Четврта година по ред како ментор земам активно учество во најголемиот светски ЕКО проект Climate Action Project.
Активностите кои ги работиме во рамки на Проектот за климатска акција придонесоа за подигнување на еколошката свест и промовирање и фаворизирање на еколошката култура на учениците. Учениците ги разбраа причините и последиците од климатските промени. Тие се едуцираа за активностите кои придонесуваат за намалување на климатската криза и секоја година имаат можност да понудат свои решенија за истата.
Силвана Крстеска
наставник по математика
Во проектот во учебната 2023/24 година под мое менторство веќе трета година по ред активно учествуваат учениците од VIII/1 одделение.
А кои се активности ги реализиравме во текот на овогодинешните шест неделни активности можете да погледнете во продолжение.
Во првата седмица од проектот го формиравме тимот од ЕКО ученици кои оваа година учествуваат во него. Потоа секој ученик креира свој ЕКО аватар користејќи ја алатката Bitmoji. ЕКО хероите ја започнаа неделата со гледање видео за климатските промени. После изгледаното видео се разви дискусија за климатските промени и се даде одговор на прашањата: Што се климатски промени - дефиниција? Што ги предизвикува климатските промени на локално ниво?
Сара
Алберт
Теона
Андреј
Леонтина
Виктор
Марија
Изабела
Евгенија
Миа
Јована
Иван
Бојан
Во текот на втората седмица учениците ги одвоија кои се ефектите од климатските промени и засадија дрво бор во училишниот двор одбележувајќи ја инициативата global tree planting. Во групи разговараа за ефектите од климатските промени и дојдоа до следните заклучоци.
Во рамките на третата седмица од проектот учениците заедно со нивните другарчиња од други две партнерски земји Србија и Босна и Херцеговина реализираа заедничка работилница насловена како Мостови на пријателство. Во рамките на работилницата учениците дискутираа за причините и ефектите на глобално ниво. Ги запишуваа зборовите во алатката Lexica и генерираа слика која ги отсликуваше ефектите од климатските промени врз планетата Земја. Според сликата групите креираа есеи на тема Ефекти од климатски промени користејќи го методот на Снежна топка.
Во рамките на четвртата седмица од проектот учениците заедно со нивните другарчиња од други две партнерски земји Србија и Босна и Херцеговина реализираа заедничка работилница насловена како Мостови на пријателство. Во рамките на работилницата учениците дискутираа за можните решенија за надминување на проблемите од климатските промени на локално но и на глобално ниво. Ги запишуваа зборовите во алатката Lexica и генерираа слика која ги отсликуваше солуциите за климатските промени. Според сликата групите креираа есеи на тема Солуции за климатски промени користејќи го методот на Снежна топка. Потоа учениците креираа постери во алатката Canva користејќи ги генерираните слики и креираните есеи.
Нашите решенија за климатските промени вклучуваат: рециклирање; правилно управување со отпадот; изградба на паркови и игралишта каде што децата ќе играат безгрижно; засадување на зеленило; грижа за растенијата и животните; прогласување поголем број заштитени подрачја за растенијата и животните; јасно дефинирани патеки низ планините; обележување на патеки за велосипедисти, намалување на употребата на фосилните горива; користење обновливи извори на енергија; одржување семинари и предавања за штетните ефекти од загадувањето; подигнување на еколошка свест.
Последната седмица од проектот беше резервирана за одбележување на Climate Action Day кој се реализира на 2 ноември. Учениците во чест на овој ден, а и преземајќи акција засадија дрво и цвеќиња во училишниот двор. Исто така учениците беа дирекно вклучени и го следеа настанот преку линкот на YouTube.
Проектот беше дисеминиран на Facebook страната на училиштето, но и во локалните електронски медиуми со што беше информирана и пошироката заедница за нашето учество и работа во проектот.