Професор по одделенска настава на македонски јазик
(одделенија: К - 5)
Професор по македонски јазик и литература
(одделенија: 2-5)
Професор по македонски јазик и литература
(одделение: К)
За сите одделенија од основното образование наставата по македонски јазик се реализира во 108 наставни часа годишно, по три наставни часа седмично.
Наставната програма се сосредоточува на: усно изразување и почеток на оспособување за јасна и разбирлива вербална комуникација; препознавање на гласовите и соодветните мали и големи печатни букви; почеток на графичко прикажување на големите печатни букви и воведување во светот на литературата преку препознавање на бајката, басната и расказот, напишани од светските литерарни класици за деца.
Се охрабруваат родителите да го поддржат изучувањето на стандардниот литературен македонски јазик на своето дете преку создавање домашна библиотека на македонски јазик во детската соба на ученикот, редовно читање сликовници со многу илустрации, селективно следење ТВ-содржини на македонски јазик соодветни за возраста на детето, упис на вонучилишна активност што се одвива на македонски јазик, посети на театарски претстави за деца и секако игра, игра и многу игра со другарче коешто го зборува само македонскиот јазик.
Поголемиот дел од наставната програма за прво одделение е сосредоточена на раното описменување или попрецизно: на почетното пишување и читање. Учениците учат правилно да ги пишуваат малите и големите печатни букви; буквите да ги поврзуваат во пишани зборови, а од зборовите да создаваат пишани прости реченици. Учениците учат да ги применуваат почетните техники за правилно читање.
Особено во ова одделение, се охрабруваат родителите да го поддржат изучувањето на стандардниот литературен македонски јазик на своето дете преку создавање домашна библиотека на македонски јазик во детската соба на ученикот, редовно читање сликовници со многу илустрации и кратки текстови, селективно следење ТВ содржини на македонски јазик соодветни за возраста на детето, упис на вонучилишна активност што се одвива на македонски јазик, како и посети на театарски претстави за деца.
Наставната програма се сосредоточува на збороредот, зборовните групи, реченицата и видовите реченици преку интеграција со литературата.
Се охрабруваат родителите да го поддржат изучувањето на стандардниот литературен македонски јазик на своето дете преку редовна проверка на евидентниот лист за читање и домашните писмени вежби на ученикот. Особено важно е учениците да бидат изложени на македонскиот говорен јазик надвор од училиштето.
Наставната програма се сосредоточува на читање и анализа на прозен, поетски и драмски текст, како и на усно и писмено раскажување и прераскажување.
Се охрабруваат родителите, да го поддржат изучувањето на стандардниот литературен македонски јазик на своето дете преку редовна проверка на евидентниот лист за читање и домашните писмени вежби на ученикот. Особено важно е учениците да бидат изложени на македонскиот говорен јазик надвор од училиштето.
Наставната програма за четврто и петто одделение претставува подготовка за премин кон следното образовно ниво. Во таа смисла се сосредоточува на изучување на литературата. Конкретно, програмата е поделена на четири теми: проза, поезија, драма и информативен текст. Секоја тема вклучува усна и писмена анализа на елементи од текст и развивање на критичко размислување и креативно пишување. Граматиката се изучува преку интегриран наставен приод.

Евидентниот лист за читање може да го преземете подолу.