Во оваа учебна година со учениците од VI-1 одделение на кои сум и одделенски раководител реализирав неколку ЕКО работилници.
Математичка шума
Новогодишни ѕвезди
Новогодишна елка и лампиони
Работилницата Математичка шума ја реализирав на час по математика, наставна содржина вежби за разложување броеви на прости множители. Учениците беа поделени во 5 групи по случаен избор со влечење на ливчиња. Секоја група извлече и лист со број кој требаше да го разложува на прости множители. Со дрво на делители учениците ги разложија броевите на прости множители. Материјал кој се користеше за изработка на дрвата: хартиен цилиндар остаток од фолија за пакување, дрвени шпатули во различна големина, лист хартија, лепак, ножички и фломастер.
Еко работилницата Новогодишни ѕвезди креативна настава ја реализирав на часовите по математика, кај наставната содржина осна симетрија осносиметрични фигури. Учениците работеа во парови. Материјал кој го користеа беше хартија, ножички, лепак. Погледнете ја и презентацијата во Sway во која детално е опишана постапката на изработка на новогодишните ѕвезди.
Работилницата започна со истражување на интернет кои новогодишни украси се осносиметрични фигури, притоа поврзувајќи ја посочената фигура со дополнителен ЕКО предизвик реупотреба на отпад од хартија ( т.е да може да се изработи со помош на хартија ) секој пар понуди по три различни решенија. Учениците ги презентира своите истражувања од домашната задача пред другите ученици. Се одбира една идеја која се прототипира. Учениците работејќи во парови изработува новогодишни ѕвезди од хартија користејќи правоаголник и квадрат и превиткувајќи ги по нивните оски на симетрија. Предновогодишно украсување на училницата со изработените новогодишни ѕвезди.