Училиште: ООУ„Кочо Рацин” - Охрид

Одделение: VIII-1

Предмет: Одделенски час

Наставник: Силвана Крстеска

Работилница: Колку е тенка границата помеѓу забавата и опасноста?


Во времево во кое живееме тешко дека некој од нас може да го замисли денот без Интернет. 

    Сите сме сведоци дека  Интернетот ни го промени животот на сите особено на децата и младите. Со негово користење тие имаат можност да се поврзат со цел еден свет на можности за комуникација, учење и слобода на изразување. Но Интернетот, исто така, секојдневно се користи за погрешни намени и се злоупотребува, а децата и младите се тие што ја плаќаат цената.​

Под мотото „Наша обврска е да ги разбереме ризиците и да овозможиме безбеден пристап до содржините на интернет” на 6.2.2024 во рамките на одделенскиот час ја реализирав работилницата под наслов „Колку е тенка границата помеѓу забавата и опасноста?” Основна цел на оваа работилница беше да се поттикне и да се развие одговорност кај учениците за нивното учество во онлајн предизвиците. 

Во работилницата беа вклучени ученици од VIII-1 одделение од ООУ„Кочо Рацин”-Охрид под менторство на наставничката по математика Силвана Крстеска. Денот започна со кратка презентација на која се потсетивме на правилата за безбедно користење на интернетот.  Потоа продолживме со активноста „Барометар на чувства” со цел влијание врз благосостојбата кај учениците преку развивање емпатија кај нив и воочување како исти постапки можат да предизвикаат различни емоции кај различни луѓе.