eTwinning проектот Математика преку стрип и карикатура mArt 2023 (веќе традиционалниот 4-ти по ред, како продолжение на претходните проекти -е проект во кој нашето училиште учествува по прв пат ) Учесници во проектот се ученици од 7 до 18 години. Проектот започнува со конкурс за учество во натпревар за изработка на карикатура и стрип. Пропозиции на конкурсот: Трудовите се доставуваат до наставниците од училиштата кои учествуваат во проектот. Трудот може да биде дело на еден автор или на повеќе коавтори. Годинава фокусот е ставен на соработката во рамките на училишниот тим, а покрај логичното учество на наставниците по математика, физика, ликовна уметност, информатика и наставници од јазици и наставници од одделенска настава, можно е да се активираат и други наставници кои би имале технички обврски за поставување на изложбата, наставници по историја кои можат да ги следат развојните фази на создавањето на науката, или времето на активност на научникот. Пожелно е во проектот да се вклучат повеќе наставници од исто училиште и да се следат нивните обврски во рамките на нивната страница со активности и одговорности. Во нашето училиште тимот се состои од тројца наставници кои се приклучија во оваа проектна активност: Силвана Крстеска - наставник по математика, Фила Вероска Стојковска - наставник по македонски јазик и Богоја Мојсоски - наставник по ликовно образование.
Завршна активност на проектот се Регионалниот избор на Стрип и Регионалниот избор на Карикатура. Овие онлајн настани се слични на Евровизија, односно вклучени се училишта, односно ученици кои доделуваат поени. Вака се избираат победниците во категоријата стрипови и во категоријата карикатури. Делото може да биде направено во која било уметничка техника или во дигитална алатка како стрип. Сите дела кои ги задоволуваат пропозициите на конкурсот ќе бидат изложени на изложбата поставена во атриумот на училиштето. За време на Регионвизијата ќе се гласа за најдобрите дела и веднаш ќе се пополни табелата на Google врз основа на која ќе се прикаже ранг листата за гласање. Најдобрите ученици добиваат дипломи за освоено 1, 2 или 3 место.
Силвана Крстеска
Фила Вероска Стојковска
Богоја Мојсоски
Првата активност во проектот беше изработка на Плакат на кој го објавивме Конкурсот и условите за учество. Со тоа ги информиравме на сите ученици во училиштето за проектот во кој можат да се приклучат. Плакатот беше изработен во алатката Canva и истиот беше поставен и во eTwinning катчето во училиштето , но и на влезната врата во училиштето. Во изработката на плакатот тимски беа вклучени тројцата ментори: Силвана Крстеска - го изработи во алатката Canva, Богоја Мојсоски - го одреди дизајнот и боите на плакатот, Фила Вероска Сојковска го уреди текстот кој беше поставен на плакатот.
На состанок на кој присуствуваа сите ученици кои покажаа интерес да учествуваат во проектот тимот од наставници им го презентира истиот им ги појасни критериумите за учество. Подолу на сликите можете да видите како проектот беше презентиран пред учениците.
На сите ученици кои покажаа интерес за учество во проектот им беа дадени Согласности за учество во проектот, кои потоа нивните родители ги потпишаа.
Сите ученици кои учествуваат во проектот се претставија со свои аватари и краток текст пред останатите учесници на Падлет кој е вграден во рамките на TwinSpace од проектот. За креирање на аватарите со кои се претставуваа имаа на располагање повеќе ИКТ алатки, а нашите ученици ги употребија Bitmoji и Snapchat. Креирајќи ги аватарите учениците уште еднаш ги потсетивме за правилата за безбедно користење на интернетот и обасностите кои таму ги има. Детално ги запознавме со законот за авторски права и copyright.
Тимот ученици кои го претставуваат нашето училиште Кочо Рацин е следниот:
Марија Сиљаноска
8 одд
Петар Илоски
8 одд
Надица Тасеска
8 одд
Изабела Томановска
7 одд
Јована Јовческа
7 одд
Миа Алачкоска
7 одд
Бојана Митоска
6 одд
Магдалена Танаскоска
6 одд
Јана Спироска
6 одд
Леонтина Вељаноска
7 одд
Теона Шиникоска
7 одд
Марија Алексоска
7 одд
Активност - Креирање аватар
Наредна активност за учениците беше изработката на Лого за проектот. Учениците можеа да работат сами или во тим. Нивните изработки ги изработија користејќи ја алатката Canva.
Изабела Томановска и Теона Шиникоска
7 одд
Јана Спироска
6 одд
Бојана Митоска
6 одд
Магдалена Танаскоска
6 одд
Алатка Canva - изработка на лого
Алатка Canva - изработка на лого
Изработените предлози за лого беа поставени на TwinSpace и учествуваа во главното гласање за Лого на проектот. После извршеното гласање беше одбрано следното лого да биде лого на овој проект.
Една од активностите во проектот беше учениците да изработат КАРИКАТУРА. Темата на карикатурата беше математика или некој познат математичар. За таа цел пред учениците наставничката по математика Силвана Крстеска на состанок им презентира неколку познати математичари со кои учениците ги среќаваат во текот на нивното образование. ( Архимед, Исак Њутн, Талес, Питагора, Ератостен, Рене Декарт, Алберт Ајнштајн, Ал Кваризми, Ада Ловлејс, и др ). Потоа на часовите по ликовно образование наставникот Богоја Мојсоски им презентира Што е тоа карикатура? ...... Учениците имаа различни можности за креирање на карикатурата. Тие можеа да бираат дали ќе цртаат со помош на некоја апликација или карикатурата ќе ја изработат со цртање во некоја сликарска техника. Погледнете слики од презентациите на наставниците на нивните часови .
На часовите по ликовно образование Богоја Мојсоски
Друга активност во проектот беше учениците да изработат СТРИП. Темата на стрипот исто така беше математика или некој познат математичар. На часовите по македонски јазик наставничката Фила Вероска Стојковска им презентира Што е стрип, кога се појавил стрипот, за првиот стрип, поврзаноста на стрипот и останатите медиуми и уметности, градба на стрипот (што содржи), за трите светски жаришта на стрипот (Белгија/Франција, САД и Јапонија), за почетоците на стрипот во Македонија како и за промоцијата на стрипот во Македонија. Исто така, преку видеозаписи, учениците се запознаа со работата на неколку македонски стрип артисти. Учениците имаа различни можности за креирање на стрипот. Тие можеа да бираат дали ќе цртаат со помош на некоја ИКТ алатка или стрипот ќе го изработат со цртање во некоја сликарска техника. Наставничката Силвана Крстеска на дополнителен час пред учениците ја презентира ИКТ алатката Pixton која беше една од алатките предложена за цртање на стрип. Погледнете слики од презентациите на наставниците на нивните часови .
На часовите по македонски јазик Фила Вероска Стојковска
Силвана Крстеска презентација на ИКТ алатка Pixton
На следните фотографии можете да го видите процесот на креирање на стриповите. Учениците се одлучија да ги искористат ИКТ алатките Pixton и Canva за креирање на стриповите.
Изработка на стрип во алатката Pixton
Изработка на стрип во алатката Pixton
Изработка на стрип во алатката Canva
Во училиштето организиравме изложба од сите креирани карикатури и стрипови. Изложбата ја посетија сите ученици кои учат во нашето училиште и сите имаа можност да гласаат за својот омилен стрип и карикатура. После пребројувањето на гласовите беа прогласени најуспешните стрипови карикатури кои го претставуваат нашето училиште на Регионовизијата.
Ова е изборот на најуспешните карикатури кои ги нацртаа учениците за кои гласаше целото наше училиште. После направеното гласање на учесниците им беа доделени заслужените награди.
Јована Јовческа
7 одд
Леонтина Вељаноска
7 одд
Софија Милошеска
9 одд
Миа Алачкоска
7 одд
Ова е изборот на најуспешните стрипови кои ги креираа учениците за кои гласаше целото наше училиште. После направеното гласање на учесниците им беа доделени заслужените награди.
Бојана, Јана и Магдалена
6 одд
Пред одржувањето на закажаната Регионовизија со учениците одржавме посебен состанок каде ги разгледавме и прочитавме сите стрипови кои беа во категорија најстрип и се изврши гласање во рамките на нашето училиште. Учениците имаа можност да одберат стрипови кои најповеќе им се допаднаа во категорија одделенска настава, категорија предметна настава и категорија средна школа. Потоа на одбраните стрипови им доделија 2, 4, 6, 8, или 10 бода соодветно гласањето кое го направија.
Пред одржувањето на закажаната Регионовизија со учениците одржавме посебен состанок каде ги разгледавме сите 99 карикатури кои беа во категорија најкарикатура и се изврши гласање во рамките на нашето училиште. Учениците имаа можност да одберат карикатури кои најповеќе им се допаднаа во категорија одделенска настава, категорија предметна настава и категорија средна школа. Потоа на одбраните карикатури им доделија 2, 4, 6, 8, или 10 бода соодветно гласањето кое го направија.
Онлајн средба на учениците која се оддржа на 6.6.2023 со почеток од 20 часот на платформата Google Meet. На средбата присуствуваа ученици и наставници ментори од сите 25 училишта 85 учесници во проектот. На средбата се изврши гласање за најдобар СТРИП во сите три категории: одделенска настава, предметна настава и средна школа. Принципот на гласање беше по евровизиски тип. Претставник од секое училиште ги презентираше гласовите за 2 бода, 4 бода, 6 бода, 8 бода и 10 бода. Презентер од нашето училиште беше Надица Тасеска од 8 одд. Слики од регионовизија - Стрип.
Горди сме да објавиме дека нашиот стрип Математичка цедевита освои 2 место на Регионовизијата. На следниот линк можете да ги погледнете сите наградени стрипови во сите категории.
Онлајн средба на учениците која се оддржа на 7.6.2023 со почеток од 20 часот на платформата Google Meet. На средбата присуствуваа ученици и наставници ментори од сите 25 училишта 78 учесници во проектот. На средбата се изврши гласање за најдобара КАРИКАТУРА во сите три категории: одделенска настава, предметна настава и средна школа. Принципот на гласање беше по евровизиски тип. Претставник од секое училиште ги презентираше гласовите за 2 бода, 4 бода, 6 бода, 8 бода и 10 бода. Презентер од нашето училиште беше Изабела Томановска од 7 одд. На овој состанок имавме и уредувач наставник Силвана Крстеска која ги внесуваше доделените 10 поени во рабелата за гласање. Слики од регионовизија - Карикатура.
Со кликање на линкот подолу можете да ги видете наградените карикатури после регионовизијата во сите 3 категории ( одделенска, предметна и средна школа)
Соработката помеѓу нас наставниците на меѓународно ниво ја регулиравме со креирање на Facebook страна Matematika kroz strip i karikaturu, но и со користење на Messanger. Исто така имавме и onlajn состаноци помеѓу менторите на кои се договаравме околку активностите и временските термини за реализација на проектините активности.
Првиот онлајн состанот помеѓу нас проектните партнери се одржа на GoogleMeet. На состанокот авторите на проектот детално ги презентираа целите на проектот и се направи заеднички договор за активностите кои следуваат. вториот состанок се реализира преку платформата Zoom. На состанокот беше презентирана алатката GoogleDoc како една од алатките кои најчесто се користат. Состаноците за Регионовизија за стрип и Регионовизија за карикатура на кои присуствуваа и учениците се реализираа преку GoogleMeet.
Како завршна активност со учениците имавме евалуација на проектот која ја спроведовме пополнувајќи анкета во Google Forms. Учениците искажаа големо задоволство од нивното учество во проектот, кој го оценија со одлична оцена и истакнаа дека би учествувале во истиот или во сличен проект и во наредната година.
Дисеминацијата на проектот ја вршевме на Facebook страната на училиштето, но преку електронските медиуми. За нашата работа во овој проект пишуваа во Ohridnews, Ohrid 24 и во Умно.мк. Сториите кои тие ги објавија можете да ги погледнете на линковите подолу. Исто така на родителските средби во текот на целото второ полугодие во кое траеше нашиот проект родителите бела тековно известувани за сите активности кои ги реализиравме. Изработката и на оваа веб страна е исто наменета да дисеминација на проектот.