бајката со наслов „Бајка за лебедот“ (подолу)).
  • ги напишат двете задачи (подолу).

Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи од учениците, посочен е овде. Задачите треба да се испратат до петок, 8 мај.

Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.

Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.

Врската кон евидентниот лист за читање и други корисни наставни листови се наоѓа - овде.

Срдечно,

Деспина Мукоска

1. Што е бајка?

Што е бајка?

Отвори ја презентацијата во посебен прозорец.

2. Бајка за лебедот.pdf

Бајка за лебедот

прочитај

3. Наставен лист - анализа на текст.pdf

Наставен лист 1

напиши

4. Наставен лист - критичко размислување.pdf

Наставен лист 2

напиши

27 април, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

Најпрвин, слушнете ги аудио - насоките и задачите за оваа работна седмица. Се наоѓаат под овој текст.

  • Врската кон басната „Штурецот и мравката“ се наоѓа овде.
  • Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи од учениците, посочен е овде.
  • Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.
  • Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.
  • Врската кон евидентниот лист за читање и други корисни наставни листови се наоѓа - овде.

Срдечно,

Деспина Мукоска

1. Аудио насоки - 27 април

Аудио - насоки

2. Презентација - Анализирам басна.pptx

Презентација

3. Наставен лист за анализа - чекор 1 - 2.pdf

Чекор 1 - 2 - писмена задача

4. Хартија за пишување.pdf

Чекор 3 - писмена задача

21 април, 2020

Драги ученици и почитувани родители, добре дојдовте повторно на нашата заедничка страница.

  • Аудио - насоките и задачите за оваа работна седмица се наоѓаат под овој текст.
  • Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи од учениците, посочен е овде.
  • Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.
  • Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.
  • Врската кон евидентниот лист за читање и други корисни наставни листови се наоѓа - овде.

Срдечно,

Деспина Мукоска

2 - Аудио насоки - 21 април, 2020

Аудио поддршка

1. Презентација - басна.pdf

Што е басна?

2. Басна - Коњот и магарето.pdf

Задача 1

3. Наставен лист - Коњот и магарето.pdf

Задача 2

Пролетен распуст

Уживајте во шепотот на природата што се буди и ветува надеж. Почувствувајте ги спокојството и љубовта на пролетните празници. Незадолжително, забавувајте се со содржините предложени - овде.

До вторник - 21 март о.г., останете ми во добро здравје.

6 април, 2020

Драги ученици и родители,

Ве молам слушнете ги аудио насоките за работа за оваа седмица подолу.

Во прилог ќе ги најдете потребните извори и наставни листови.

Ве молам, до сабота - 11 април испратете ми ги во еден единствен меил:

  • наставниот лист за сликовницата и
  • евидентниот лист за читање.

Сработениот материјал испратете ми го на начинот објаснет - овде.

Во недостиг на печатач, погледнете ги насоките - овде.

За учениците коишто сакаат нешто повеќе, погледнете ги предлозите - овде.

Доколку веќе имате започнат евидентен лист, користете го постоечкиот.

Искрено ваша,

Деспина

1. Аудио насоки - 2 одд. - 6 април .webm

Аудио насоки

6 април, 2020

2. Бланко - Евидентен лист за читање на македонски јазик.pdf

Евидентен лист за читање

6 април, 20202

3. Сликовница - Кога ќе пораснеш.pdf

Сликовница

6 април, 2020

4. Наставен лист - Кога ќе пораснеш.pdf

Наставен лист

6 април, 2020

30 март, 2020

насоки за учење дома за периодот од 30 март - 3 април, 2020

Драги ученици и родители,

Аудио насоките заедно со материјалот за учење за оваа седмица се наоѓаат под овој текст.

Ве молам, најпрвин слушнете ги аудио насоките.

Родители, ве молам направете кратко видео од вашето дете додека чита. Она што ми е потребно се само две гласно прочитани реченици, како на пример: извадок - „Иван продолжи да чекори напред, не мислејќи веќе на својот другар. Одејќи така пред себе здогледа огромен циркуски шатор“.

До недела - 5 април, о.г., ве молам пратете ми ги во еден единствен меил следните документи:

  • краткото видео,
  • сработениот наставен лист и
  • евидентниот лист за читање.

Сработениот материјал испратете ми го на начинот објаснет - овде.

Во недостиг на печатач, погледнете ги насоките - овде.

За учениците коишто сакаат нешто повеќе, погледнете ги предлозите - овде.

Ви посакувам добро здравје и убаво поминато време со вашето дете.

Срдечно,

Деспина Мукоска

0. Насоки за учење дома - одд. 2 - 30 март.webm

Аудио насоки

30 март, 2020

2. Насока - збороред 1

Збороред - насоки

30 март, 2020

1. Сликовница - Тажниот кловн.pdf

Сликовница

30 март, 2020

2.1 Наставен лист - Тажниот кловн.pdf

Наставен лист

30 март, 2020

Испраќање сработени задачи

Сработените задачи од учениците се испраќаат на despina.mukoska@nova.edu.mk

Доколку тековно зададената задача вклучува повеќе од еден наставен лист, Ве молам НЕ ги испраќајте наставните листови наизменично и по случаен (random) редослед. Почекајте вашето дете да ја сработи задачата целосно и дури потоа испратете ја како единствен документ. На овој начин ќе му дадете значење и тежина на она што го работи вашето дете, a јас ќе имам соодветен преглед и можност за темелно и посветено оценување на задачите. Задачите се предвидени за умерена, но организирана и континуирана работа на ученикот.

Испратените задачи треба да бидат јасно фотографирани или скенирани.

Задачите се испраќаат до крајот на работната седмица.

Често поставувани прашања:

1. Како да постапам доколку немам печатач и не можам да ги преземам наставните листови од страницата?

одговор: Дозволете му на Вашето дете да го прецрта наставниот лист приложен од наша страна. Доколку листот вклучува елементи што се предизвик за дете на оваа возраст, Ве молам направете тоа Вие за Вашето дете.

2. Бланко - Евидентен лист за читање на македонски јазик.pdf

често употребувани наставни листови

евидентен лист за читање


4. Хартија за пишување.pdf

често употребувани наставни листови

хартија за пишување



Почитувани родители и драги ученици,

Добре дојдовте на вашата страница наменета за македонски јазик.

Секој понеделник до 8 часот наутро, оваа страница ќе биде ажурирана со најнови насоки и поддршка за учење дома.

Покрај редовната и веќе воспоставена меил кореспонденција помеѓу нас, доколку имате потреба за кратка виртуелна средба, а во временска рамка вон онаа најавена за редовни родителски средби од страна на администрацијата на училиштето, на располагање сум за вас секоја среда од 10:45 - 11:45 наутро, а врз основа на меил допис, испратен барем 24 часа однапред. За оваа средба ќе ја користам апликацијата Google Meet. Уверете се дека ќе ја имате и вие.

Ви благодарам и ги ценам вашата работа и соработка.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

despina.mukoska@nova.edu.mk

ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ РАСПУСТ

  • Задолжително прочитај ја лектирата „Легендата за Марфи Компирката“.
  • Во посебна тетратка прераскажувај го прочитаното, после секое читање.
  • Внесувај го прочитаното во твојот евидентен лист за читање.
  • Незадолжително...прочитај и други книги од понудените лектири. Следи ги насловите што те привлекуваат.

Списокот на лектири и копија од евидентниот лист се наоѓаат под овој текст.

Лектири_-_македонски.pdf

ЛЕКТИРИ - СПИСОК

прочитајте го делот наменет за 3 одд.

Евидентен лист за читање на македонски јазик.pdf

ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ

Интрукции за анализа на лектира.pdf

лектира - помош

Додека читаш убаво е да го бележиш прочитаното, а за да можеш да се потсетиш на лектирата во текот на учебната година.

Погледни на листот покрај овој текст како да го направиш тоа.