Оваа година CodeWeek започнува од 8 октомври и ќе трае се до 23 октомври. Во овој временски период наставниците во период кој ним им одговара можат да реализираат своја активност со кодирање или да преземат некоја од веќе понудените активности на веб сајтот од CodeWeek.
CodeWeek или Недела на кодирање е проект во светски рамки во кој учествуваат повеќе од 3,4 милиони ученици од повеќе од 80 земји ширум светот. Учениците од најмала возраст се охрабруваат да го применуваат кодирањето при решавање на логички проблеми и проблеми од секојдневниот живот. Бидејќи нашето училиште е вклучено во проектот „Училишта на 21 век'' активностите кои јас ги пријавив во рамките на Неделата на кодирање се поврзани со предметот математика, тема Мерење и решавање на проблеми, а во интеграција со кодирање во Micro:bit.
Одбележувањето на Code Week 2022 во нашето училиште започна со презентација на светот на видео игрите и нивното креирање.
Гостин на настанот беше Виктор Попов, еден од двајцата креатори и победници на најдобрата игра во Европа на Game Jam Plus натпреварот, чие финале се одржа во Рио Де Жанеиро.
Учениците од седмо, осмо и деветто одделение имаа чест и можност да слушнат како кодирањето можат да го применат во креирање игри од светски рамки. Исто така, ја играа победничката игра Paint the Thing, инсталирајќи ја на своите уреди.
Годинешниот натпревар на Game Jam Plus овој викенд (15-16 октомври) се одржува во Охрид - Касарна Hub, во трање од 48 часа, каде сите заинтересирани ќе можат одблиску да погледнат како учесниците преку кодирање создаваат различни видеоигри.
Неделата на кодирање трае од 8 до 23 октомври.
Учениците во текот на наредната недела ќе имаат можност да кодираат и да решаваат логички проблеми, како и проблеми од секојдневниот живот, коростејќи micro:bit. На тој начин ќе остварат интеграција на неделата на кодирање со проектните активности во рамките на проектот “Училишта на 21 век”.
Math coding е активност која ја спроведов со учениците од VII одделение во рамките на која учениците извршија истражување на тема Температурата во различни простории во училиштето.
Во истражувањето учениците најпрво на своите уреди кодираа во micro:bit Мерење на температурата. Кодирањето можете да го погледнете на следниве линкови.
Потоа креираната програма ја пренесоа на пет micro:bit уреди кои ги поставија во различни простории во училиштето каде микробитот го искористија за да ја измерат температурата во просторијата во исто време во секоја просторија. Добиените резултати ги сместија во табела и за истите креираа дијаграми.