3 одделение

Деспина Мукоска

3 - забавни загатки

8 - 12 јуни, 2020

Драги ученици,

Пред да се нурнете во безгрижното синило на летото, забавувајте се со активностите што ги подготвив за вас за оваа последна работна седмица. Објавени се покрај овој текст.

Информациите за летната лектира се наоѓаат на оваа врска.

Ви посакувам долго, топло и безбедно лето.

Горда сум на вас деца!

Ваша,

Деспина Мукоска

Редовна Гугл средба (Google Meet)

понеделник од 11:00 часот

1 - 5 јуни, 2020

Драги мои ученици,

Оваа седмица завршуваме со академскиот дел од нашата учебна година, а бидејќи КРАЈОТ ГО КРАСИ ДЕЛОТО, токму во текот на оваа седмица треба да го дадеме НАЈДОБРОТО од себе.

1. Бидетете навреме присутни на нашата Гугл средба во понеделник во 11 часот.

2. Прочитајте ги моите совети и насоки за правилно прераскажување текст на презентацијата објавена подолу.

3. Прераскажете го расказот „Верче и јаготките“ во вашите тетратки или на листот за пишување.

4. Пратете ми ја завршената задача на мојот меил НЕ подоцна од петок - 5 јуни, 13 часот.

Ве сака,

проф. Деспина

1 Прераскажување - Slides.ppsx

1.презентација

отвори во зголемен прозорец

2. Невреме.pdf

2. потсетување од час

3. Верче и јаготките.pdf

3. задача

прочитај

4. Хартија за пишување.pdf

4. задача

прераскажи

26 мај, 2020

Драги ученици,

Оваа работна седмица ја започнуваме во вторник и не сме во можност да го одржиме нашиот неделен Гугл час. Затоа, би сакала престојните 4 дена да ги поминете во ВАЖНО повторување на правописните правила. За да се потсетите на некои од нив, а и да научите неколку нови правила задолжително отворете ја и внимателно прочитајте ја презентацијата под овој текст.

Потоа, сработете ја задачата. Доколку имате прашања, слободно пишете ми.

Испратете ми ја вашата задача на мојот меил до петок, 29 мај.

Ве сака,

Деспина

Неколку правописни правила

презентација

чекор 1 - отвори и прочитај

Правопис - 3 одд..pdf

задача

чекор 2 - напиши и испрати

18 мај, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

Во текот на оваа работна седмица, учениците коишто ми ги испратија своите првични „драфт“ верзии на тема „Опишувам место“, би сакала да работат на конечниот описен пасус, а според моите насоки и повратни информации.

Учениците коишто се уште не ми ги доставиле своите првични верзии од описниот пасус, очекувам да го направат тоа во најскоро време. За потсетување, треба да се користи презентацијата со наслов „Опишувам место“ објавена на 11 мај, како и сознанијата стекнати за време на нашиот последен Гугл час.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

11 мај, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

ви посакувам убав ден.

Бидете задолжително присутни на нашиот Гугл час, а со цел појасно да ви го доближам учењето за престојната работна седмица.

Доколку од оправдани причини не можете да присуствувате на часот:

  • чекор 1: внимателно прочитајте ја презентацијата со наслов „Опис на место“ (подолу). Според насоките посочени во презентацијата...
  • чекор 2: употребете го листот за белешки (подолу),
  • чекор 3: напишете ја вашата задача на хартијата за пишување (подолу) и
  • чекор 4: испратете ми ги листот со белешки и вашата прва верзија - скица (draft) на мојот меил до петок - 15 мај, 13:00 часот.
  • чекор 5: испратете ми го вашиот конечен описен пасус до петок - 22 мај.
  • Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи, посочен е овде.
  • Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.
  • Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.

Срдечно,

Деспина Мукоска

1. Опис на место

11 мај, 2020

Презентација „Опис на место“

отвори ја презентацијата во посебен прозорец

2. Лист за белешки - описен пасус.pdf

11 мај, 2020

лист за белешки

3. Хартија за пишување.pdf

11 мај, 2020

хартија за пишување

4 мај, 2020

Драги ученици,

Се надевам дека веќе одлучивте кој е ликот кому ќе му го посветите вашиот прв описен пасус.

Исто така, верувам дека вашите листови за белешки се веќе пополнети. Во текот на оваа работна недела, очекувам да го напишете вашиот описен пасус и да ми го испратите на мојот меил најдоцна до петок - 8 мај.

Следете ги насоките објавени претходната недела, а дискутирани на нашата последна Гугл средба.

Срдечно,

Деспина Мукоска

27 април, 2020

Драги ученици и почитувани родители,

  • Најпрвин, слушнете ги аудио - насоките и задачите за оваа работна седмица. Се наоѓаат под овој текст.
  • Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи, посочен е овде.
  • Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.
  • Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.
  • Хартијата за пишување, евидентниот лист за читање и често употребуваните наставни листови се наоѓаат на самиот крај од оваа страница.

ВАЖНО:

Пишувањето описен пасус што опишува лик бара голема посветеност и работа. Затоа, а за да ја сработитe задачата квалитетно и според инструкциите рокот за доставување на оваа задача го продолжувам до петок - 8 мај. Продолжувањето на рокот не значи помалку работа. Напротив, очекувам задача во којашто ќе биде опфатен секој чекор посочен во инструкцијата.

Срдечно,

Деспина Мукоска

1. Аудио - насоки - 27 април 2020

1. Аудио - насоки

2. Презентација - опис на лик.pdf

2. Презентација

3. Лист за белешки - опис на лик 1.pdf

3. Лист за белешки

4. Хартија за пишување.pdf

4. Хартија за пишување

21 април, 2020

Драги ученици и почитувани родители, добре дојдовте повторно на нашата заедничка страница.

  • Аудио - насоките и задачите за оваа работна седмица се наоѓаат под овој текст.
  • Начинот на којшто се испраќаат сработените задачи, посочен е овде.
  • Доколку немате печатач покрај вас, прочитајте ги моите предлози - овде.
  • Врската кон дигиталните библиотеки и други интересни содржини, поставена е овде.
  • Хартијата за пишување, евидентниот лист за читање и често употребуваните наставни листови се наоѓаат на самиот крај од оваа страница.

Срдечно,

Деспина Мукоска

1 - Аудио насоки - 21 април,2020

Аудио поддршка

2 -Задача.pdf

Задача

3 - Речник - Банка на зборови.pdf

Речник - придавки

4 - Лист за белешки - описен пасус.pdf

Лист за белешки - описен пасус

Пролетен распуст

Уживајте во шепотот на природата што се буди и ветува надеж. Почувствувајте ги спокојството и љубовта на пролетните празници.

Читајте и откривајте го волшебниот свет на литературата - овде.

До вторник - 21 март о.г., останете ми во добро здравје.

6 април, 2020

Драги ученици и родители,

Оваа седмица ја посветуваме на пишувањето описен пасус.

Најпрвин, отворете ја презентацијата наменета за повторување на она што заедно го учевме во нашата училница.

Потоа, прочитајте ги внимателно насоките опишани во презентацијата со наслов „Да научиме нешто ново“.

Напишете ги вашите белешки на наставниот лист за оваа намена.

Конечно, уживајте во улогата на писател и напишете го вашиот описен пасус во вашата тетратка или на хартијата за пишување.

До сабота - 11 април испратете ми го на мојот меил јасно фотографиран или скениран вашиот описен пасус.

Насоките за испраќање на сработените задачи се наоѓаат - овде.

Во недостиг на печатач, погледнете ги насоките - овде.

За учениците коишто сакаат нешто повеќе, погледнете ги предлозите - овде.

Не заборавајте да читате и да го внесувате прочитаното во вашиот евидентен лист. Читањето не е задача, туку стил на живеење.

Искрено ваша,

Деспина

1. Да повториме....ppt

Да повториме... 6 април, 2020

2. Да научиме нешто ново....ppt

Да научиме нешто ново..

6 април, 2020

3. Лист за белешки - описен пасус.pdf

Белешки - описен пасус

6 април, 2020

4. Хартија за пишување.pdf

Хартија за пишување

6 април, 2020

30 март, 2020

насоки за учење дома за периодот од 30 март - 3 април, 2020

Драги ученици и родители,

Аудио насоките за оваа седмица заедно со потребните извори и наставни листови се наоѓаат под овој текст. Најпрвин, слушнете ги насоките.

  • Врската кон дигиталната библиотека се наоѓа овде.

До недела - 5 април, о.г., ве молам пратете ми ги во еден единствен меил следните документи:

  • евидентниот лист за читање,
  • сработената писмена задача и
  • краткото видео.

Насоките за испраќање на сработените задачи се наоѓаат - овде.

Во недостиг на печатач, погледнете ги насоките - овде.

За учениците коишто сакаат нешто повеќе, погледнете ги предлозите - овде.

Срдечно,

Деспина Мукоска

Корисни информации и врски:

Испраќање сработени задачи

Сработените задачи се испраќаат на despina.mukoska@nova.edu.mk

Доколку тековно зададената задача вклучува повеќе од еден наставен лист, ве молам НЕ ги испраќајте наставните листови наизменично и по случаен (random) редослед. Откако целосно ќе ја сработите задачата, испратете ја во еден единствен меил. Испратените задачи треба да бидат јасно фотографирани или скенирани. На овој начин ќе му дадете значење и тежина на она што го работите, a јас ќе имам преглед и можност за темелно и посветено оценување на задачите.

Задачите се испраќаат до крајот на работната седмица.

Често поставувани прашања:

1. Како да постапам доколку немам печатач и не можам да ги преземам наставните листови од страницата?

можност 1: искреирај наставен лист, а според мојот модел;

можност 2: употреби ја тетратката за македонски јазик.

Евидентен лист за читање на македонски јазик.pdf

Евидентен лист за читање

Хартија за пишување.pdf

Хартија за пишување

4 - Лист за белешки - описен пасус.pdf

Лист за белешки - описен пасус



Драги ученици,

Добре дојдовте на вашата страница наменета за македонски јазик.

Секој понеделник до 8 часот наутро, оваа страница ќе биде ажурирана со најнови насоки и поддршка за учење дома. Отворајте ја оваа страница секој понеделник, а со цел да имате увид во големата слика на она што ќе се учи. Определете неколку термини наменети за сработување на вашата задача по македонски јазик во текот на неделата. Додека ја работите вашата задача задолжително имајте ги отворени насоките за работа на вашиот лаптоп или таблет. За секое прашање испратете ми меил.

Ги ценам вашиот труд и вашата работа!

Искрено ваша,

проф. Деспина Мукоска

despina.mukoska@nova.edu.mk

Почитувани родители,

Дозволете ми во ова време на предизвици и неизвесности, но и време на воочување на некои нови вредности, да ви се заблагодарам за вашата домашна поддршка и соработка.

Истовремено, би сакала да ве известам дека покрај редовната и веќе воспоставена меил кореспонденција помеѓу нас, доколку имате потреба за кратка виртуелна средба со мене, а во временска рамка вон онаа најавена за редовни родителски средби од страна на администрацијата на училиштето, на располагање сум за вас секоја среда од 10:45 - 11:45 наутро, а врз основа на меил допис, испратен барем 24 часа однапред. За оваа средба ќе ја користам апликацијата Google Meet. Уверете се дека ќе ја имате и вие.

Ви благодарам и ја ценам вашата соработка.

Искрено ваша,

Деспина Мукоска

despina.mukoska@nova.edu.mk

ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ РАСПУСТ

  • Задолжително прочитај ја лектирата „Волшебникот од Оз“.
  • Во посебна тетратка прераскажувај го прочитаното, после секое читање.
  • Внесувај го прочитаното во твојот евидентен лист за читање.
  • Незадолжително...прочитај и други книги од понудените лектири. Следи ги насловите што те привлекуваат.

Списокот на лектири и копија од евидентниот лист се наоѓаат под овој текст.

Лектири_-_македонски.pdf

ЛЕКТИРИ - СПИСОК

прочитајте го делот наменет за 4 одд.

Евидентен лист за читање на македонски јазик.pdf

ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ