Почитувани посетители!
Јас сум професор по математика и физика во основното училиште Кочо Рацин во Охрид. Во наставниот процес сум вклучена од учебната 1999-2000 година, предавам математика и го водам клубот на математичари во рамките на училиштето. Активно учестувам на натпревари со ученици, но истовремено реализирам и најразлични воннаставни активности со учениците со што ги мотивирам учениците да истажуваа и критички да размислуваат. Во рамките на тие воннаставни активности учениците се вклучени во реализација на eTwinning проекти, ЕКО проект Climate Action Project, кодирање во рамките на Code Week како и во реализација на еколошки и мултиетнички работилници поврзани со реализацијата на наставната програма.
На оваа web страна ќе најдете информации за реализацијата на Е-Твининг проектите во кои јас како ментор и еТвининг амбасадор работам со клубот на математичари. Исто така до делот настава можете да најдете електронски содржини по предметите математика и физика, а автор на истите сум јас. Овие содржини можете да ги користите за повторување на стекнатите знаења или за доутврдување на знаењата.
Како еТвининг амбасадор од учебната 2022-2023 година секој месец реализирам инфо и тематски настани онлајн или онсајт на различни теми.
наставник по математика и физика
На линковите подолу имате пристап до два мои блога. На нив можете да најдете материјали по предметите математика и физика и линкови до некои веб страни чии активности сметам дека можат да ви го збогатат квалитетот на наставниот процес. Се надевам дека ќе ви бидат од корист.