Запознавањето на различни култури и откривањето сличности и разлики помеѓу културите преку меѓусебно дружење, соработка и размена на идеи е основната замисла на проектот Traces From Past to Preset. Промовирање пред новите генерации ученици на познатите и значајните личности од секоја земја партнер во проектот, кои оставиле своја трага во историјата на својот народ во национална и универзална смисла преку научни, културолошки и уметнички студии ги засилува и јакне патриотските чувства кај младата популација истовремено влијаејќи врз јакнење на мултикултурата.
Во проектот учествуваа 5 земји партнери: Турција, Северна Македонија, Романија, Украина и Полска што го прави проектот меѓународен и мултикултурен. Вклучени беа 16 наставници, а учениците беа на возраст од 11 до 14 години
ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Учениците да ги запознаат значајните личности, кои оставиле трага и влијаеле на историјата, преку поврзување на минатото со сегашноста.
Да се добијат информации за минатото преку тоа што учениците ќе ги истражат и промовираат нашите национални и морални вредности.
Пооттикнување на учениците да ја користат технологијата на правилен начин преку користење на online и web 2.0 алатки.
Заеднички да се подобрат истражувањето, промовирањето, анкетирањето и вештините за презентирање.
Да се обучат генерации кои ќе се радуваат на иднината и ќе се гордеат со своето минато, притоа засилувајќи ги нивните патриотски чувства
Овозможување на учениците да можат да препознаваат различни култури и да откриваат сличности и разлики помеѓу културите, да го разбираат и практикуваат концептот на интеркултурна комуникација.
Во проектот најпрво ја претставивме нашата земја и нашиот град, а потоа извршивме презентација на нашето училиште и на менторот и учениците кои се вклучени во проектот. Во проектот под раководство на наставничката Силвана Крстеска се вклучени 9 ученици. Осум од учениците се од осмо одделение, а еден ученик е од седмо одделение.
Претставување и промоција на нашата земја
Претставување и промоција на нашиот град Охрид
Претставување и промоција на нашето училиште
Здраво! Родена сум во Охрид, каде што завршив основно и средно образование. Завршив Природно-математички факултет во Скопје и веќе 21 година сум наставник по математика и физика. Сакам да истражувам и со моите ученици имам учествувано на многу натпревари и настани низ мојата земја. Ова е мое прво учество во еТвининг и е предизвик за мене и за моите ученици. Се надевам на одлична соработка!
Учениците за својата презентација искористија две web 2.0 алатки. Најпрво креираа аватари во Bitmoji, а потоа ја искористија мобилната апликација Chaterpix и во неа снимија кратки пораки во кои себе си се претставија.
Креирање на постер и лого за проектот беше следна активност. Потоа сите членови од сите земји членки во проектот гласаа за најдобро лого и најдобар постер. Погледнете ги резултатите.
Нашиот предлог за лого поставено на Twinspace изработка на Димитар Сиљановски
Нашиот предлог за постер изработка на Емилија Силјановска
Резултатите за избор на лого можете да ги погледнете на следниот линк од Twinspace. А ова е победничкото лого.
Резултатите за избор на постер можете да ги погледнете за следниот линк на Twinspace. А ова е победничкиот постер.
Победничко лого
Победнички постер
Секои 15 дена учениците добиваа задачи за различни значајни личности од историјата на различна земја-партнер во проектот. Учениците секогаш беа поделени во групи од мешовит состав. Во групите имаше ученици од секоја земја учесник во проектот.
Првата значајна личност на која учениците работеа беше Мустафа Кемал Ататурк. Учениците беа поделени во 4 групи. Првата група работеше во web алатката ChaterPix, втората група во web алатката Answergarden, третата група во web алатката Canva newspaper и четвртата група работеше во web алатката Colorillo. Погледнете ги изработките од учениците.
Со соработничко учење на сите ученици во групата1 од сите земји членки во проектот произлезе следното видео! Уживајте!
Со соработничко учење на сите ученици во групата3 од сите земји членки во проектот произлезе следниот весник за животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк! Уживајте!
Втората значајна личност на која учениците работеа беше Мухамед Џелаледини - Руми попознат како Мевлана. Учениците беа поделени во 4 групи. Првата група работеше во web алатката Jigsaw Planet Puzzle, втората група во web алатката Story Jumper, третата група во web алатката Word Art и четвртата група работеше во web алатката Toony Tool. Погледнете ги изработките од учениците.
Заедничко видео од играта со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 1.
Со соработничко учење на сите ученици во групата 2 од сите земји членки во проектот произлезе следната е-книга за животот и делото на Мухамед Џелаледини - Руми попознат како Мевлана! Уживајте!
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 3.
Заедничко видео од ативноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 4.
Третата значајна личност на која учениците работеа беше мајка Тереза како претставник на значајна личност од нашата земја. Учениците беа поделени во 4 групи. Првата група играше игра изработена во web алатката WordWall. Играта беше изработена со заеднички прашања предложени од секој ментор од секоја земја членка во проектот, втората група во web алатката Mentimetar имаа натпревар, третата група работеше во web алатката Popplet каде изработуваа мисловни мапи и четвртата група работеше во web алатката Lino it. Погледнете ги изработките од учениците.
Резултатите од играта погледнете ги на следниов линк!
Резултатите од натпреварот погледнете ги на нашиот Twinspace на следниот линк!
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 3.
Заедничката Lino it табла со сите изработки од сите членови во проектот од сите земји членки погледнете ја на следниот линк!
Четвртата значајна личност на која учениците работеа беше кралицата Мари од Романија. Учениците беа поделени во 4 групи. Првата група работеше во web алатката Quizziz, втората група во web алатката MJOC2 , третата група во web алатката Wordwall и четвртата група работеше во web алатката Breaking news. Погледнете ги изработките од учениците.
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 1.
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 3.
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 4.
Петтата значајна личност на која учениците работеа беше Marie Curie како претставник од Полска. Учениците беа поделени во 4 групи. Првата група работеше во web алатката Socrative, втората група во web алатката Pinup, третата група во web алатката LearningApps и четвртата група работеше во web алатката Photofunia. Погледнете ги изработките од учениците.
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 1.
Како изгледа Pinup таблата со сите изработки од сите ученици учесници во оваа активност погледнете на следниов линк.
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 3.
Шестата значајна личност на која учениците работеа беше Тарас Шевченко како претставник од Украина. Учениците беа поделени во 4 групи. Првата група работеше во web алатката Gimkit, втората група во web алатката Slido, третата група во web алатката Piktochar и четвртата група работеше во web алатката CramGame. Погледнете ги изработките од учениците.
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 1.
Заедничко видео од активноста со сите ученици од сите земји членки во проектот во група 2.
На 9 февруари се одбележа E-safety Day. На тој ден учениите имаа предавање за безбено користење на интернет. Во алатката Phinsh Collage Maker секој ментор учествуваше па со соработничка активност произлезе следниот плакат.
За време на реализацијата на проектот редовно се одржуваа состаноци на наставниците ментори. За време на состаноците се разменуваа идеи, се распределуваa задачите и заедно се носеа одлуки во однос на користењето на web 2.0 алатките за реализација на задачите според годишниот план за работа на проектот. Завршниот состанок помеѓу менторите се реализира на 22.02.2021
Учениците покрај тоа што заеднички соработуваа при извршувањето на активностите имаа и заеднички состаноци на кои се дружеа, запознаваа, имаа можност да комуницираат на различни странски јазици, научија нови зборови. Состанок кој го имаа E-Twining порталот.
На завршниот вебинар кој го имаа учениците имаа како завршна игра квиз во Kahoot со прашања од сите значајни личности кои ги работеа во текот на проектот и на тој квиз ученикот Ангел Крстески го освои второто место.
Како краен продукт и круна на нашиот проект е E-Book кој можете да го погледнете на следниот линк од Twinspace. Кликни тука!
На крајот учениците и менторите се здобија со сертификати!