Во овој проект, соработниците ќе ги прошират своите знаења за познати математичари, ќе реализираат онлајн дебата за положбата на математичарите и нивните современици некогаш и сега, ќе направат новогодишен математички ѕиден календар за 2023 година, ќе дизајнираат проверка, ќе ги запознаат учениците со некои од веб 2.0. алатки и да соработуваат онлајн користејќи ги.
Силвана Крстеска
наставник по математика
Сите ученици кои учествуваат во проектот се претставија со свои аватари и краток текст пред останатите учесници на Падлет кој е вграден во рамките на TwinSpace од проектот. За креирање на аватарите со кои се претставуваа имаа на располагање повеќе ИКТ алатки, а нашите ученици ги употребија Bitmoji и Snapchat. Креирајќи ги аватарите учениците уште еднаш ги потсетивме за правилата за безбедно користење на интернетот и обасностите кои таму ги има. Детално ги запознавме со законот за авторски права и copyright. На сите ученици кои покажаа интерес за учество во проектот им беа дадени Согласности за учество во проектот, кои потоа нивните родители ги потпишаа.
Тимот ученици кои го претставуваат нашето училиште Кочо Рацин е следниот:
Изабела Томановска
7 одд
Марија Алексоска
7 одд
Леонтина Вељаноска
7 одд
Теона Шиникоска
7 одд
Јована Јовческа
7 одд
Миа Алачкоска
7 одд
Надица Тасеска
8 одд
Сара Демироска
7 одд
Марија Силјановска
8 одд
На почетокот од проектот учениците беа запознаени со училиштата партнери во проектот. Учениците во алатката Story map изработија презентација мапирајќи ги сите училишта партнери во проектот.
Во рамките на на проектот се формираа 12 меѓународни тимови кои меѓусебно соработува за извршување на активностите предвидени во проектот. 12 познати математичарки беа избрани на првиот состанок на менторите, а потоа за секоја позната математичарка се формира меѓународен тим од училишта кој работеше на цртање портрет на познатата математичарка, креирање презентација за познатата математичарка, креирање постер за познатата математичарка. За секоја математичарка меѓународниот тим од училишта кој работеше на неа избра математичар современик на таа математичарка. И за математичарот современик се црташе портрет и креираше постер. Потоа изработените портрети, се вметнуваа во заеднички календар, постерите и презентациите во заедничка е-книга кои беа и завршни продукти во проектот. Во проделжение на станицава можете да видите во кои меѓународни тимови соработуваше нашето училиште.
Во меѓународниот тим за познатата математичарка Meri Lusi Kartrajt соработувавме заедно со ОУ Осман Накаш од Сараево, Босна и Херцеговина. Наше задолжение во овој меѓународен тим беше цртање на портрет на позната математичарка за работен календар кој го нацрта нашата ученичка Јована Јовческа, креирање презентација за позната математичарка која ја изработи нашата ученичка Изабела Томановска користејќи ја веб алатката Canva и креирање постер за математичарот современик Махмуд Бајрактаревиќ, кој во Canva го изработи нашата ученичка Надица Тасеска.
Во меѓународниот тим за математичарката Мери Луси Картрајт соработуваме со основното училиште Осман Накаш од Сараево, БиХ. Во распределбата на работните задачи учениците ги добија следните работни задачи:
Изработка на постер за калентар за маса на позната математичарка и презентација за познатата математичарка.
Во меѓународниот тим за познатата математичарка Rejcel Rajli соработувавме заедно со ОУ Осман Накаш од Сараево, Босна и Херцеговина. Наше задолжение во овој меѓународен тим беше цртање на портрет на математичарот современик Pal Erdeš кој го нацрта нашата ученичка Миа Алачкоска, постер за позната математичарка Рејчел Рајли, кој во Canva го изработи нашата ученичка Теона Шиникоска.
Во меѓународниот тим за познатата математичарка Ada Lovelace соработувавме заедно со ОУ Осман Накаш од Сараево, Босна и Херцеговина и со средното економско училиште во Сараево. Наше задолжение во овој меѓународен тим беше цртање на портрет на математичарот современик Charles Babbage кој го нацрта нашата ученичка Јована Јовческа, постер за позната математичарка Ада Ловлејс, кој во Canva го изработи нашата ученичка Теона Шиникоска. Ѕиден календар за овој тим научници го изработија ученичките од нашето училиште Марија Алексоска и Сара Демироска.
Charles Babbage
Во меѓународниот тим за познатата математичарка Safi Goldwasser соработувавме заедно со JU Druga osnovna škola од Брчко, Босна и Херцеговина и ОУ Август Шеноа, од Осијек, Хрватска. Наше задолжение во овој меѓународен тим беше креирање постер за познатата математичарка, кој во Canva го изработи нашата ученичка Марија Силјановска.
Наредна активност за учениците беше изработката на Лого за проектот. Учениците можеа да работат сами или во тим. Нивните изработки ги изработија користејќи ја алатката Canva. Логото претставник од нашето училиште го изработи ученичката Изабела Томановска. Откако се поставија сите креирани лого предлози на платформа, учениците преку Google Forms гласаа за избор на лого на проектот.
Нашиот предлог за лого
Лого победник
Календарот е изработен преку тимска и работа на сите училишта партнери во проектот. Постерите кои ги изработија нашите ученици ги красат страниците за месец јули и октомври. Исто така комплетниот изглед на калентарот за тие два месеци е осмислен од тимот на нашите ученици.
Целиот календар можете да го погледнете на следниот линк Календар
Во календарот дизајнот за месеците јули и октомври е целосно осмислен и креиран од учениците од нашето училиште. Ево како изгледаат тие две страници во календарот.
Календарот пристигна во нашето училиште и ја краси работната маса.
Една од активностите која ја имаа учениците беше дебата во алатката Kialo каде секој ученик можеше да дебатира на тема: Положба на жените математичарки во општеството.
Во рамките на одбележувањето на Денот на безбеден интернет учениците беа вклучени во повеќе активности во овој проект. Ученичката Леонтина Велјаноска креира игра во WordWall на тема безбедно на интернет. Квизот можете да го погледнете на следниот линк Sigurnost na mrezi
Ученичката Марија Алексоска во алатката Canva изработи постер со пораки за побезбеден интернет.
Учениците одбележувајќи го Денот на безбеден интернет ( 07.02.2023 ) имаа онлајн средба со ОУ Осман Накаш - Сараево, Босна и Херцеговина; ОУ Август Шеноа - Осиек, Хрватска, ОУ Скрад - Горски Котор, Хрватска, ОУ Браќа Радиќа - Пакрац, Хрватска. На состанокот се изврши презентација на активностите кои ги реализиравме за одбележувајќи го Денот за Безбеден Интернет, потоа учениците имаа соработничка активност на Padlet каде ги запишаа своите размислувања - Како би му помогнале на својот другар кој се наоѓа во проблемска ситуација поврзана со користење на интернет, а на крај се запознаа со нов дигитален алат Digipad, за кој презентација извршија учениците од ОУ Скрад - Горски Котор, Хрватска.
Преку едукација до побезбеден и правилен начин за користење на интернет просторот!
Линк до активноста во Padlet
Во рамките на пеоектот се реализираа неколку онлајн состаноци. Првиот состанок беше помегу менторите вклучени во проектот на која се направи договор за структурата на проектот и активностите кои ќе се реализираат.
Потоа реализиравме и три средби помеѓу учениците. на првата средба учениците имаа можност да се претстават и за се запознаат помеѓу себе. На втората средба учениците најпрво презентираа кои активности ги реализирале во нивното училиште одбележувајќи го Денот за побезбеден интернет, а потоа колаборативна активност во алатката Padlet каде секој ученик учесник во средбата требаше да запише што тој би направил ако се најде во конкретна ситуација во која е загрозена неговата е-безбедност или е-безбедноста на некој друг. На крајот од оваа активност учениците од партнер училиштето ОУ Скрад - Горски Котор, Хрватска извршија презентација на ИКТ алатката Digipad на која учениците потоа требаше и да се претстават. Третата средба се реализира на Денот на жената. на овој состанок учениците ги презентираа изработените презентации за познати жени математичарки, а учениците имаа и дебата на која дебатираа за положбата на жената во општеството некогаш и денес. Подолу можете да видите слики од реализираните состаноци со учениците.
Евалуацијата на проектот ја спроведов преку GoogleForms, a учениците проектот го оценаа со одлична оцена. Особено интересни им беа состаноците со учениците и web 2.0 алатките кои ги научија во рамките на проектот. Заклучокот на учениците беше дека повторно би учествувале во ваков или сличен проект.
Дисеминацијата на проектот го извршив на Facebook страната на училиштето со што беше информирана целата локална заедница со активностите кои ги преземаме во училиштето. Исто така овој проект беше промовиран и дисеминиран и пред целата еТвининг заедница во Македонија на инфо настанините кои јас ги реализирам како еТвининг амбасадор. Проектот беше дисеминиран и пред родителите во училиштето на родителска средба, но и пред наставниците на одделенските совети.