Ретки болести
Ретки болести
Традиционално месец февруари го посветуваме за подршка на лицата со ретки болести. Оваа година учениците на одделенски час реализираа работилница на тема: Ретките се многу, ретките се силни, ретките се горди.
За време на работилницата учениците се потсетија колку е битно да се даде подршка на секој кому му е неопходна особено на лицата кои секојдневно се борат со некоја ретка болест. Тие работејќи го три групи креираа свои постери и ги обоија своите дланки кои ги подадоа кон сите луѓе кои се соочуваат со некоја ретка болест и оставија печат на креираните постери.