Драги ученици,
Пред да се нурнете во безгрижното синило на летото, забавувајте се со активностите што ги подготвив за вас за оваа последна работна седмица. Објавени се покрај овој текст.
Информациите за летната лектира се наоѓаат на оваа врска.
Ви посакувам долго, топло и безбедно лето.
Горда сум на вас деца!
Ваша,
Деспина Мукоска
Драги мои ученици,
Оваа седмица завршуваме со академскиот дел од нашата учебна година, а бидејќи КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО, токму во текот на оваа седмица треба да го дадеме НАЈДОБРОТО од себе.
1. Бидете навреме присутни на нашата Гугл средба во вторник во 13 часот.
2. Во меѓувреме, започнете да го откривате светот на птиците преку книгата „Птици“ - овде.
3. Во вашите тетратки за почетно пишување одговорете со употреба на целосни реченици на прашањата напишани на последните две страници од книгата.
4. Ве молам пратете ми ја завршената задача не подоцна од петок - 5 јуни, 13 часот.
Ве сака,
Деспина
Драги ученици и почитувани родители,
Она што им е познато на учениците е дека постојат 6 групи животни и учениците умеат да ги набројат овие групи на англиски јазик. Она што би сакала учениците да го научат е именувањето на овие групи на македонски јазик.
Оттука:
Во текот на оваа седмица, би сакала секој ученик да:
Ве молам, испратете ми ја сработената задача според веќе востановената пракса.
И...доколку ви се допадне книгата, слободно поттикнете го авторот преку споделување "like" за книгата на страницата :-).
Убава работна недела посакувам.
Ваша,
Деспина
Драги ученици и почитувани родители,
Продолжуваме да се запознаваме со живите организми што живеат на земјата.
За почеток, предлагам учениците да го слушнат мојот аудио - видео поздрав, поставен на оваа врска.
Следно, треба да се прочита книгата „Чудесни растенија“ поставена на оваа врска.
Потоа, учениците треба да одговорат на прашањата напишани низ страниците на книгата, но и на последната страница од книгата.
Најпосле, испратете ми ја сработената задача до крајот на работната седмица, а според веќе востановената пракса.
Искрено ваша,
Деспина Мукоска
15 мај, 2020
Детскиот културен центар „Карпош“ не поканува да се забавуваме и да направиме театар на сенки во нашите домови, а потоа да ја споделиме оваа домашна активност со нив преку кратко видео. Материјалот треба да се испрати до ДКЦ „Карпош“. За повеќе информации, отворете ја страницата: https://www.facebook.com/dkckarposh/
За инспирација:-), погледнете го видеото и фотографиите - подолу.
Убав викенд.
Драги ученици и почитувани родители,
во согласност со актуелната IPC (заб. од англиски) тема, во текот на работната седмица од 11 - 15 мај продолжуваме со откривање на нашето тело и неговите неограничени можности.
Секој ученик треба да:
Пред почетокот на читањето советувам повторување на буквите преку употреба на азбучните карти. Врската кон азбучните карти е овде.
Сработените задачите треба да се испратат заклучно со 15 мај о.г. Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи од учениците, посочен е овде.
Во пресрет на нашата Гугл средба во вторник во 13 часот, би сакала да ве известам дека отсега па до крајот на учебната година, поканите за овие средби ќе ги испраќам само преку меиловите на учениците, а секако дека ќе го ценам и вашето присуство.
Ви посакувам убава и продуктивна работна седмица.
Срдечно,
Деспина Мукоска
Драги ученици и почитувани родители,
во согласност со актуелната IPC (заб. од англиски) тема, во текот на работната седмица од 4 - 8 мај, секој ученик треба да:
Пред почетокот на читањето советувам повторување на буквите преку употреба на азбучните карти. Врската кон азбучните карти е овде.
Сработените задачите треба да се испратат заклучно со 8 мај о.г. Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи од учениците, посочен е овде.
Во пресрет на нашата прва Гугл средба (5 мај, 13:00 ч), за којашто ќе добиете покана во текот на 4 мај (понеделник),
Ви посакувам убава и продуктивна работна седмица.
Срдечно,
Деспина Мукоска
Драги ученици и почитувани родители,
во продолжение на темата - Мојот дом, во текот на работната седмица од 27 - 30 април ќе ги изучуваме живеалиштата на животните. Секој ученик треба:
Пред почетокот на читањето советувам повторување на буквите преку употреба на азбучните карти. Врската кон азбучните карти е овде.
Сработените задачите треба да се испратат заклучно со 30 април о.г. Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи од учениците, посочен е овде.
Ви посакувам убава и продуктивна работна седмица.
Срдечно,
Деспина Мукоска
Драги ученици и почитувани родители, добре дојдовте повторно на нашата заедничка страница.
Срдечно,
Деспина Мукоска
Аудио поддршка
Речник на тема - дом
Задача
Предлог - постер презентација - дом
Уживајте во шепотот на природата што се буди и ветува надеж. Почувствувајте ги спокојството и љубовта на пролетните празници. Незадолжително, забавувајте се со содржините предложени - овде.
До вторник - 21 март о.г., останете ми во добро здравје.
Почитувани родители,
Аудио насоките за оваа работна седмица, а зеадно со наставниот лист наменет за приказната за „Лара, жолтата бубамара“ и бланко евидентниот лист за читање (доколку немате) се наоѓаат под овој текст.
Врската кон сликовницата „Лара, жолтата бубамара“ се наоѓа овде.
Ве молам, до сабота 11 април испратете ми ги во еден единствен меил:
Сработениот материјал испратете ми го на начинот објаснет - овде.
Во недостиг на печатач, погледнете ги насоките - овде.
За учениците коишто сакаат нешто повеќе, погледнете ги предлозите - овде.
Искрено ваша,
Деспина
аудио насоки
6 април, 2020
наставен лист
6 април, 2020
евидентен лист за читање
6 април, 2020
Почитувани родители,
До недела - 5 април, о.г., ве молам пратете ми ги во еден единствен меил следните документи:
Ви посакувам добро здравје и убаво поминато време со вашето дете.
Ви благодарам за соработката.
Срдечно,
Деспина Мукоска
аудио насоки
30 март, 2020
евидентен лист за читање
30 март, 2020
наставен лист
30 март, 2020
Доколку тековно зададената задача вклучува повеќе од еден наставен лист, Ве молам НЕ ги испраќајте наставните листови наизменично и по случаен (random) редослед. Почекајте вашето дете да ја сработи задачата целосно и дури потоа испратете ја како единствен документ. На овој начин ќе му дадете значење и тежина на она што го работи вашето дете, a јас ќе имам соодветен преглед и можност за темелно и посветено оценување на задачите. Задачите НЕ се работат одеднаш, туку во континуирани кратки термини определени за македонски јазик.
Испратените задачи треба да бидат јасно фотографирани или скенирани.
Задачите се испраќаат до крајот на работната седмица.
1. Како да постапам доколку немам печатач и не можам да ги преземам наставните листови од страницата?
одговор: Дозволете му на Вашето дете да го прецрта наставниот лист приложен од наша страна. Доколку листот вклучува елементи што се предизвик за дете на оваа возраст, Ве молам направете тоа Вие за Вашето дете.
евидентен лист за читање
хартија за пишување
Буква /Ш/ и референци и насоки
А - Ѓ
Е-Ј
К-Њ
О-Ќ
У-Џ
Добре дојдовте на страницата наменета за македонски јазик.
Секој понеделник до 8 часот наутро, оваа страница ќе биде ажурирана со најнови насоки и поддршка за учење дома.
Покрај редовната и веќе воспоставена меил кореспонденција меѓу нас, доколку имате потреба за кратка виртуелна средба, а во временска рамка вон онаа најавена за редовни родителски средби од страна на администрацијата на училиштето, на располагање сум за вас секоја среда од 10:45 - 11:45 наутро, а врз основа на меил допис, испратен барем 24 часа однапред. За оваа средба ќе ја користам апликацијата Google Meet. Уверете се дека ќе ја имате и вие.
Ви благодарам и ја ценам вашата соработка.
Искрено ваша,
Деспина Мукоска
despina.mukoska@nova.edu.mk
Списокот на лектири и копија од евидентниот лист се наоѓаат под овој текст.
прочитајте го делот наменет за 2 одд.