Видео со кое беше презентиран проектот во училиштето
Видео со кое беше презентиран проектот во училиштето
Проектот е наменет за деца од предучилишна возраст, ученици од основно и средно училиште. Преку негова имплементација, ќе промовираме финансиска писменост, како еден од клучните концепти во современиот свет. Проектот е наменет да биде интердисциплинарен и да реализира содржини од бројни училишни предмети: математика, предмети од економска група, уметничка култура, информатика, историја, .. посебно внимание ќе посветиме на соработката помеѓу учениците и овие активности ќе бидат дизајнирани така што е максимизирано учењето меѓу врсниците и соработката. Дефинитивно ќе го одбележиме Светскиот ден на штедењето во нашите училишта, а (доколку состојбата со пандемијата дозволува) ќе се посети и филијала на банка во нашиот град.
Со поврзување на учениците околу идејата за штедење, учениците ќе се стекнат со компетенции за тимска работа, истражување за учење и ИКТ компетенции. Ќе научат бројни економски и математички концепти поврзани со штедење, осигурување, сметководство. Преку работа во (онлајн) работилници, учениците ќе соработуваат во реализацијата на планираните задачи.
Со цел да се нагласи важноста на штедењето за нашиот секојдневен живот, во овој проект ќе го расветлиме концептот на штедење од различни аспекти. Во различни училишни паралелки ќе креираме нешто поврзано со заштедата: презентации, видеа, постери, слогани. Ќе се стремиме и учиме еден од друг! Ќе си ги гледаме видеата, ќе пополнуваме квизови, ќе разменуваме пораки преку форуми,... За да овозможиме учење од други, секоја работа ќе ја придружуваме со соодветна задача за другите ученици. На овој начин учениците и ќе учат и ќе учат едни од други.
Започнавме со проектот. Прва активност ни беше состанок на наставниците, потоа внесување на учениците на еТвининг и пополнување на иницијална анкета за проектот и на учениците и на наставниците.
Сигурноста на интернет се секако најважната активност која се презема со секој еТвининг проект. На учениците има беа поделени линкови за неколку веб страни за Подигнување на свеста кај учениците за опасностите на интернет. Учениците прочитаа и стрип за приказни од интернет, играа wordwall квиз за безбедност на интернет, на thinglink се запознаа со интерактивен речник на поими за безбедност на интернет. Исто така учениците научија дека на Твинспејсот од проектот учениците и наставниците се безбедни и заштитени од упади, но мора да ги почитуваат и основните правила за добро однесување на Интернет, така што комуникацијата треба да биде со почит и ценење на другата личност и заштита на личната приватност што ја правиме. Потоа учениците имаа соработничка активност на Форумот одговарајќи на следните прашања:
1. Кои се вашите принципи и правила кога користите Интернет?
2. На што посветувате посебно внимание, а што занемарувате при користењето на социјалните мрежи?
3. Дали се сметате себеси безбедни на интернет или не и зошто?
Во оваа активност учениците беа најпрво запознаени со правилата за однесување во виртуелниот свет преку презентација на Twinspace од проектот, а потоа учениците во алатката Jamboard изработија своја страна во која избраа по еден цитат за Авторски права кој им беше поставен на страната Авторски права во Twinspase и кој го преведоа на својот мајчин јазик. Учениците имаа соработничка акривност со останатите ученици на Forumot каде го запишаа својот избор на цитат и споделија зошто го избрале тој цитат.
Една од активностите ни беше да се претставивме на е-твининг, креиравме лого за проектот и интро видео и ги реализиравме активностите Штедење и математика и одбележување на Светскиот Ден на штедењето.
Теона
Изабела
Марија Ш
Михаела
Надица
Марија С
Изработила: Изабела 6 одделение
Изработила: Теона 6 одделение
Изработила: Марија 8 одделение
Изработила: Надица 7 одделение
Изработила: Марија 7 одделение
Изработила: Михаела 8 одделение
Активности во месец октомври: изработка на постери за Светскиот Ден на Штедењето и плакати во кои ги презентиравме видовите на штедење. Потоа во рамките на активноста Штедењето и математиката спроведовме анкета за штедење во сите одделенија од 6 до 9 во нашето училиште и изработивме презентација во која ги презентиравме добиените резултати. Светскиот Ден на Штедењето го одбележавме и со кратко видео во кое презентиравме како дошло до идеја 31 октомври да се одбележува за Светски Ден на штедењето.
Во рамките на активностите во месец ноември најпрво сите водевме 7-дневен Дневник на штедење, а потоа направивме согледување на што сме потрошиле најмногу пари, но дискутиравме и како би можеле да заштедиме повеќе пари. Потоа по повод Меѓународниот Ден на сметководителите изработивме презентација за Денот на сметководителот во која се осврнавме од кога и зошто се одбележува овој ден. Потоа ја посетивме и сметководителката во нашето училиште и направивме интервју со неа.
Секој ученик водеше 7-дневен Дневник на штедење, а потоа дневниците на штедење беа поставени на Wakelet при што се креира заедничка Wakelet колекција од Дневници на штедење, но и дадоа одговор на прашањето: Дали водењето на Дневник на штедење може да помогне при зголемувањето на неделната заштеда?
После водењето на Дневникот на штедење учениците на Padlet плочата заеднички разговараа за нивните заклучоци околу добивањето и трошењето на нивниот џепарац.
По повод Денот на сметководителот ние ја посетивме сметководителката во нашето училиште, а тоа е Илинка Ристовска или како таа што милува да ја викаме тетка Илинка. Што разговаравме со неа можете да прочитате во следниот документ.
Креиравме и презентација за Меѓународниот Ден на сметководителот преку која ги запознавме другите ученици во училиштето со историјата на сметководителството. Презентацијата можете да ја погледнете тука.
Во рамките на оваа активност учениците најпрво погледаа видео снимено од ученици од друго училиште од кое можеа да научат повеќе за основата на каматната пресметка, а потоа решаваа краток квиз во GoogleForms. Своите забелешки и импресиии од видеото и од прашањата од квизот ги запишаа во Tricider.
Од активноста во Tricider
Од активноста во Tricider
Во делот Штедењето и англискиот јазик учениците имаа задолжение да креираат свој квиз во една од веб алатките gForms, kahoot, wordwall, ... и линкот да го споделат на форумот за да можат и останатите ученици од земјите партнери да го изиграат и да дознаат нешто повеќе за заштедите и семејниот буџет. Доколку и Вие сакате да играте и да научите нешто повеќе кликнете на линкот подолу.
Во делот Штедењето и дезинформации учениците истражуваа на интернет Како дезинформациите можат да влијаат врз Штедењето, а потоа во некоја од веб алатките Power Point, Genially или Canva можеа да изработат презентации, видеа или постери. Доколку и Вие сакате да научите нешто повеќе на темата Штедење и Дезинформации погледнете го видеото подолу.
По повод одбележувањето на Светската недела на парите, учениците учесници во проектот се запознаа со монетарното осамостојување на нашата земја С. Македонија. Тие најпрвин на Јутјуб погледнаа видео во кое имаа можност да се запознаат со сите монети и банкноти кои кај нас се сменија од осамостојувањето до денес. Учениците потоа следеа презентација за процесот на промена на банкнотата од 100 апоени во изминатиот период и решаваа практични задачи со конвертирање на валути од 100 апоени.
Во алатката Canva учениците изработија постери на тема Европска седмица на парите.
Михаела VIII
Во рамките на проектот се реализираа VI различни работилници на различни теми. На работилниците учениците имаа можност подобро да се запознаат помеѓу себе, да разменат знаења и искуства и да стекнат нови пријателства.
На крајот од проектот учениците пополнуваа анкета за евалуација на проектот. Резултаите од анкетата се внесени во Твинспејсот на проектот.
Проектот е дисеминиран на Facebook страната на училиштето.