Опис на проектот:
Овој колаборативен проект ги обединува училишта од различни земји и различни возрасни групи, промовирајќи меѓукултурно учење и креативност преку истражување на уметноста и математиката. Иницијативата се состои од шест различни активности кои вклучуваат создавање на графички, аудио и видео содржини, како и рачно изработени производи. Овие активности имаат за цел да ги инспирираат наставниците да им помогнат на учениците да ја увидат убавината на математиката на нов и интересен начин.
Цели на проектот:
Примарната цел на проектот е интеграција на креативни задачи во различни наставни програми, овозможувајќи им на учениците да ги изразат геометриските принципи преку уметност, дизајн и дигитални алатки. Проектот ќе се фокусира на подобрување на разбирањето на геометријата кај учениците, истовремено овозможувајќи им да ја покажат својата индивидуалност и културно потекло преку уметнички активности.
ИКТ Алатки:
За визуелни цртежи: Canva, geogebra.org, pixlr.com, inkscape.org, различни алатки со вештачка интелигенција; за веб-дизајн и програмирање: codepen.io, wordpress.com, Visual Studio Code; за аудио и видео: Canva, YouTube, Vimeo, за презентирање на уметнички дела и ракотворби: artsteps.com; за комуникација: TwinBoard, форуми, видео-конференции, WhatsApp група на наставници.
Интеграција на предмети во училиште:
Математика, Уметност, Странски јазик, Веб-дизајн и програмирање, Апликативен софтвер, Географија, Аудио-техника, Видео-техника, Мултимедија...
Работен јазик на проектот : Англиски
Возраст на учениците: Учениците кои се вклучени во проектот под мое менторство се ученици од 12 години, а проектот е наменет за ученици од сите возрасти.
Сите партнерите во проектот се согласивме за учество во активноста за Денот на европските јазици, како партнери кои се познаваат и соработуваат веќе неколку години. Заедно се договоривме пред-проектната активност да се одржи во септември и да биде видео кое ќе ги претстави земјите, градовите и училиштата на сите партнери преку еден избран математички поим. Видеото се креира со соработничка аквивност во алатката Canva.
За презентирање на нашата земја Македонија, нашиот град Охрид учениците ја одбраа 3Д формата сфера - која ја интегрираа со Охридскиот бисер како заштитен знак на Охрид.
Учеството во неделата на кодирање ја направивме на реализација на наставната содржина Нанесување точки во координатен систем. Содржината ја реализиравме така што најпрво извршивме кодирање на своите имиња според одредена шема која можете да ја погледнете на видеата споделени подолу и на следниот линк, а потоа во правоаголен координатен систем ги внесувавме добиените координати и ги поврзувавме 2Д формите. Тоа го направивме и во своите тетратки но и алатката Geogebra. Во добиениете форми ги откривавме складните фигури кои ги обоивме во иста боја, со што се доби уникатен и интересен мозаик за секое име. За учеството во активноста секој ученик се стекна со Сертификат, а менторите учесници во проектот беа наградени со Сертификат за извонредност.
Марија Тасеска 7 одд
Мила Илоска 7 одд
Охридскиот чинар е величествено дрво старо над 1.100 години, сместено во центарот на Охрид. Со својата импресивна висина и широка крошна, тоа претставува еден од најстарите живи симболи на градот. Овој чинар е сведок на многу историски настани и генерации, а неговата шуплива внатрешност, која може да собере повеќе луѓе, ја буди љубопитноста на посетителите. Покрај еколошкото и културното значење, дрвото има и духовна вредност за локалното население. Охридскиот чинар е вистински природен споменик што ја раскажува приказната за времето и животот.
Листовите на чинарот се особено впечатливи, со форма како спој на пет делтоиди кои заедно создаваат хармоничен и симетричен облик. Нивната длабока зелена боја летно време ја осветлува крошната, додека есента ги претвора во палета од златно-жолти и кафеави тонови. Овој чинар, со својата шуплива внатрешност и уникатни листови, е природен споменик што ја раскажува приказната за времето и животот.
Со учениците одржавме работилница во која учениците ги поврзаа убавините на есента со геометриските концепти. Инспирација ни беше охридскиот чинар, чијшто лист е уникатен спој на симетрија и форма на делтоид.
Учениците изработуваа хартиени листови во различни есенски бои, истражувајќи ја симетријата во дизајнот на секој лист. Ова беше одлична можност за креативност и развивање на геометриски вештини преку инспирација од природата.
Благодарение на нивната фантазија, создадовме шарен мозаик од "лисови" што ја доловија магијата на есента! 🍂✨
Алатката Story Jumper ја искористивме за изработка на е-Книга со заеднички активности од сите партнер училишта што беше уште еден од нашите заеднички продукти во рамките на проектот.
Одржавме креативна работилница на тема New Year Geometry, каде учениците ги истражуваа оските на симетрија на правоаголникот и квадратот преку забавна и едукативна активност.
Со користење на оригами техники, изработуваа прекрасни новогодишни ѕвезди од хартија во различни бои, создавајќи уникатни украси кои ја отсликуваат нивната фантазија и вештини.
Работилницата не само што ги поттикна нивните математички способности, туку внесе и празничен дух во училницата. 🌟 Секоја изработена ѕвезда блесна како симбол на нивната креативност! 🎉
Во рамките на одбележување на овој ден реализиравме интерактивна работилница на тема гејмификација на едукацијата за сајбер безбедност. Учениците преку играта 🎮 „Дигиталната потрага на Сара“ се запознаа со:
🔹 Типовите на сајбер вознемирување
🔹 Како се шират гласини и откривање на изворот преку дигитални отпечатоци
🔹 Како да создадат сигурна лозинка
🔹 Каде и како да пријават сајбер насилство
📢 По играта, отворивме дискусија за опасностите на ТИК ТОК предизвиците, разменувајќи мислења и искуства за нивните потенцијални ризици. Работилницата ја завршивме со играта „ТИК ТОК заговор“, каде учениците преку сценарија и активности учеа како критички да размислуваат за содржините на социјалните мрежи.
💡 Заклучок: Гејмификацијата е одличен начин да ги мотивираме учениците и да ги едуцираме за безбедно дигитално однесување. 🚀
Ја одбравме вредноста Почитување на човековите права (Respect for Human Rights). Во изработките ја искористивме триаголната пирамида (тетраедар) бидејќи триаголната пирамида симболизира стабилност и темелите на општеството. Низ историјата, македонскиот народ поминал низ тешка борба за признавање и еднаквост. Симболиката на црвената, црната и жолтата боја го отсликува овој пат:
Црвената ја претставува храброста и жртвите кои биле направени,
Црната ги симболизира тешките времиња и претрпениот притисок, и
Жолтата претставува надеж, слобода и посветла иднина за сите.
Алатката Mentimetar ја искористистивме за избирање на Европска вредност која најповеќе одговара за нашата земја. Истата алатка ја искористивме и за избор на 3Д формата која ќе ја користиме во работилницата и која најдобро ја отсликува Европската Вредност која беше избрана. Изборот го извршивме на редовен час по математика при усвојување на наставната содржина 3Д форми и нивни мрежи и во реализација на истата учествуваа сите ученици од одделението.