100-от ден на училиште е меѓународен E-Twinning проект што се слави во февруари како 100-ти ден од почнувањето на учениците на училиште. Тој ден учениците одбележуваат низа интересни и стимулативни активности кои преку игра и истражувачки активности на бројот 100, имаат за цел да ја поттикнат љубовта кон училиштето, школувањето и интересниот ден на проектот што го поминуваат.
Проектот е еднодневен и се спроведува на точно 100-тиот наставен ден во училиштето. Оваа учебна година проектниот ден ќе се реализира на 22 февруари 2022.
Силвана Крстеска
наставник по математика
Претворање на идеите од учениците во акција, развивање способност за планирање и управување со проекти за да се постигнат целите, како и иновативно размислување.
Планирање постигнување на зададени цели, како и иновативно размислување и преземање ризици.
Користење компјутери презентирање и размена на информации како и безбедно користење на информатичко- комуникациската технологији.
Користење на учење, знаење и вештини во различни контексти, како што се работа во парови, групна работа, учење преку игра.
Интеграција со наставните содржини: Предмет МАТЕМАТИКА: Множење и делење цел и децимален број со декадна единица, Одредување на делители, Работа со податоци, креирање табела и цртање на столбест дијаграм, Собирање и одземање со природни броеви, Запознавање со различни валути и решавање текстуални задачи со валути. Предмет ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ: Безбедно користење на интернет, заштита на личните податоци.
Соработката со партнерите од другите училишта се вршеше преку Facebook страната на проектот и web страната на проектот на кои можете да пристапите преку следните линкови.
Во рамките на проектот ги изведовме следните активности ( колекцијата од активности можете да ја погледнете и тука ):
Креиравме свои аватари со ознака 100 во Bitmoji
Решававме 100 задачи во Bookwidgets
Се запознавме со историјата на банкнотата со вредност 100 од осамостојувањето на Р.Македонија до денес и решававме задачи: Што можеш да купиш за 100 денари?
Во PhotoFunia направивме банкноти со својот лик.
Работа со податоци
Во WordArt направивме слика во која внесовме 100 математички поими
Преку тимска работа направивме пајаци со кои одредувавме парови делители на бројот 100!
Игравме игра икс-точка
Направивме рамка за сликање и се сликавме
Во продолжение погледнете ја нашата Wakelet колекција со активности .
Безбедноста на интернет и заштита на личните податоци, особено кога се работи за ученици е една од најважните лекции кои учениците треба да ја совладаат. Затоа на почетокот од проектот учениците беа запознаени со опасностите на интернет, беа искажани правилата за етичкото однесување на интернет, а за заштита на нивниот личен идентитет учениците изработија свои аватари 100 во алатката Bitmoji со помош на кои се претставија во проектот.
Леонтина
Виктор
Теона
Миа
Јована
Алберт
Изабела
Марија
Андреј
Сара
Иван
Бојан
Во алатката Bookwidgets решававме задачи со множење и делење природни и децимални броеви со бројот 100. Активноста се реализира на редовен час по математика, наставна содржина Вежби за множење и делење цели и децимални броеви со декадна единица 100.
Најпрво проследивме презентација на тема Низ историјата на банкнотите од 100 денари во која се запознавме како банкнотата со вредност 100 се менувала од осамостојувањето на Р.Македонија до денес, а потоа решававме задачи: Што можеш да купиш за 100 денари? Работа во групи, а потоа секоја група изврши презентација што тие купиле за 100 денари.
Во оваа активност од забавен карактер која се надоврза со активноста 3, учениците изработија банкнота од 100 долари со нивни лик. Ево како изгледаат нашите долари.
Оваа активност ја реализиравме на часот по математика, при што повторивме за работа со податоци - броење и сортирање на податоци, креирање табела со фрекфенција и цртање на столбест дијаграм. Бројот на податоци во оваа активност беше 100.
Во алатката Wordart ги запишавме сите математички поими кои ги изучувавме оваа и претходните години на часот по математика. Од 100 математички поими креиравме слики кои можете да ги погледнете тука.
На часот по математика преку тимска работа и со метод на пајак одредувавме парови делители на бројот 100! Така настанаа пет прекрасни пајаци кои ја украсуваат нашата училница. Материјалите кои ги употребувавме се за реупотреба и за рециклирање.
Како осма активност имавме логичка игра икс-точка со која го развивавме логичкото размислување и натпреварувачкиот дух. Победникот од секој дуел се натпреваруваше со другите победници и на крајот го добивме и победникот.
На одделенски час изработивме рамка за сликање која ја креиравме и украсивме со материјали за рециклирање и реупотреба, како еко активност во рамките на проектот. Потоа со рамката се сликавме за спомен на овој прекрасен проект .
На следниов линк можете да ја погледнете еваулацијата на проектот која ја спроведов после завршувањето на проектните активности. Ова се резултатите од евалуацијата.
На крајот од проектниот ден на секој учесник во проектот им беа доделени Дипломи за успешно реализирани активности во рамките на проектот 100 Ден во училиште.
Дисеминацијата на проектот ја направивме во училиштето, но и во медиумите со што ја запознавме и пошироката јавност со активностите кои ги реализиравме.
Учениците извршија дисеминација на своите активности пред директорката на училиштето, педагогот во училиштето и наставниците членови на активот од природната група на предмети, како и пред ученици од другите одделенија.
Дисеминација во локалните медиуми