3 одделение

Елеонора ПОПЕТРЕВСКА

ПЛАН ЗА ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ --- 8 ЈУНИ

Драги ученици, на почеток сме на последната недела од нашата онлајн-настава. По многу недели учење и работа, време е за малку игра и забава.

Ви подготвив 5 активности со кои ќе се забавувате, а и ќе примените дел од вашето знаење.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е: нема краен рок :)

НАПОМЕНА: Немате обрска да испраќате фотографии од завршените активности.

Ваша единствена обврска е да се забавувате! :)

  • Активност 1
Aктивност 1 - Гатанки.pdf
  • Активност 2
Aктивност 2 - Поврзи-откриј.pdf
  • Активност 3
Активност 3 - Ребус.pdf
  • Активност 4
Aктивност 4 - Криенки.pdf
  • Активност 5
Aктивност 5-На буква....pdf

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Редовно читај и запишувај во евидентниот лист!

  • Може да избереш книга и од дигиталната библиотека

ВАЖНО: Google Meet часот со мене е секој ПОНЕДЕЛНИК во 11 ч.

ПРИСУСТВОТО НА СЕКОЈ УЧЕНИК СЕ ЕВИДЕНТИРА

Почитувани родители и драги мои ученици,

Секој понеделник на оваа страница ќе ги споделувам новите информации за онлајн-наставата и учењето дома за предметот Македонски јазик. Учениците истовремено ќе ги имаат информациите и во Google Classroom - Училницата Македонски јазик - 3 одделение.

За секое прашање обратете ми се во секое време на мојот мејл.

Драги ученици, дајте го најдоброто од себе.

Почитувани родители, Вашата поддршка и соработка е особено важна.

Ова е предизвик за сите нас, но заедно ќе успееме!

Ви посакувам добро здравје!

ПЛАН ЗА УЧЕЊЕ ДОМА 1- 5 ЈУНИ

Драги ученици, се приближуваме кон крајот на учебната година. Оваа недела ќе биде поставена последната задача поврзана со материјалот за учење предвиден со програмата, а следната недела е планирана за забавно-едукативни активности. Задачата ќе биде поставена и во Google Classroom со оглед на тоа што за повеќето од вас тоа е поедноставен начин.

  • Сработете ја задачата целосно и според инструкциите.
  • Откако ќе завршите, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата Submit во Google Classroom.
  • КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 7 јуни.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА: Прераскажување на прочитан текст (retelling a story)

Задачата работи ја според овој редослед:

  • Погледни ја презентацијата и научи што е прераскажување и како треба да прераскажеш прочитан текст
  • Почитај го текстот „Верче и јаготките“ и според насоките во презентацијата прераскажи го во тетратката по македонски јазик или на листот за пишување
Прераскажување

Презентација

Текст „Верче и јаготките“

Текст „Верче и јаготките“.docx

Лист за пишување

Лист за пишување.pdf

План за учење дома 26 - 29 мај

Драги ученици, оваа недела ќе се потсетиме на правописните правила што досега ги изучивме.

  • Задачата ќе биде поставена и во Google Classroom со оглед на тоа што за повеќето од вас тоа е поедноставен начин.
  • Сработете ја задачата целосно и според инструкциите.
  • Откако ќе завршите, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата Submit во Google Classroom.

Со оглед на тоа дека немаме редовен час, ако некој од вас има потреба, може да договориме индивидуална средба.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 30 МАЈ (сабота).

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА: Примена на правописни правила

Задачата работи ја според овој редослед

  • Погледни ја презентацијата и потсети си на правописните правила.
  • Препиши го текстот точно во тетратката по македонски јазик или на листот за пишување

Презентација

Правопис

Задача - текст

Задача - правопис.docx

Лист за пишување

Лист за пишување.pdf

План за учење дома 18 - 22 мај

Драги ученици, оваа недела ќе го завршиме писмениот опис на пролетта.

  • Задачата ќе биде поставена во Google Classroom со оглед на тоа што за повеќето од вас тоа е поедноставен начин.
  • Подетални интрукции и појаснувања ќе споделам на гугл-средбата, затоа е пожелно да присуствувате.
  • Сработете ја задачата целосно и според инструкциите.

Откако ќе завршите, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 24 МАЈ (недела).

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА: Писмен опис на пролетта

Задачата работи ја според овој редослед

  • Прочитај ги текстовите во кои се опишани есента и зимата.
  • Прочитај што напиша во мисловната мапа за пролет - според петте сетила: што гледаме, што слушаме, што мирисаме, што вкусувамe, чувствуваме преку кожата.
  • Прочитај ги своите белешки за опис на пролетта - имај ги покрај себе додека ја пишуваш задачата.
  • Напиши писмен опис (состав) за пролетта во тетратката за македонски јазик или во приложениот лист за пишување.
опис на есен и зима.docx
Лист за пишување.pdf

План за учење дома 11 - 15 мај

Драги ученици се приближуваме кон средината на месецот мај. Пролетта е секаде околу нас со сите свои убавини. Вашите задачи за оваа недела се поврзани токму со пролетта. Ќе бидат поставени како задачи во Google Classroom со оглед на тоа што за повеќето од вас тоа е поедноставен начин.

Сработете ги задачите целосно и според инструкциите.

Откако ќе завршите, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 16 МАЈ.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА: Опис на пролетта - читање и писмена подготовка

Задачата работи ја според овој редослед

  • Прочитај ги текстовите во кои се опишани есента и зимата.
  • Направи мисловна мапа за пролет - според петте сетила: што гледаме, што слушаме, што мирисаме, што вкусувамe, чувствуваме преку кожата
  • Одговори на прашањата во наставниот лист - Белешки за опис на пролетта.
опис на есен и зима.docx
Мисловна мапа зима.docx
Опис на пролетта - белешки.docx
Лист за пишување.pdf

План за учење дома 4 - 8 мај

Драги ученици оваа недела имате две задачи:

1. Да напишете опис на омилениот лик или омилената личност.

2. Да вежбате ракописно пишување.

Сработете ги задачите целосно и според инструкциите.

Откако ќе ги завршите и двете задачи, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 9 МАЈ.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА 1: Напиши опис на твојот омилен лик/твојата омилена личност

  • Подготви ги белешките за опис на ликот/личноста и имај ги пред себе;
  • Прочитај за следните чекори при писменото опишување на ликот/личностa;
  • Напиши го описот на ликот или личноста што ја избра во тетратката по македонски јазик. Ако ја немаш тетратката, отпечати промероци од листот за пишување што е споделен.

ЗАДАЧА 2: Пишуваме ракописно

  • Сработи ја задачата според интрукциите во наставниот лист.

Насоки за пишување опис на лик/личност

Опишува лик-личност 2.pdf

Наставен лист - ракописно пишување

Задача 2 - 4мај.pdf

План за учење дома 27 - 30 април

Драги ученици оваа недела имате две задачи:

1. Да напишете белешки за опис на омилениот лик или омилената личност.

2. Да вежбате ракописно пишување.

Сработете ги задачите целосно и според инструкциите.

Откако ќе ги завршите и двете задачи, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 2 МАЈ.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА 1: Напиши ги белешките за опис на твојот омилен лик/твојата омилена личност

  • Најпрвин прочитај и потсети се што е описно пишување и како да се подготвиш за опис на лик/личност
  • Одговори на прашањата од наставниот лист и подготви ги белешките за описот на омилен лик/омилена личност.


Описно пишување

ОПИСНО ПИШУВАЊЕ -ЛИК-ЛИЧНОСТ.pdf

Наставен лист - белешки за опис на омилен лик/омилена личност

Белешки за опис на лик-личност.pdf

ЗАДАЧА 2 Пишуваме ракописно

Сработи ја задачата според интрукциите во наставниот лист

Наставен лист - ракописно пишување

Задача 2 - 27 април.pdf

План за учење дома 21 - 24 април

Драги ученици оваа недела треба да ги сработите задачите целосно и според инструкциите.

Откако ќе ги завршите и двете задачи, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 26 АПРИЛ.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.


ЗАДАЧА 1 Опиши го твојот омилен предмет

  • Најпрвин погледни ја внимателно презентацијата за описно пишување и примерот за опис на предмет според текниката хамбургер.
  • Прочитај го примерот - опис на мојата омилена шолја.
  • Прочитај ги интрукциите во наставниот лист и направи писмен опис во тетратката за домашна работа.

Презентација - Googleslide

Опишување - предмет

Опис на предмет според техниката хамбургер

Опишување предмет - хамбургер.pdf

Пример - опис на мојот омилен предмет

Мојот омилен предмет.pdf

Наставен лист - Опишување

Задача 1 - 21 април.pdf

ЗАДАЧА 2 Пишуваме ракописно

  • Сработи ја задачата според интрукциите во наставниот лист

Наставен лист - ракописно пишување

Задача 2 - 21 април.pdf

План за учење дома 6 - 10 април

Драги ученици оваа недела треба да ги сработите задачите целосно и според инструкциите.

Откако ќе ги завршите и двете задачи, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 12 април.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА 1 Опиши го твоето омилено овошје


  1. Најпрвин погледни ја внимателно презентацијата за описно пишување.
  2. Прочитај го примерот - опис на јаготката.
  3. Прочитај ги интрукциите во наставниот лист и направи писмен опис во тетратката за домашна работа.

Аудиопрезентација Презентација - Googleslide

Опишување
Опишување - техника хамбургер

Пример - опис на мојата омилена шолја

Опис на јаготка.pdf

Наставен лист - Опишување

задача1 - опис.pdf

ЗАДАЧА 2 Пишуваме ракописно

Сработи ја задачата според интрукциите во наставниот лист

Наставен лист - ракописно пишување

Задача 2.pdf

План за учење дома 30 март - 3 април

Драги ученици оваа недела треба да ги сработите задачите целосно и според инструкциите дадени во приложените документи.

Откако ќе ги завршите и двете задачи, направете фотографии и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 5 април.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното и да го оценам соодветно.

ЗАДАЧА 1 ЗАДАЧА 2

Задача 1.pdf
Задача 2.pdf