наставник по математика
Silvana Krsteska | Climate Action project (climate-action.info)
Секоја година учениците од нашето училиште учествуваат во бројни активности за заштита на животната средина. Оваа учебна 2021/22 сите ученици од VI-1 одделение чиј одделенски раководител сум јас активно учествуваат во реализацијата на Climate Action Project. На почетокот од учебната година одржав онлајн состанок со родителите и учесниците на кој им беше презентиран проектот и добив дозвола од сите родители за активно учество и медиско прикажување на учениците.
Ова е мојот тим од ученици!
Изабела
Марија
Алберт
Теона
Миа
Сара
Бојан
Леонтина
Андреј
Јована
Виктор
Изабела
Климатски промени
Во последно време многу слушаме за климатските промени и глобалното затоплување и штетните последици кои ги предизвикуваат врз живиот свет и луѓето.
Што се климатски промени и како настануваат?
Сонцето зрачи енергија која се рефлектира од површината на Земјата, меѓутоа во услови кога имаме зголемено количество на стакленички гасови во атмосферата како сега, зрачењето не може да биде емитирано во вселената туку атмосферата го апсорбира и станува потопла. Ова предизвикува глобално затоплување.
Последици од глобалното затоплување се :
-поместување на сезоните
-ерозија
-екстремни временски услови како поплави, бури со зголемен број на електрични празнења
-топлотни бранови кој влијаат на живиот свет
Климатските промени се предизвикани од човековите активности во индустријата и го загрозуваат здравјето на луѓето, безбедноста и секојдневниот живот.
Употребата на фосилни горива како и нивното масовно искористување на земјиштето и природните ресурси предизвикале натрупување на зголемена количина стакленички гасови во атмосферата.
Но, она што може да направиме е да ги ублажиме климатските промени кога веќе не можеме да ги спречиме.
За тоа се потребни храбри и амбициозни активности .
Да бидеме генерациите што ќе ја зачуваат иднината !
Ефекти од климатските промени
Светот се соочува со многу еколошки проблеми, а како резултат на нив настануваат и многу климатски промени.
Дел од нив се – топење на Антартикот, загадување на воздухот и зголемување на озонската дупка со што Сонцето неконтролирано не грее и предизвикува болести, загадување на водата при што изумира живиот свет кој живее во неа и слично.
Моја порака до сите е дека треба да почнеме што е можно помалку да користиме превозни средства кои работат на фосилно гориво, да не фрламе ѓубре насекаде и да се грижиме за нашата планета Земја бидејќи таа е во наши раце.
Теона
Во рамките на третата недела од проектот остваривме online средба со ученици од International School Academy од Мумбаи, Индија. На средбата секое училиште изврши презентација на својата земја, град и училиште од кое доаѓа, а потоа се премина на презентација од досегашната работа во рамките на проектот. Како завршна и интерактивна активност учениците имаа задача во Рadlet да запишат по три решенија за надминување на ефектите од климатските промени кои ги воочија за време на првите две недели од проектот.
Видеото од средбата можете да го погледнете на следниот Линк
Во четвртата недела од проектот најпрво во алатката Padlet ги запишавме решенијата кои ние можеме да ги преземеме за решавање или надминување на климатските промени. Веднаш преминавме во акција.
Во оваа недела од проектот ученивите спроведоа анкета во која ги анкетираа своите сооученици за стекнатите заклучоци од климатските промени и кои решенија можат да се преземат. Снимија свои видео пораки кои ги упатија до целиот свет за преземање решенија за климатските промени. Учествуваа на вебинатор за Lego Build the changes и одговорија на поставениот предизвик во него. Изработија прекрасни лего изработки со кои испратија порака до целиот свет дека Заштитата на пчелите дирекно влијае врз опстанокот на целото човештво. Исто така оваа недела учениците имаа активност со реупотреба на отпад, при што креираа Математичка шума. Со изработката на математичките дрва учениците вршеа разложување на броеви на прости множители со што направија интеграција на климатските промени во предметот математика.
Во предизвикот Build the Changes учениците требаше да одберат еден инсект, животно или друг жив организам кој ќе го заштитат. Нашиот избор падна на заштита на пчелите. Зошто пчелите? Како дел од популацијата која живее во Медената земја ( Honey Land ) сметавме дека на светот треба да му пренесеме порака дека со исчезнувањето на пчелите, исчезнува и можноста за опрашување на растенијата, а со тоа значително се намалува нивниот род. Сето тоа дирекно влијае врз глобалното снабдување со храна, а со самото тоа бројот на население кое умира од глад драстично ќе се зголеми. Затоа заклучивме дека со заштита на пчелите дирекно влијаеме врз заштита на целото човештво. Што треба да направиме? Една од активностите која ние учениците можеме да ја направиме е да засадиме што е можно повеќе цвеќиња и дрва во нашата околина. Можеме и со помош на постери и флаери да ја поддигнеме човечката свест за овој проблем барем на локално ниво.
Лего изработки
Реупотреба на отпад: Математичка шума
Анкета: Што знаеме за климатските промени и што да преземеме за нивно надминување.
Последната недела од проектот помина во знакот на Climate Action Day кој се реализира на 4 ноември со почеток од 13 до 21 часот. Учениците во рамките на настанот проследија голем број на светски лидери и значајни личности кои дадоа поддршка на сите млади еко - јунаци вклучени во овој проект. Еден од нив беше и принцот Вилијам чија изјава можете да ја погледнете во видеото подолу. На самиот настан беа прогласени 250 училишта од целиот свет кои се здобија со ознака School of Excellence. Големо е задоволството бидејќи едно од тие училишта беше и нашето ООУ„Кочо Рацин'' - Охрид. Учениците мотивирани од добиената награда уште повеќе се ангажираа за преземање на акција со која ќе се започнат промени за намалување на Климатските појави. Затоа тие напишаа писма до јавни личности - функционери од кои побараа поддршка и помош при реализација на одредени идеи во нашата непосредна околина, но кои дирекно влијаат врз надминувањето на ефектите од климатските појави.