Како дел од активностите кои ги реализирам во рамките на проектот училиште на 21 век се и активностите кои ги реализирам во рамките на неделата на кодирање. Во реализацијата на оваа активност учениците критички ќе размислуваат, ќе го интегрираат своето знаење по повеќе наставни предмети и практично ќе се обидат да решат проблемска ситуација користејќи го кодирањето во Micro:bit.
Во активноста Кодирање математика 2023, учениците ќе прават кодирање што ќе ги интегрира природните науки, географијата и математиката. Учениците ќе кодираат за да ги откријат страните на светот и ќе бројат чекори според дадена насока. Потоа ќе го измерат растојанието што го поминале според дадените насоки и со примена на Питагоровата теорема ќе го пресметаат поминатото растојание од почетната до крајната точка.