Проектот "Математика преку стрип и карикатура mArt 2023" е дел од eTwinning и нашето училиште втора година по ред се вклучува во негова реализација. Во проектот учествуваат 50 училишта со 117 наставници од Хрватска (76), Србија (17), Турција (8), Македонија (5), Романија (4), Босна и Херцеговина (3), Португалија (1), Албанија (1), Црна Гора (1), Грција (1) Учесници се ученици од 7 до 18 години, кои преку конкурс изработуваат стрипови и карикатури. Трудовите се доставуваат до наставниците и може да бидат дело на еден или повеќе автори. Оваа година, акцентот е на соработката во училишниот тим, со учество на наставници од различни предмети. Нашето училиште учествува со тим од тројца наставници: Силвана Крстеска (математика), Фила Вероска Стојковска (македонски јазик) и Богоја Мојсоски (ликовно образование). Завршната активност вклучува Регионален избор на стрип и карикатура, со онлајн гласање за победниците, слично на Евровизија. Сите дела кои ги исполнуваат пропозициите ќе бидат изложени во атриумот на училиштето, а најдобрите ученици ќе добијат дипломи за освоено 1, 2 или 3 место.
Силвана Крстеска
Богоја Мојсоски
Фила Вероска Стојковска
Првата активност во проектот беше изработка на Плакат на кој го објавивме Конкурсот и условите за учество. Со тоа ги информиравме на сите ученици во училиштето за проектот во кој можат да се приклучат. Плакатот беше изработен во алатката Canva и истиот беше поставен и во eTwinning катчето во училиштето, но и на влезната врата во училиштето. Во изработката на плакатот учествуваат ученички од 8-мо одделение кои изминатата година учествуваа во проектот и изразија желба уште тогаш дека че учествуваат и оваа година. Овој проект предизвика голем интерес кај учениците и првата, но и оваа учебна година.
Постерот во алатката Canva го изработија ученичките од 8 одделение
Теона Шиникоска и Миа Алачкоска
Проектот започна со потпишување на согласности од родителите на учениците и нивно поставување во Wakelet и претставување на учениците во проектот со нивни аватари во Padlet. За креирање на аватарите со кои се претставуваа имаа на располагање повеќе ИКТ алатки, а нашите ученици ги употребија Bitmoji и Snapchat. Креирајќи ги аватарите учениците уште еднаш ги потсетивме за правилата за безбедно користење на интернетот и опасностите кои таму ги има. Детално ги запознавме со законот за авторски права и copyright. Во проектот се вклучени 17 ученици од 7мо, 8мо и 9то одделение.
Наредна активност за учениците беше изборот на Лого за проектот. Оваа година се одлуживме за избор на лого на проектот да се врши од наградените карикатури и стрипови од трите категории од минатата година. Крикатурите и стриповите беа поставени во алатката Tricider, а учениците можеа да гласаат за логото кое најповеќе им се допаѓа. Горди сме што помеѓу понудените за избор се наоѓаше и нашиот стрип Математичка цедевита кој изминатата година беше второ награден во категорија предметна настава.
Магдалена, 7 одд
Теона, 8 одд
Изабела, 8 одд
Миа, 8 одд
Јована, 8 одд
Леонтина 8 одд
Сара, 9 одд
Миа 8 одд
Александар, 9 одд
Сара 8 одд
Никола 7 одд
Од работата на учениците
цртање на карикатури
ликовно образование
Во рамките на проектот, една од активностите беше изработка на стрип од страна на учениците. Темата на стриповите беше поврзана со математика или некој познат математичар. На часовите по македонски јазик, наставничката Фила Вероска Стојковска им објасни на учениците што е стрип, историјата на неговата појава, првиот стрип, како и поврзаноста на стрипот со другите медиуми и уметности. Учениците научија за структурата на стрипот и неговите компоненти, за трите главни светски центри на стрипот, како и за почетоците и промоцијата на стрипот во Македонија. Преку видеозаписи, учениците се запознаа и со работата на неколку македонски стрип артисти.
Учениците имаа различни можности за креирање на стрипот – можеа да изберат дали ќе го цртаат со помош на некоја ИКТ алатка или ќе го изработат со традиционално цртање во некоја уметничка техника. На дополнителен час, наставничката Силвана Крстеска им ги презентира на учениците ИКТ алатките Canva и Book creator, кои беа предложени за креирање на стрипови.
Погледнете ги креираните стрипови од страна на тимовите од ученици. овие стрипови беа поставени и на изложбата во училиштето.
Од работата на учениците
Изработка на стрип - македонски јазик
ИКТ алатки за изработка на стрип Canva i Pixton
Во училиштето организиравме изложба од сите креирани карикатури и стрипови. Изложбата ја посетија сите ученици кои учат во нашето училиште и сите имаа можност да гласаат за својот омилен стрип и карикатура. После пребројувањето на гласовите беа прогласени најуспешните стрипови и карикатури кои го претставуваат нашето училиште на Регионовизијата. Ученици кои освоија 1, 2 или 3 место добија и дипломи. Погледнете како течеше изложбата и кои се победниците во стрип, а кои во карикатура.
Александар, 9 одд
I награда
Јована, 8 одд
II награда
Изабела, 8 одд
III награда
I награда
II награда
III награда
III награда
Онлајн средба на учениците која се оддржа на 28.5.2024 со почеток од 20 часот на платформата Google Meet. На средбата присуствуваа ученици и наставници ментори од сите 60 училишта 85 учесници во проектот. На средбата се изврши гласање за најдобар СТРИП во сите три категории: одделенска настава, предметна настава и средна школа. Принципот на гласање беше по евровизиски тип. Претставник од секое училиште ги презентираше гласовите за 2 бода, 4 бода, 6 бода, 8 бода и 10 бода. Презентер од нашето училиште беше Мила Веселинова од 7 одд. На овој состанок имавме и уредувач наставник Силвана Крстеска која ги внесуваше доделените 10 поени во табелата за гласање. Слики од регионовизија - Стрип.
Онлајн средба на учениците која се оддржа на 29.5.2024 со почеток од 20 часот на платформата Google Meet. На средбата присуствуваа ученици и наставници ментори од сите 60 училишта 78 учесници во проектот. На средбата се изврши гласање за најдобара КАРИКАТУРА во сите три категории: одделенска настава, предметна настава и средна школа. Принципот на гласање беше по евровизиски тип. Претставник од секое училиште ги презентираше гласовите за 2 бода, 4 бода, 6 бода, 8 бода и 10 бода. Презентер од нашето училиште беше Миа Алачкоска од 8 одд. Слики од регионовизија - Карикатура.
На ден 18.6.2024 преку Google Meet се одржа заеднички состанок со проектните партнери. Темата на овој состанок беше заедничко пополнување на апликацијата за Национална Ознака за Квалитет. На состанокот се поминаа сите чекори од апликацијата и сите проектни партнери даваа предлози и идеи за што подобро пополнување на апликацијата што е од голема помош за сите вклучени во проектот особено на новите учесници во еТвининг проектите.
Според резултатите од анкетата, која ја пополнија 105 ученици, 45,7% од нив учествуваат за прв пат во eTwinning проектот. Со овој проект привлековме многу нови eTwinner-и, како ученици, така и наставници. 67,6% од учениците го оценија своето лично задоволство од проектот со оценка одличен, а 69,5% од нив ја оценија самата тема на проектот со истата оценка. Повеќе од 60% од учениците креираа стрип или карикатура затоа што уживаа во тоа, а скоро 34% од нив го направија тоа за да научат нешто ново. 72,4% од учениците ги развија своите математички компетенции и научија нешто ново за време на проектот. Дури 88,6% од учениците би се приклучиле на овој проект и следната година, кој планираме понатаму да го развиваме. На крајот, учениците оставија поттикнувачки реченици полни со задоволство и со желби да учествуваат и следната година, без разлика што можеби ќе ја променат школата.
Излезната анкета ја пополнија 31 наставник. 46,9% од нив за прв пат учествуваа во eTwinning проект, со што ги проширивме овие проекти меѓу математичарите низ целата Регион. 96,9% од наставниците го оценија своето лично задоволство од проектот со оценка одличен, а 100% од нив ја сметаат темата на проектот за интересна. 96,9% од наставниците сметаат дека активностите на проектот се целосно осмислени. 81,3% од наставниците успеале да ја популаризираат математиката меѓу своите ученици преку проектот. 100% од наставниците сметаат дека Регионовизијата е идеален завршеток на овој проект, а 93,8% од нив би се приклучиле на проектот и следната година. 96,9% од наставниците ја оценија авторката на проектот со оценка одличен и на крајот напишаа низа пофалби за организацијата, мотивацијата, енергијата и осмислените активности.
Графичкиот приказ на евалуциите можете да го погледнете на следните презентации.
Дисеминацијата на проектот ја вршевме на Facebook страната, но и на веб страната на училиштето. Проектот беше дисеминиран и низ страниците од училишниот весник. Исто така на родителските средби во текот на целата учебна година родителите беа тековно известувани за сите активности кои ги реализиравме. Изработката и на оваа веб страна е исто наменета да дисеминација на проектот. Активностите на тимот наставници го дисеминиравме и преку оваа е-книга изработена во алатката Book Creator
Проектот е дисеминиран во училишниот весник ( страна 16 и 17) кој е поставен на веб страната од училиштето