Училиште: ООУ„Кочо Рацин” - Охрид

Одделение: IX-1

Предмет: Одделенски час

Наставник: Силвана Крстеска

Работилница: ,,Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност” 

На ден 11.4.2025 со учениците од IX-1 одделение при ООУ „Кочо Рацин“ реализиравме интерактивна работилница на тема гејмификација на едукацијата за сајбер безбедност. Учениците преку играта 🎮 „Дигиталната потрага на Сара“ се запознаа со:
🔹 Типовите на сајбер вознемирување
🔹 Како се шират гласини и откривање на изворот преку дигитални отпечатоци
🔹 Како да создадат сигурна лозинка
🔹 Каде и како да пријават сајбер насилство

📢 По играта, отворивме дискусија за опасностите на ТИК ТОК предизвиците, разменувајќи мислења и искуства за нивните потенцијални ризици. Работилницата ја завршивме со играта „ТИК ТОК заговор“, каде учениците преку сценарија и активности учеа како критички да размислуваат за содржините на социјалните мрежи.

💡 Заклучок: Гејмификацијата е одличен начин да ги мотивираме учениците и да ги едуцираме за безбедно дигитално однесување. 🚀