Webucionica е проект на стекнување дигитални знаења и вештини преку низа од вебинари формирани во облик чекор по чекор. Крајната цел на проектот е развивање на дигитални вештини и кај наставникот но и кај учениците. Во склоп на Webucilnica 2.0 ќе се остварат и подолги стручни тематски усовршувања на наставниците.
Соработка со наставници и ученици од многу школи од целиот регион преку видеоконференции, истражување на web 2.0 алати кои можат учениците сами да ги користат за изработка на некоја соодветна наставна содржина. Интерактивно учество во наставниот процес преку примена на информатичката технологија. Унапредување на наставниот процес преку развој на култура на учење од други и размена на искуства.
Во учебната 2021-2022 во проектот се вклучени 13 ученици од шестто одделение при ООУ„Кочо Рацин''-Охрид. Проектот се реализира за време на дел од редовните часови по математика, за време на дел од редовните часови по животни вештини ( одделенски час ), а останатиот дел од проектот се реализира како дел од часовите за вонаставни активности кај слободните ученички активности како и додатната настава.
Претворање на идеите од учениците во акција, развивање способност за планирање и управување со проекти за да се постигнат целите, како и иновативно размислување.
Планирање постигнување на зададени цели, како и иновативно размислување и преземање ризици.
Користење компјутери презентирање и размена на информации како и безбедно користење на информатичко- комуникациската технологији.
Користење на учење, знаење и вештини во различни контексти, како што се работа во парови, групна работа, учење преку игра.
Интеграција со наставните содржини: Предмет МАТЕМАТИКА: Повторување за триаголник и четириаголник. Предмет ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ: Безбедно користење на интернет, заштита на личните податоци. Медиумска култура, Како да препознаеме лажни вести Предмет ИНФОРМАТИКА: Вовед во кодирање во micro:bit.
Соработката со партнерите од другите училишта се вршеше преку Facebook страната на проектот на која можете да пристапите преку следниот линк.
Исто така соработката со партнерите од другите училишта се вршеше за време на Летниот и Зимскиот предизвик во рамките на кој наставниците учесници стручно се усовршуваа и имаат можност да изработат наставни лекции во повеќе веб алатки. Линкот за Летниот предизвик Ljetni izazov 2021. (weebly.com), Линкот за Зимскиот предизвик Zimski izazov'22. (weebly.com). Но нашата соработка не завршува тука. Проектот продолжува и во летните месеци па пред нас е Соработничкото учење кое ќе се реализира во месец јули. Линк до Соработничко учење Suradničko učenje 2021. (weebly.com)
Прва активност во рамките на проектот Bitmoji.
Прва активност која ја работевме со учениците беше запознавање со опасностите на интернет и нивна заштита. Работевме на алатки за претставување со помош на кои можеме да го заштитиме нивниот личен идентитет. Од мноштвото алатки кои постојат ја избравме алатката Bitmoji. Bitmoji е мобилна апликација, која се симнува како и секоја друга на вашиот мобилен телефон. Откако ќе ја превземете, ќе треба да се посветите приближно 10 минути за да го направите вашиот лик. Бирате се од боја на коса, до густина на трепки. Но тие 10 минути верувајте вредат! Ние се забавувавме и ги направивиме нашите аватари со кои ви се претставуваме. Поздрав до сите, а ова е нашиот тим!
Андреј
Сара
Бојан
Леонтина
Алберт
Марија
Теона
Изабела
Миа
Виктор
Јована
Активност WordArt - втора активност во рамките на проектот во месец Септември
Wordart е лесна алатка за креирање облаци од зборови. Многу е едноставна за работа, но истовремено нуди можност за креирање одлични дизајни на различни теми. Алатката ја искористивме за да креираме облак со зборови во кој ги запишувавме Ефектите од климатските промени. Креираните облаци од зборови ги искористивме за претставување на втората недела од проектот Climate action Project.
Активност во Padlet.
Padlet е интерактивна плоча во која во исто време можат да пишуваат сите ученици на зададената тема. Темата на која ние работевме е: Ефекти од климатските промени. Научивме да внесуваме текст и да вметнуваме слики во Padlet.
CodeWeek активности. Кодирање во Micro:bit
Во рамките на Неделата на кодирање се запознавме со едноставни кодирања во Micro:bit. Кодиравме Емотикони и Претставување.
Активност во ClassTools-Badgemaker .
Активност во GreetingIsland
Во оваа алатка по повод Нова Година изработувавме честитки кои потоа ги испративме.
Активност во Genially, WordWall и во Popplet .
Првата седмица од овој месец ја посветивме на E-safety или безбедност на интернет. На часот најпрво погледнавме презентација во Genially преку која се запознавме со безбедно користење на интернет и етичкото однесување на интернет, а потоа преку игра во WordWall ги проверивме стекнатите знаења на оваа тема. Преку работа во парови направивме умни мапи во алатката Popplet на тема E-safety.
Активност во WordWall.
На час по математика наставна содржина Повторување за триаголник и четириаголник од темата Геометрија и решавање на проблеми учениците имаа за домашна задача да креираат квизови во оваа алатка со најмалку 5 прашања од овие две соржини. На часот сите ученици играа на креираните игри во оваа алатка при што и се забавуваа но и ја повторуваа и усовршуваа изучената материја.
Активност во ClassTools-Breakingnews.
Денот на шегата 1 април го одбележавме со креирање на лажни вести преку алатката ClassTool-Breakingnews. Со нив успеавме да се пошегуваме со нашите другарчиња од училиштето.
Активност во Canva - изработка на Постер.
По повод 9 мај eTwinning Day во алатката Canva изработувавме постери на тема My dream school ( Моето училиште од соништата ) . Најпрво сите ученици добија задача за дома да нацртаат цртежи на тема Моето училиште од соништата во ликовна техника по нивни избор. Потоа извршија презентација на своите изработки пред останатите ученици. По извршената презентација се направи список составен од желби на учениците што треба да има во нивното училиште од соништатат. потоа учениците беа поделени во два тима. Едниот тим кој беше поделен на два пара работеше во алатката Canva и израбоуваа постери, а другиот тим во кој имаше три групи по 3 ученици работеа со ЛЕГО коцки и изработуваа макети на тема Моето училиште од соништата. Нивните изработки и процесот на работа можете да го погледнете подолу на сликите. За презентација на оваа активност пред останатите ученици во училиштето во алатката Flex Clip е изработено видео.
На крајот од проектот на сите ученици им беа доделени Сертификати за нивно активно учество во реализацијата на проектот.
Проектот покрај тоа што е дисеминиран на оваа веб страна тој исто така е дисеминиран на родителските средби, но и на наставничките и одделенските совети. Овој проект е внесен во Годишната програма да работа на училиштето и истиот е реализиран на дел од часовите за животни вештини. Проектот исто така е дисеминиран на Facebook страната на училиштето, но дел од активностите реализирани за време на проектот се дисеминирани и на Facebook страната на еТwinning Makedonija со што е запознаена и пошироката јавност со активностите кои се преземени.