Математиката е важна за секојдневниот живот и е неопходна за разбирање на светот околу нас.
Во нашиот проект се занимаваме со различни и пријатни активности со интердисциплинарен пристап. Ги подготвуваме учениците за решавање проблеми и информирано донесување одлуки.
Цели на проектот:
Низ овој проект учениците ќе ги развиваат комуникациските и презентерските способности, критичкото размислување како и важноста на математиката во секојдневниот живот.
Цел на проектот е со колаборативно учење да се развие позитивен став кон математиката и да се поврзе математиката со секојдневните животни проблеми.
Развивање поинаков поглед на математичката содржина.
Преку соработка да се покаже дека математиката е забавна и може да се научи преку игра.
Со проектните партнери математички ќе се обележат важни математички денови или важни денови за нас.
Обезбедување на ефикасно користење на Web 2.0 Tools.
Очекувани резултати
Очекуваните резултати од заедничката работа на проектот ќе бидат видливи во форма на математички блог уреден од ученици и онлајн водич за наставници на тема вклучување примери од секојдневниот живот на часовите по математика и корелации со други предмети.
За да можат учениците да учествуваат во проектот нивните родители потпишаа писмена согласност пополнувајќи го следниот формулар. Во овој проект се вклучени 12 ученици на возраст од 13 -14 години.
Проектот е поделен на 7 целини.
Првата целина во месеците септември и октомври ги опфаќа претставување на менторите, претставување на учениците, претставување на училиштето и воведна анкета на ученици и наставници.
Во месец ноември се премина на активност креирање Лого и креирање Постер како и првиот состанок на менторите кој се одржа на платформата ЕСЕП.
Во проектот учествуваат 39 наставници од 7 различни земји: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Турција, Франција и Република Молдова. Работниот јазик на проектот на ЕСЕП платформата е англиски јазик. Секој наставник ментор се претстави на Padlet и лично на првата менторска средба. Соработката помеѓу проектните партнери се врши на FaceBook групата на проектот која е креирана од авторите на проектот за таа намена и WhatsApp групата за брза комуникација и размена на пораки.
Претставување се изврши и на секое училиште кое е вклучено во проектот. Линк до Google map каде се означени и претставени сите училишта. Училишта во проектот
Учениците се претставија пред другите ученици учесници во проектот во алатката Padlet користејќи свои аватари. Користењето на аватари се врши поради заштита на идентитетот на учениците.
Во проектот се вклучени ученици од 8 одд и 9 одд под менторство на наставничката по математика Силвана Крстеска.
Претставување на училиштата во Google map
Втора активност во проектот беше воведна анкета на учениците и наставниците
Во изработката на предлог за Лого учествуваа учениците од 8 одделение. Учениците креираа два различни предлози користејќи ја алатката Canva и со двата предлози се претставивме на Padlet плочата каде се поставуваа сите предлози за Лого. Учениците имаа можност да гласаат давајќи 1, 2, 3, 4, 5 поени за пет различни предлози кои им се допаднале освен за Логото од своето училиште. После извршеното гласање за Лого на проектот беше избрано следното лого.
Креирале: Изабела и Јована
Креирале: Теона, Миа, Марија, Сара и Леонтина
Избрано лого како победник и прогласено за официјално Лого на проектот
Math in motion
Во изработката на предлог за Постер на проектот учествуваа учениците од 8 одделение. Учениците креираа три различни предлози користејќи ја алатката Canva и со нив предлози се претставивме на Padlet плочата каде се поставуваа сите предлози за Постер. Учениците имаа можност да гласаат давајќи 1, 2, 3, 4, 5 поени за пет различни предлози кои им се допаднале освен за постерите од своето училиште. После извршеното гласање за Постер на проектот беше избран следнот постер.
Креирале: Теона и Марија
Креирале: Изабела и Јована
Избраниот постер како победник и прогласен за официјален постер на проектот Math in motion
Креирале: Сара, Леонтина и Миа
Во оваа проектна активност учениците истражуваа како математиката е применета во уметноста преку создавање геометриски форми и симетрија во уметнички дела. Оваа активност им помогна на учениците да ја видат врската меѓу математиката и визуелната естетика. Соработничката активност Математика и уметност ја реализиравме како тим три училишта партнери од три различни земји Македонија, Хрватска и Турција. Учениците најпрво имаа состанок на ЕСЕП платформата каде преку чет се претстави ја и запознаа со своите другарчиња од другите држави. Исто така учениците даваа свои предлози како да се реализира оваа активност, а најкреативните и се прифатија. Учениците истовремено можеа да комуницираат и преку директен ЗООМ состанок. Како изгледаше нивната средба можете да погледнете на следниов линк.
Целиот тим се договори кои месеци да ги пополни во календарот за 2024 година кој е само еден од заедничките продукти од проектот Math in motion. Нашето училиште ги пополнуваше месеците јануари, февруари, март и април. Кои изработки ги креираа учениците и како изгледаше текот на нивната работа можете да погледнете на сликите подолу.
На состанокот учениците се договорија да креираат постери со примена на геометриските фигури (2 Д форми) во уметноста. во продолжение можете да ги погледните нивните креативни изработки. Учениците од 8 одделение во рамките на темата 3 Геометрија и решавање проблеми и наставната содржина Конструкции со круг и делови од круг креативно се изразија и најдобрите креации ги поставивме на постерите за месеците февруари и март. Учениците од 9 одделение во рамките на темата 3 Геометрија и решавање на проблеми и наставната содржина Тесалација креативно се изразија и најдобрата до нивните изработки ја поставивме на постерот за месец април. Во рамките на истата тема и наставната содржина Примена на Питагорова теорема учениците графички ја определуваа корен на даден број цртајќи математички полжав со кој ја украсија нашата новогодишна елка која го краси постерот во календарот за месец јануари.
изработил: Изабела и Јована 8одд
изработил: Теона 8 одд
изработил: Јована В. 8одд
изработил: Изабела 8одд
изработил: Јована 8одд
изработил: Теона 8 одд
изработил: Леонтина 8 одд
изработил: Сара 8 одд
изработил: Андреј 8 одд
изработил: Калина 8 одд
изработил: Иван
8 одд
изработил: Изабела 8одд
изработил: Јована 8одд
изработил: Александар 9 одд
изработил: Петар 9 одд
Постер за месец јануари
Постер за месец февруари
Постер за месец март
Постер за месец април
Календар - заедничка активност од сите проектни партнери
Оваа тема ги вклучи учениците во анализа на спортските резултати и статистики, како и разбирање на математичките концепти кои стојат зад спортските реквизити ( топката ), спортските стратегии и перформанси.
Учениците прво разговараа за нивниот омилен спорт со топка.
Потоа се поделија во парови според тоа кој спорт им е омилен и секој пар ја презентира топката од омилениот спорт.
Тие продолжија со тимска активност во која го измерија периметарот на големиот круг на топката и потоа го пресметаа радиусот на топката. Направија по три мерења кои ги внесуваа во табела, а потоа одредија средна вредност на радиусот на топката.
Со примена на формулата за волумен на топката го пресметуваа волуменот на топката. Откако завршија со своите пресметки извршија презентација на својата работа пред другите тимови.
Откако ја завршивме активноста за одредување на волумен на пинг-понг топчето, следуваше интересен натпревар помеѓу учениците од овој спорт. Исто така, разговаравме за брзината на движење на топчето. За што ќе ви кажеме во друга прилика.
Немаме тениско игралиште на училиште, но тенисот е сè уште еден од нашите омилени спортови. Немавме шанса дави ги покажеме нашите вештини во овој спорт. Се договоривме да посетиме еден од тениските клубовиво нашиот град каде што ќе вежбаме и ќе покажеме што знаеме.
Нашите одбојкарки се одлични. Извојуваат победи со својот клуб каде и да настапуваат. Браво девојки, продолжете само така. Ви благодариме за одличната презентација на вашите одбојкарски вештини.
Не е тајна дека фудбалот е омилен спорт на сите во школото. Денот на училиште ни започнува и завршува со фудбалски натпревар. Ни да врне ни да вее ништо не не спречува во играта. Успешна е и нашата училишна фудбалска екипа. Напред момци!
Денот го заокруживме играјќи кошарка. Одличен проектен ден во кој и учевме и се забавувавме!
Да се пофалиме!
Во нашиот тим имаме меѓународен шампион во теквондо.
Нашата Јована!
Таа ни ги презентира своите медали и ни покажа неколку борбени пози. Овој пар го измери периметарот на најновиот златен медал што го освои Јована и ги одреди радиусот и плоштината на кружниот медал.
Под мотото „Наша обврска е да ги разбереме ризиците и да овозможиме безбеден пристап до содржините на интернет" на 6.2.2024 ја реализирав работилницата под наслов „Колку е тенка границата помеѓу забавата и опасноста?" со учениците учесници во проектот Math in motion. Основна цел на оваа работилница беше да се поттикне и да се развие одговорност кај учениците за нивното учество во онлајн предизвиците.
Учениците најпрво проследија презентација преку која ги повторија правилата за побезбеден интернет, потоа се разви дискусија на тема: Искуство од онлајн предизвици на која учениците зборуваа за нивните лични искуства на оваа тема, кои се штетните последици од предизвиците и како да се заштитиме. На крајот учениците играа две игри едната беше игра во групи под наслов: Успешно премини ги сите полиња и на безбедноста на Интернет кажи ДА. Во играта учениците фрлаа коцка и со својата фигура поминуваа по исцртаните полиња на кои имаа предизвици во форма на прашања поврзани со правила за заштита од онлајн предизвици. Доколку ученикот точно одговореше на прашањето оди поле напред, доколку погрешно го одговори се враќа поле наназад. Втората игра беше квиз во Word Wall кој можете да го играте и вие на линкот подолу.
Оваа активност вклучуваше математички предизвици и авантури, каде што учениците користеа математика за решавање на проблеми во различни сценарија и ситуации.
Соработничката активност Математичка авантура ја реализиравме во тимови од по две училишта партнери од различни земји. Ние соработувавме со ОУ„Динко Шуманович"од Хрвице во Р.Хрватска. Учениците имаа состанок на ЗООМ каде секој тим најпрво го претстави своето училиште, потоа се претставија и запознаа со своите другарчиња од Хрватска. Средбата продолжи со активноста Escape Room изработена во Genially која соработнички ја креаиравме јас и наставничката Јелена Црњац од партнерското училиште. Учениците ги решаваа задачите и ги откриваа кодовите кои ги однесоа до ковчегот на мудроста. Како изгледаше нивната средба можете да погледнете на сликите и на Падлетот подолу.
Под мотото: Playing with Math го одбележавме Светскиот Ден на Математиката. Решававме математички загатки, игравме и се натпреварувавме местејќи ја кулата на Ханои, истражувавме и практично го пресметавме бројот π (пи).
Во оваа активност, учениците учеа за финансиската писменост, како да управуваат со пари, правење буџети и разбирање на каматни стапки и инвестиции. Учениците водеа Дневник на штедење во текот на една седмица , а потоа правеа анализа на потрошените пари и стратегија како да заштедат со намалување на трошоците.
Резултати од спроведената анкета за штедење и обработените податоци
Учениците создаваа и анализираа различни математички игри, како и решавање на загатки и логички проблеми, што ги охрабри да ја развиваат својата критичка мисла и креативност.
Играта "Не лути се човече" во различни шаблони ја искористивме за решавање задачи со операции со дропки, операции со цели броеви и одредување делители на број.
Игра ,,Тримино", со оваа игра се направи повторување за претворање на дропки во децимални броеви и проценти и обратно.
Игра ,,Домино" - во оваа игра учениците преку игра повторуваа за дел од цело и поврзуваа еквивалентни дропки .
Игра ,,Ајфелова кула", игра во која се применуваат операции со шестцифрени природни броеви како и споредување на броеви.
Секој наставник партнер во проектот внесува добра наставна практика која ја реализирал со своите ученици во рамките на овој заеднички документ. Ова е еден од завршните продукти од проектот. Книга со добри наставни практики креирана со примери од сите проектни партнери.
Во текот на реализацијата на проектот, учениците имаа редовни онлајн средби и колаборации со нивните врсници од Хрватска и Турција. Овие интернационални средби им овозможија на учениците да разменуваат искуства, да учат за културите на другите држави и да работат заедно на заеднички задачи и проекти.
Проектот „Math in Motion“ не само што им помогна на учениците да ја подобрат својата математичка писменост, туку и ги поттикна да ја гледаат математиката како интегрален дел од секојдневниот живот. Учениците научија како да работат во тим, да комуницираат ефикасно и да користат технологијата на безбеден и ефикасен начин.
За време на реализацијата на проектот остваривме 3 состаноци помеѓу проектните партнери. Првите два беа состаноци само помеѓу наставниците кои учествуаат во проектот, а на последниот состанок заеднички учествуваа и учениците и наставниците.
Прв состанок 13.11.2023
На првиот состанок се изврши претставување на секој наставник пред останатите проектни партнери и се изработи проектниот план со задолженија на наставниците.
Втор состанок 31.1.2024
На вториот состанок се направи детален договор на активностите кои следуваат во текот на второто полугодие, со посебен акцент на соработничката активност Math&Adventure која се реализира како тимска активност помеѓу две различни училишта.
На состанокот покрај наставниците учествуваа и учениците кои учествуваа во проектот. Состанокот започна со соработничка активност во кој учениците одговараа на прашања во Mentimetar со што се направи и кратка евалуација на активностите во проектот. потоа секое училиште изврши презентација на своите активности. Од членовите во овој проект дисеминација на нашите проектни активности пред останатите проектни партнери презентација направи ученикот Бојан Попов.
Во рамките на активноста која учениците ја имаа во Mentimetar тие најпрво добија задача да запишат
Како ќе ги опишат активностите во овој проект?, а потоа
Да ги подредат активностите според тоа која активност најповеќе има се допаднала.
Резултатите од оваа заедничка активност можете да ги погледнете на сликите.
Со ова видео ученикот Бојан Попов изврши презентација пред останатите проектни партнери за нашите активности, а истото видео беше поставено и на Фејсбук страната на наставничката Силвана Крстеска и Фејсбук страната на училиштето со што направивме дисеминација и на пошироката заедница.
Заедничка дисеминација сите проектни партнери извршивме со креирање на Блог во кој ги поставувавме нашите активности. Овој блог е уште еден заеднички продукт од соработката со проектните партнери.
Дисеминацијата на проектот во рамките на училиштето ја правевме со креирање на постери со месечни активности кои ги поставувавме во еТвининг катчето во училиштето со што навремено ги исвестувавеме сите ученици, наставници и останатите вработени во училиштето за сите активности кои ги реализираме во проектот на месечно ниво.
Проектот Math in motion беше дисеминиран како успешна наставна практика на еТвининг вебинар на тема Евалуација и Дисеминација на проекти кој се реализира на 30.5.2024 на платформата MS Teams и на кој присуствуваа 46 наставници од цела Македонија. Видео од целиот вебинар во рамките на кој од 34 минута па до крај на вебинарот беше дисеминиран проектот Math in motion погледнете тука.
Проектот е дисеминиран и на веб страната на нашето училиште, а статија за активностите од проектот има и во училишниот весник (страна 11 и 12 )