Секој човек е посебен, но некои луѓе се ретки и по својата дијагноза. Денес ја искажуваме нашата поддршка за сите лица со ретки болести и нивните семејства. 💜
Проектот „Ретки се“ не е само иницијатива – тоа е порака за подигнување на свеста, за солидарност и заедничка борба за подобар квалитет на живот. Секој глас, секоја акција, секој збор на поддршка значат многу!
ЦЕЛИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПРОЕКТ „РЕТКИ СЕ“:
Подигнување на свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести.
ЗАДАЧИ НА ПРОЕКТОТ
Развивање на креативност, иновативност, емпатија и критично размислување
Одбележување на 28 Февруари ,,Меѓународниот ден на лицата со ретки болести"
Училиште: ООУ "Кочо Рацин"-Охрид
Град: Охрид
Земја: Република Македонија
Клас : IX-1
Класен раководител: Силвана Крстеска -наставник по математика
Активност: ,,Да викнеме гласно нека се чуе низ целиот свет!"
Опис на активноста: Пишување пораки за поддршка на лицата со ретки болести и креирање на промотивни видеа.
Ретките се силни, Ретките се храбри, Ретките се горди, За Ретките од ❤️🧡💛💚🩵💙💜🤎🩷🤍🩶
,,Ретките се силни, заедно сме непобедливи"
"Ретките болести барaат силни срца - да ги поддржиме, да ги разбереме, да бидеме нивни глас!"
,, Ретките се уникатни, нивната борба е наша заедничка мисија"