5 одделение

Деспина Мукоска

Поетско читање на македонски јазик - ученици од петто одделение - о.у. Нова.mp4

Завршна активност 2020

ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ

Учениците и наставничката ви посакуваат долго, топло и безбедно лето.

Редовна Гугл средба (Google Meet)

понеделник од 12:30

1 - 5 јуни, 2020

Драги мои ученици,

Оваа седмица завршуваме со академскиот дел од нашата учебна година, а бидејќи КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО, токму во текот на оваа седмица треба да го дадеме НАЈДОБРОТО од себе.

  • Повторувајте ги стекнатите знаење за поезијата преку презентациите објавени под овој текст,
  • пратете ми ги двете последни незавршени задачи во Гугл училницата (Google classroom) доколку не сте го сториле тоа во рамките на дадениот рок и
  • бидете навреме присутни на нашите индивидуални гугл средби предвидени за оваа седмица.

Ве сака,

проф. Деспина

1. Поезија - пеење на лирата

1. ПОЕЗИЈА - ВОВЕД

2. Елементи на поезијата

2. ЕЛЕМЕНТИ НА ПОЕЗИЈАТА

3. Поезија - стилски фигури

3. СТИЛСКИ ФИГУРИ ВО ПОЕЗИЈАТА

Поезија - стилски фигури

26 МАЈ, 2020

Драги ученици,

Заради празничниот викенд, оваа седмица го немавме нашиот редовен Гугл час. Ве молам, потрудете се самостојно да ја разберете задачата, а тоа ќе ви успее доколку ги следите моите насоки.

  • чекор 1: отворете ја во нов прозорец и внимателно прочитајте ја презентацијата со наслов „Поезија - стилски изразни средства - стилски фигури“, објавена веднаш покрај овој текст.
  • чекор 2: напишете ја задачата испратена преку вашата Гугл училница (Google classroom). Читајте ги насоките!

Доколку имате прашања, напишете ми меил.

Срдечно,

Деспина Мукоска

Елементи на поезијата

18 мaj, 2020

Драги ученици,

Продолжуваме со откривањето на поезијата. Овојпат преку изучувањето на нејзините елементи.

Чекор 1: Внимателно прочитајте ја приложената презентација со наслов „Елементи на поезијата“.

Чекор 2: Запишувајте ги евентуалните прашања со цел да ги дискутираме на нашиот Гугл час.

Чекор 3: Бидете задолжително присутни на нашиот Гугл час во понеделник во 12:30 часот. За Гугл часот задолжително имајте ја пред себе во електронска или отпечатена форма песната испратена до вас на 15 мај, петок.

Чекор 4: Сработете ја задачата што ќе ја добиете на вашите меилови преку Гугл училницата (Google classroom) веднаш по часот. Следете ги насоките и роковите.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

Поезија - пеење на лирата

11 мај, 2020

Драги ученици,

насоките за работа за престојната работна седмица ќе ги добиете во понеделник (11 мај) наутро на вашите меилови, а преку вашата Гугл училница (Google Classroom).

Бидете присутни точно навреме на нашата Гугл средба. Ќе започнеме да ја откриваме поезијата.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

4 мај, 2020

Драги ученици,

насоките за работа за престојната работна седмица ќе ги добиете во понеделник (4 мај) наутро на вашите меилови, а преку апликацијата Google Classroom.

Пишувајте на документот добиен директно на вашите меилови.

Откако ќе ја сработите посочената задача, најпрвин задолжително ПРОВЕРЕТЕ ја, а потоа уверете се дека ќе ми ја испратите единствено преку употреба на опциите "Tun in" или "Submit".

Бидете присутни точно навреме на нашата Гугл средба.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

27 април, 2020

Драги ученици,

насоките за работа за оваа работна седмица ќе ги добивате преку апликацијата Google Classroom. Првите известувања ќе ви пристинат во понеделник наутро. Следете ги известувањата и што е уште поважно - роковите.

Бидете присутни точно навреме на нашата Гугл средба.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

21 април, 2020

Драги ученици, добре дојдовте повторно на нашата заедничка страница.

  • Аудио - насоките и задачите за оваа работна седмица се наоѓаат под овој текст.
  • Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи, посочен е овде.
  • Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.
  • Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.
  • Врската кон хартијата за пишување и евидентниот лист се наоѓа овде.

Срдечно,

Деспина Мукоска

1 - Аудио насоки - 21 април, 2020

Аудио поддршка

2 -Презентација - монолог .pptx

Што е монолог?

3 - Наставен лист - задолжителна задача .pdf

Задолжителна задача

4 - Наставен лист - незадолжителна задача .pdf

Дополнителна задача - за оние што сакаат повеќе

Пролетен распуст

Уживајте во шепотот на природата што се буди и ветува надеж. Почувствувајте ги спокојството и љубовта на пролетните празници.

Погледнете ги детските монолози, читајте и откривајте го волшебниот свет на литературата - овде.

До вторник - 21 март о.г., останете ми во добро здравје.

6 април, 2020

Драги ученици,

Се уште го изучуваме драмскиот текст. Оваа седмица треба да блеснете во полн сјај. Ќе бидете драмски писатели на краток, самостоен драмски текст.

Најпрвин, потсете се на правилата за форма и правопис на драмскиот текст преку материјалот испратен до вас минатата недела на оваа страница, а и на вашите меилови.

Потоа, отворете ја презентацијата со наслов „Задача“, за да ја прочитате вашата конкретна задача за оваа недела.

Следно, користете го листот со наслов „Белешки“, за да се подготвите кон пишувањето на вашиот драмски текст.

Конечно, уживајте во улогата на драмски писател и напишете го вашиот краток драмски текст во вашата тетратка или на хартијата за пишување.

До сабота - 11 април испратете ми ги:

  • вашиот лист со белешки и
  • вашиот драмски текст.

Насоките за испраќање на сработените задачи се наоѓаат - овде.

Во недостиг на печатач, погледнете ги насоките - овде.

За учениците коишто сакаат нешто повеќе - овде.

Не заборавајте да читате и да го внесувате прочитаното во вашиот евидентен лист. Читањето не е задача, туку стил на живеење.

Искрено ваша,

Деспина

1. Задача - драмски писатели.pptx

задача

6 април, 2020

2. Лист за белешки - драмски текст.pdf

белешки

6 април, 2020

3. Хартија за пишување.pdf

хартија за пишување

6 април, 2020

30 март, 2020

насоки за учење дома за периодот од 30 март - 3 април, 2020

Драги ученици и родители,

  • Аудио насоките за учење дома за оваа седмица се наоѓаат подолу. Отворете.
  • Материјалот за работа е поставен во вид на презентација, веднаш до видеото.

До недела - 5 април, о.г., ве молам пратете ми ја на мојот меил сработената задача.

Насоките за испраќање на сработените задачи се наоѓаат - овде.

Во недостиг на печатач, погледнете ги насоките - овде.

За учениците коишто сакаат нешто повеќе - овде.

Ви посакувам добро здравје и убаво поминато време во вашите домови.

Срдечно,

Деспина Мукоска


1. Насоки - 5 одд. - 30 март, 2020 .webm

аудио насоки

30 март, 2020

Презентација - драмски текст.pdf

презентација

30 март, 2020

Испраќање сработени задачи

Сработените задачи се испраќаат на despina.mukoska@nova.edu.mk

Доколку тековно зададената задача вклучува повеќе од еден наставен лист, ве молам НЕ ги испраќајте наставните листови наизменично и по случаен (random) редослед. Откако целосно ќе ја сработите задачата, испратете ја во еден единствен меил. Испратените задачи треба да бидат јасно фотографирани или скенирани. На овој начин ќе му дадете значење и тежина на она што го работите, a јас ќе имам преглед и можност за темелно и посветено оценување на задачите.

Задачите се испраќаат до крајот на работната седмица.

Често поставувани прашања:

1. Како да постапам доколку немам печатач и не можам да ги преземам наставните листови од страницата?

можност 1: искреирај наставен лист, а според мојот модел;

можност 2: употреби ја тетратката за македонски јазик.

2. Бланко - Евидентен лист за читање на македонски јазик.pdf

често употребувани наставни листови

евидентен лист за читање

4. Хартија за пишување.pdf

често употребувани наставни листови

хартија за пишување



Драги ученици,

Добре дојдовте на вашата страница наменета за македонски јазик.

Секој понеделник до 8 часот наутро, оваа страница ќе биде ажурирана со најнови насоки и поддршка за учење дома. Отворајте ја оваа страница секој понеделник, а со цел да имате увид во големата слика на она што ќе се учи. Определете неколку термини наменети за сработување на вашата задача по македонски јазик во текот на неделата. Додека ја работите вашата задача задолжително имајте ги отворени насоките за работа на вашиот лаптоп или таблет. За секое прашање испратете ми меил.

Ги ценам вашиот труд и вашата работа!

Искрено ваша,

проф. Деспина Мукоска

despina.mukoska@nova.edu.mk

Почитувани родители,

Дозволете ми во ова време на предизвици и неизвесности, но и време на воочување на некои нови вредности, да ви се заблагодарам за вашата домашна поддршка и соработка.

Истовремено, би сакала да ве известам дека покрај редовната и веќе воспоставена меил кореспонденција помеѓу нас, доколку имате потреба за кратка виртуелна средба со мене, а во временска рамка вон онаа најавена за редовни родителски средби од страна на администрацијата на училиштето, на располагање сум за вас секоја среда од 10:45 - 11:45 наутро, а врз основа на меил допис, испратен барем 24 часа однапред. За оваа средба ќе ја користам апликацијата Google Meet. Уверете се дека ќе ја имате и вие.

Ви благодарам и ја ценам вашата соработка.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

despina.mukoska@nova.edu.mk

Лектири за шесто одделение.docx

летна лектира

  • Прочитај ги лектирите означени како изборни лектири во списокот објавен покрај овој текст.
  • Следи ги насоките напишани од наставникот на самиот список.