Силвана Крстеска
наставник
Желбата да им ја приближам математиката на учениците од поинаков агол беше главна причина да се пријавам и да учествувам во проектот Математички филмски фестивал 2021 година. Со учеството во овој E-Twinning проект, учениците ги интегрираа книжевноста, математиката и информатиката. Станаа побогати со прочитано ново книжевно дело, ги збогатија своите знаења од медиумска писменост за филм, пишување сценарио, решаваа математички проблеми, во секоја приказна од проектот е вметната математичка загатка која треба да се реши и ги подобрија своите компјутерски вештини користејќи најразлични веб 2.0 алатки.
Претворање на идеите од учениците во акција, развивање способност за планирање
Управување со проекти за да се постигнат целите како и иновативно размислување
Планирање постигнување на зададени цели, како и дебатирање и преземање ризици.
Користење различни web 2.0 алатки, презентирање и размена на информации како и безбедно користење на информатичко- комуникациската технологији.
Користење на учење, знаење и вештини во различни контексти, како што се учење на далечина.
Интеграција со наставните содржини: Математика со наставните содржини Низи, Волумен на призма и пирамида, Македонски јазик со наствната содржина: филм, филмска уметност, пишување на сценарио, Информатика со наставната содржина: изработка на презентации, креирање на филм
Во проектот учествуваат 26 наставници од 6 земји во Европа: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Турција и Шведска.
Во проектот учествуваат 6 ученици од нашето училиште и тоа, 4 од шесто одделение и 2 од деветто одделение.
Димитар Сиљановски
9 одделение
Емилија Силјановска
9 одделение
Сара Котеска
6 одделние
Надица Тасеска
6 одделение
Даниел Сиљановски
6 одделение
Марија Силјановска
6 одделение
Првата активност која ја имаа учениците во рамките на проектот беше да ја прочитаат книгата „Човекот што броеше" од Махалба Тахан. Преземете ја книгата тука!
Првата онлајн работилница се реализира во понеделник, на 12-ти октомври 2020 година, на тема - Вовед во пишување сценарија. Погледнете снимка од работилницата.
На 9-ти Ноември, имавме наш едукативен вебинар за анимација. Г-дин Дамир Бачиќ великодушно ги сподели своите знаења и сознанија за ова возбудливо поле на креативност и ИКТ.
Исто така, нè охрабри да откриеме софтвер за анимација како што се Flash, Premiere, Toon Boom и AfterEffects.
На 26-ти ноември имавме интересна работилница за поврзаност помеѓу литературата и филмот. Нашиот предавач Јосип Млакиќ го сподели со нас своето изобилство знаење за темата. Научивме за основниот филмски јазик и основните сценарија. Предавањето се реализира во Средното Училиште Ускопjeе и преку Интернет на Google Meet. Погледнете ја снимката од работилницата.
Откако учениците ја прочитаа книгата „Човекот што броеше“, ја одбраа приказната што им остави најголем впечаток направија сценарио според избраната приказна. Врз основа на напишаното сценарио од секој ученик за приказната „План на играта", учениците Димитар Силјановски, Емилија Силјановска, Сара Котеска, Надица Тасеска, Даниел Силјановски и Марија Силјановска направија заедничка презентација во која ги претставија ликовите и го вметаа текстот од сценариото. Потоа презентацијата ја преточија во анимиран филм што е во натпреварувачкиот дел од Филмскиот фестивал. Прочитајте ги сценаријата за филмот и погледнете ја презентацијата.
Активност-пишување на сценарио
web алатка Word
Активност - изработка на презентација
web алатка Power Point
Една од активностите во проектот покрај читањето на книгата беше да се направи лого за проектот. Погледнете ги нашите изработки.
Активност - изработка на Лого
web алатка Canva
Ние исто така спроведовме гласање за избор на лого со кое се претставивме на Twinspace. Еве го нашиот избор!
Изработила: Марија Силјановска
6 одделение
Изработила: Емилија Силјановска
9 одделение
Се направи гласање за избор на лого на проектот од сите учесници во проектот при што за лого на проектот. Погледнете го процесот на гласање и победничкото лого.
Следна активност покрај пишувањето на сценариото ни беше изработка на постер за Фестивалот. Погледнете ги нашите изработки.
Активност - изработка на Poster,
web алатка Canva
Ние исто така спроведовме гласање за избор на постер со кој се претставивме на Twinspace. Еве го нашиот избор!
Изработил: Даниел Сиљановски
6 одделение
Учениците имаа соработничка активност во ментиметар каде сите ученици учесници во проектот го запишуваа своето мислење на тема: Што е најважно за создавање на квалитетен филм?
Соработничка активност
web алатка Mentimeter
Врз основа на резултатите добиени од ментиметарот учениците имаа заедничка дебата во алатката Kialo. Темата на дебатата беше: Што е најважно за квалитетен филм? Актерите или сценариото?
Активност - Дебата
web алатка Kialo
Математичкиот Филмски фестивал свечено ќе се одржи на 17.05.2021 со почеток во 17 часот во Сараево. На фестивалот ќе бидат објавени и победниците кои се натпреваруваат посебно за основно посебно за средно образование.
Погледнете го нашиот филм! Освоена ВТОРА награда на Математичкиот Филмски Фестивал 2021!
На YouTube каналот од нашиот фестивал можете да ги погледнете сите филмови кои учествуваа во фестивалот! Каналот е поделен на канал со филмови од основно училиште и канал со филмови од средно училиште.
Проектот беше дисеминиран на различни портали:
На крајот од проектот исто како и на почетокот учениците, а исто така и менторите ( наставниците ) пополнувавме анкета за евалуација на проектот.