Наслов на активноста: Coding Math 2024
Датум и време на реализација: 8 ноември 2024 (петок) во 13:30 ч.
Начин на реализација: Практична активност со дигитална алатка
Алатка: GeoGebra
Целна група: Ученици од IX-1
На 8 ноември 2024 година, учениците учествуваа во проектната активност Coding Math 2024, каде преку употреба на апликацијата GeoGebra имаа можност да ги поврзат математиката и програмирањето.
Во текот на активноста, учениците:
✔ Ги користеа координатниот систем и принципите на транслација за креирање геометриски облици.
✔ Создаваа фигури со своите имиња, применувајќи кодирани инструкции.
✔ Ја развиваа својата логичка мисла, просторно размислување и дигитални вештини.
Оваа активност овозможи стимулирање на креативноста, подобрување на математичките компетенции и развивање на интерес за програмирање преку практична примена. Учениците покажаа голема заинтересираност и активно учество во сите фази на задачата.
Активноста беше успешно реализирана, а учениците ги проширија своите знаења преку иновативен пристап. Ова претставува важен чекор во интеграцијата на STEM образованието во наставата и поттикнува развој на 21-вековни вештини. За учеството во оваа активност учениците заедно со нивниот ментор се здобија со Сертификати.