4 одделение

Елеонора ПОПЕТРЕВСКА

ЗАВРШНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Завршна презентација

ПЛАН ЗА ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ --- 8 ЈУНИ

Драги ученици, на почеток сме на последната недела од нашата онлајн-настава. По многу недели учење и работа, време е за малку игра и забава.

Ви подготвив активност со која ќе се забавувате, а и ќе примените дел од вашето знаење.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е: нема краен рок :)

НАПОМЕНА: Немате обрска да испраќате фотографии од завршената активност.

Ваша единствена обврска е да се забавувате! :)

Aктивност 5 -На буква....pdf

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Редовно читај и запишувај во евидентниот лист!

ВАЖНО: Google Meet часот со мене е секој ВТОРНИК во 13.30 часот

ПРИСУСТВОТО НА СЕКОЈ УЧЕНИК СЕ ЕВИДЕНТИРА

Вашите презентации за драма. Пофалби за вашиот труд, знаење и креативност!

Леона

Леона

macedonian presentation.ppsx

Дина

Мила

Мила

Драма

Аника

Кристијан П.

презентација

Ада

Деница

Почитувани родители и драги мои ученици,

Секој понеделник на оваа страница ќе ги споделувам новите информации за онлајн-наставата и учењето дома за предметот Македонски јазик. Учениците истовремено ќе ги имаат информациите и во Google Classroom - Училницата Македонски јазик - 4 одделение.

За секое прашање обратете ми се во секое време на мојот мејл.

Драги ученици, дајте го најдоброто од себе.

Почитувани родители, Вашата поддршка и соработка се особено важни.

Ова е предизвик за сите нас, но заедно ќе успееме!

Ви посакувам добро здравје!

План за учење дома 1 - 5 јуни

Драги ученици, се приближуваме кон крајот на учебната година. Оваа недела ќе биде поставена последната задача од материјалот за учење предвиден со програмата, а следната недела е планирана за едукативни забавни содржини.

Задачите за оваа недела ќе бидат поставени во гугл-училницата (Google Classroom) по нашиот онлјан-час.

  • Потсетете се на тоа што го изучивме изминатиов период и погледнете ги презентацијата за карактеристиките на поезијата и материјалот за стилските фигури - епитет, компарација иметафора
Поезија за 4 одд.
  • Презентација
[Template] Задача - повторување - поезија и стилски фигури
  • Задача - повторување
  • Епитет
Стилска фигура - епитет.docx
  • Компарација и метафора
Стилски фигури - компарација и метафора.pdf

План за учење дома 22 - 29 мај

Драги ученици, оваа недела ќе ги изучуваме стилските фигури компарација и метафора.

До крајот на неделата ќе треба да сработите три задачи, кои ќе бидат поставени во гугл-училницата (Google Classroom).

Стилски фигури - компарација и метафора

Стилски фигури - компарација и метафора.pdf

Задача 1

ЗАДАЧА 1 - компарација

Задача 2

Задача 2 - метафора

План за учење дома 18 - 22 мај

Драги ученици, оваа недела ќе почнеме да ги изучуваме стилските фигури во литературата, поточно во поетскиот јазик.

До крајот на неделата ќе треба да сработите три задачи.

ЗАДАЧА 1: Прочитај и научи за стилската фигура епитет - украсен додаток

ЗАДАЧА 2: Анализирај го поетскиот текст и откриј ги епитетите

ЗАДАЧА 3: Дополни го поетскиот текст со соодветни епитети

  • Во оваа задача е вклучена и вежба за примена на македонска тастатура.

НАПОМЕНА: Задачите ќе бидат поставени во гугл-училницата (Google Classroom) по нашата гугл-средба.

План за учење дома 11 - 15 мај

Драги ученици, оваа недела ќе учиме за:

  • поезијата како форма на литературата
  • елементитe на поезијата.

До крајот на неделата ќе треба да сработите три задачи.

ЗАДАЧА 1: Внимателно проследи ја презентацијата за поезија

  • Презентацијата ќе ти помогне да научиш што е поезија и кои се катктеристиките на поетскиот текст.

ЗАДАЧА 2: Анализа на композиција на поетски текст (песна)

  • Задачата ќе биде поставена во гугл-училницата (Google Classroom) .

ЗАДАЧА 3: Песна по твој избор

  • Побарај во својата домашна библиотека книга или списание со песни, избери песна и препиши ја користејќи македонска тататура.

Презентација за поезија

Поезија за 4 одд.

План за учење дома 4 - 8 мај

  • Драги ученици, оваа недела ќе имате две задачи

Направете фотографија од ЗАДАЧА 1 и испратете ја на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање на задачата е 9 МАЈ.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното.

ЗАДАЧА 1: Што знаеш за поезија и поетски текст (песна, стихотворба)

  • Следната недела ќе почнеме да учиме повеќе за поезијата литературна форма и за поетскиот текст (песна). Направи мисловна мапа за поезија. Таа треба да содржи и илустрација што тебе те асоцира на поезијата и песната како литературна творба.

ЗАДАЧА 2: Употребувај македонска тататура

  • Во гугл-училницата (Google Classroom) во текот на неделата ќе бидат поставени две кратки задачи за употреба на кирилицата при пишувањето на компјутер.

План за учење дома 27- 30 април

  • Драги ученици, оваа недела треба да ја завршите целосно задачата поставена минатата недела - Драматизација на текст (да ги осмислите и напишете втората и третата слика на драмскиот текст).

Направете фотографија од вашата работа и испратете ја на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање на задачата е 30 АПРИЛ.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното.

  • Исто така оваа недела ќе започнеме да учиме како да употребуваме македонска тастатура.


ЗАДАЧА 1: БИДИ ДРАМАТУРГ - 2 дел

  • Заврши ја драматизацијата на расказот „Незаслужениот подарок“ според насоките во презентацијата - напиши ги втората и третата слика.
  • Запомни - за секоја слика најпрвин опиши ја сцената.

ЗАДАЧА 2: КОРИСТАМ КИРИЛИЦА ПРИ ПИШУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕР

  • Насоките за оваа задача ќе бидат поставени во гугл-училницата за македонски јазик (Google Classroom)
Драматизација
Незаслужениот подарок.pdf

План за учење дома 21 - 24 април

Драги ученици, оваа недела ќе научите што е драматизација и што е драматург. Треба да ја сработите задачата според дадените инструкции.

Направете фотографија од вашата работа и испратете ја на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање на првиот дел е 24 АПРИЛ а на целата задача - 30 АПРИЛ.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното.

ЗАДАЧА: БИДИ ДРАМАТУРГ

Чекор 1

Внимателно погледни ја Презентацијата за драматизација, во која ќе прочиташ и научиш што е драматизација, што е драматург и во која се објаснети инструкциите за твојата задача.

Чекор 2

Прочитај го внимателно реалистичниот расказ „Незаслужениот подарок“

Чекор 3

Направи драматизација на расказот „Незаслужениот подарок“ според насоките во презентацијата.

ВАЖНО:

    • ДО 26 АПРИЛ ТРЕБА ДА ЗАВРШИШ СО ПИШУВАЊЕ НА АФИШАТА, ПРОЛОГОТ И ПРВАТА СЛИКА ОД ДРАМСКИОТ ТЕКСТ И ДА ИСПРАТИШ ФОТОГРАФИЈА ОД СРАБОТЕНОТО.
    • ДО 30 АПРИЛ ТРЕБА ЦЕЛОСНО ДА ГО ЗАВРШИШ ЦЕЛИОТ ДРАМСКИ ТЕКСТ.


План за учење дома 6 - 10 април

Драги ученици, оваа недела е недела за презентација! Треба да ги сработите задачите целосно и според дадените инструкции.

Направете фотографии и видео од вашата работа и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 12 април.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното.

ЗАДАЧА: Презентација за драма

Чекор 1

Стигнавме до самиот крај - научи многу работи за драмата, сега е време да го споделиш твоето знаење.

Потсети се уште еднаш што досега сме учеле преку подолу наведените документи и подготви го потребниот материјал за твојата презентација.

Чекор 2

Со помош на веќе подготвениот план направи презентација со наслов „Сите велат леле каква драма - А знаете ли што е драма?“ со која ќе се претставиш пред „публиката“ дома (родители, брат, сестра, баба, дедо... дури и преку „Скајп“). Презентацијата работи ја внимателно и без брзање. Таа треба да биде одраз на твоето знаење и креативност. Потруди се да ја направиш да биде интересна и едукативна - можеби твоето семјство од тебе ќе научи нешто ново.

ВНИМАВАЈ на следните работи:

    • пишувај уредно и точно; ако работиш на компјутер, користи кирилица
    • претстави што повеќе информации за драмата
    • внеси живот во твојата презентација, употребувај бои, свои илустрации, готови фотографии.

Чекор 3

    • Одреди ден и време кога ќе презентираш
    • Покани го твоето семејство да присуствува (можеш да направиш сам покани и да им ги поделиш)
    • Најди соодветно место во твојот дом и подготви реквизити
    • Смисли интересен начин како ќе ги пречекаш своите „гости“ и како ќе ја почнеш презентацијата
    • Извежбај го тоа што планираш да го зборуваш во текот на презентацијата за да биде сè совршено :)

Чекор 4

    • Сите од твоето семејство се на своите места, време е да почнеш! (Можеш да пуштиш тивка музика во позадина)
    • Замоли некој да направи кусо видео на еден дел додека презентираш
    • Направи фотографии од самата презентација доколку е во форма на книга, постер, мисловна мапа



    • ФОТОГРАФИИТЕ И ВИДЕОТО ОД ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ИСПРАТИ ГИ ДО 12 АПРИЛ!

ДАЈ ГО НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ И НАПРАВИ ГИ ГОРДИ СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ!

  • Потсети се на тоа што го учевме за драмата
Драма 4 одделение
Видови драма.pdf
Интересни факти.pdf

Пример за подготовка на презентација



Подготовка за презентација.pdf

План за учење дома 30 март - 3 април

Драги ученици, оваа недела треба да ги сработите задачите целосно и според дадените инструкции.

Направете фотографии од вашата работа и испратете ги на мојот мејл или преку опцијата submit во Google Classroom.

КРАЈНИОТ РОК за испраќање е 5 април.

НАПОМЕНА: Фотографиите треба да бидат јасни и во соодветна големина, за да имам целосен увид во напишаното.


ЗАДАЧА: Подготовка на презентација за драма

Чекор 1

На крајот сме од изучувањето на драмата - зборувавме многу на часовите, прочита многу драмски текстови, откри што значи зборот драма, што се монолог и дијалог, како драмата е поврзана со грчките богови...

Во документите подолу прочитај уште неколку интересни нешта за драмата - што е трагикомедија, телевизиска драма, што значат двете маски, што е „Македонска крвава свадба“...

Чекор 2

Замисли дека си автор на презентацијата „Сите велат леле каква драма - А знаете ли што е драма?“ со која ќе се претставиш пред публиката дома (родители, брат, сестра, баба, дедо... дури и преку „Скајп“). Можеби и тие од тебе ќе научат нешто ново, а сите заедно ќе имате поинаков, повозбудлив ден.

До крајот на неделата (5 април):

    • избери ја формата на презентацијата - дали ќе биде: постер, мала книга што сам/а ќе ја дизајнираш (буклет), мисловна мапа на голем хамер, видеопрезентација или „читачка кутија“ за драма
    • во тетратката напиши детален план за информациите што ќе ги содржи презентацијата (на почетокот на планот напиши која форма си ја избрал): ако се одлучиш за книга, покрај планот кажи и какви илустрации ќе има; ако се одлучиш за постер или голема мисловна мапа, направи план и за распоредот на информациите и нивниот графички приказ; ако правиш кутија, размисли за нејзиниот изглед.
    • ФОТОГРАФИЈА ОД ПЛАНОТ ИСПРАТИ ДО 5 АПРИЛ!

ВРЕМЕ Е ТВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ ДА СТАПИ НА СЦЕНА!