Песната е креирана со заеднички промтови од сите ученици учесници во проектот со помош на алатката за вештачка интелигенција SUNO.
Во рамките на оваа активност учениците ги претставуваат своите земји, својот град, својата култура, воедно запознавајќи се со културното наследство на останатите земји партнери во проектот.
Учениците имаа можност да работат самостојно или во парови и да изработат постер, презентација или видео во која ќе го претстават културното наследство на својата земја, ќе запишат кое е најпознатото јадење од народната кујна на својата земја и дали ова јадење крие некоја приказна ( доколку ја има ), кој е најпознат мислител или поет од својата земја и што мислат за неговата/нејзината работа, кои се познати традиции од својата земја. Исто така учениците треба да запишат и која им е најинтересната информација која ја научиле за културата од другите земји партнери.
Миа и Изабела
Теона
Марија и Јована
Постерот кој ја краси нашата училница
Постер изработен во алатката Canva кој е поставен на Twinnspace
Првиот состанок помеѓу учениците се реализира во месец септември во рамките на кој учениците имаа можност да се запознаат и да учествуваат во активности поврзани со одбележување на Европскиот Ден на Јазиците.
На ден 12.12.2024 се реализира состанок помеѓу проектните парнери во рамките на кој се презентираа реализираните активности и се направи договор за активностите кои следуваат.
На ден 24 февруари се реализира состанок помеѓу проектните парнери во рамките на кој учениците имаа можност да проследат предавање од експерт за храна - нутриционист од Турција. На овој состанок, турскиот диететичар Ѓокчен Ефе Ајдин разговараше за важноста на здравите навики во исхраната и преференциите за животниот стил во превенцијата од разни болести, фокусирајќи се на здравјето на бубрезите и препораките за исхрана. Во дебатата која се разви за време на презентацијата се разговараше за улогата на вештачката интелигенција во внесот на протеини, потрошувачката на сол и болестите на бубрезите и прашања како што се истражувањето за трансплантација на органи и здравствените навики за време на денови те кога се пости.