Заедно до посигурен интернет   


Во времево во кое живееме тешко дека некој од нас може да го замисли денот без Интернет. 

    Сите сме сведоци дека  Интернетот ни го промени животот на сите особено на децата и младите. Со негово користење тие имаат можност да се поврзат со цел еден свет на можности за комуникација, учење и слобода на изразување. Но Интернетот, исто така, секојдневно се користи за погрешни намени и се злоупотребува, а децата и младите се тие што ја плаќаат цената.​ За тоа да се избегне и да се поткрене свеста кај учениците за сите опасности кои ги демнат на интернет во ОУ„Кочо Рацин”- Охрид се реализираа низа од активности.


         Со учениците од 7-1 одделение ( 12 ученици ) дискутиравме за тоа колку нивното однесување придонесува за намалување на нивната безбедност на интернет. Ја разгледавме квиз презентација во која со одговори на прашањата откриваа: Дали си добар „онлајн” пријател? На одредени прашања учениците даваа различни одговори затоа после секое прашање се водеше дискусија за одговорите. Ја спроведовме и работилницата Feeling barometar преку која согледаа дека луѓето може да имаат различни чувства за исти ситуации; дека другите луѓе може да реагираат различно на истото сценарио; и дека треба да се почитуваат чувствата на другите и да се биде потолерантен кон оние со поинакви погледи од нашите. На крај учениците играа квиз во Kahoot и креираа постер со однапред подготвени материјали. 

Денот на безбеден интернет нека ни биде само Ден кој ќе не потсети дека овие активности 365 дена од годината треба да ги имплементираме во секоја прилика која ја имаме со учениците како преку еТвининг проектите така и на секој наставен час во кој тие можат да се реализираат.