Се ближи Европското фудбалско првенство во 2024 година. Сакаме да ги доближиме учениците до примената на математиката, науката, уметноста и културата преку фудбалот.
Цели на проектот:
Признание на репрезентациите учесници на ЕП 2024 година.
Набљудување и препознавање научни сегменти во фудбалот.
Учениците на платформата се претставија креирајќи свои аватари во алатката Bitmoji и поставувајќи ги на линкот од алатката Digipad каде кратко се претставија себеси и имаа можност за се запознаат со другите ученици кои учествуваат во проектот. Ова е тимот ученици кој учествува во овој меѓународен проект. Во него се вклучени 6 ученици од 6-то одделение и 8 ученици од 8-мо одделение.
Aнабела
Бисера
Мартина
Сара
Теона
Викторија
Со употреба на алатката за креирање на анимации Quiver, учениците си креираа свој национален дрес и топка со која би сакале да се претсават како мали Marphy фудбалери. Погледнете како течеше работата на оваа активност.
Една од првите активности во проектот беше пополнување на влезна анкета изработена во Google Forms во која учениците го проверија своето предзнаење за фудбалот и европските првенства во фудбал на почетокот од проектот. Во изработката на прашањата за анкетата учествуваа сите наставници ментори со доставување на свои предлог прашања на Форумот од ЕСЕП платформата.
Неделата на кодирање ја одбележавме и со активност во рамките на овој проект. Учениците добија кодови кои ги дешифрираа. Со добиените букви го формираа насловот Code Week но имаа и кодови си кои добија слики од фудбалски топки. Сликите ги обоија и се доби едно прекрасно пано. Што и можете да го видите од приложените слики.
Логото на проектот го изработија ученичките Изабела Томановска и Јована Јовческа од 8 одд. За изработка на логото ја користеа алатката Canva. Притоа тие изработија неколку верзии на логото, но со договор со сите ученици во проектот едно од нив беше поставено на ЕСЕП платформата за да влезе во натпреварувачки избор со доставените лога од другите партнерски земји.
Логото кое се постави на ЕСЕП платформа
Гласањето за најубаво лого го извршивме преку Google Forms активност за која јас како проектен партнер бев задолжена. За логото гласаа 154 учесници, а со 56 гласови за најубаво лого беше избрано логото од Industrijsko-obrtnička škola Slatina - mentor Melita Crnković
Наредна задача во проектот беше осмислување на математичка задача интегрирана во фудбал која ја поставувавме на заедничка Canva презентација. Секој проектен партнер постави по најмалку една задача, а секој од партнерите имавме задолжение со учениците да ги решаваме соодветно возраста на учениците. Оваа активност ја реализирав во рамките на редовната настава и се решаваше задачата од партнерите соодветно наставната содржина која ја предавав со учениците.
Во рамките на оваа активност секој проектен партнер изврши презентација на еден наставен час во кој ги има интегрирано математиката и спортот со акцент на фудбалот. Презентирањето на активноста можеше да биде или во форма на презентација или во форма на постер поткрепен со сценарио на час. И оваа активност ја реализирав на редовните нааставни часови тема 3 Геометрија и решавање на проблеми, наставна содржина Одредување радиус, плоштина и волумен на топка.
Како активност во проектот беше испратено писмо со намера до Фудбалската Федерација на Македонија. По продолжение писмото кое беше испратено до ФФМ.
На наша голема жалост од страна на Фудбалската Федерација на Македонија не добивме никаков повратен одговор, иако неколку пати се обидовме да стапиме во контакт со нив. Фудбалските сојузи од Република Хрватска и Република Босна и Херцеговина одговорија на нивните повици и учениците заедно со нивните ментори имаа можност да присуствуваат на фудбалска утакмица од нивната земја, да се запознаат со нивните репрезентативци и да направат интервју со нив.
Во рамките на проектот на ден 7 декември со почеток во 18 часот целото училиште се вклучи во реализација на проектната активност Вечер на математиката. Во активностите организирани од Хрватското Математичко Друштво бевме вклучени сите одделенија од 1 до 9 одделение односно околу 150 ученици од училиштето. Учениците имаа од 6 до 9 работни центри со различни математитички активности кои имаа задолжение да ги решат за да се здобијат со Благодарница.
Еден од заедничките продукти во проектот ни беше навивачката песна која ја направивме користејќи ја алатката за вештачка интелигенција ChatGPT. Учениците од секое училиште запишаа по еден збор со различна буква, а потоа тие зборови беа поставени во алатката за AI и ова е резултатот од неа. Кои зборови беа поставени можете да погледнете тука.
Секое училиште што учествуваше во проектот типуваше за победник на ЕУРО 2024. Наш фаворит е Шпанија, а дали сме во право ќе дознаеме на 14.07.2024 година. Ова беше уште една заедничка публикација.
Круна на нашата соработка во проектот е заедничката е-книга која ја креиравме во алатката Story Jumper, а како изгледа таа погледнете тука.
Проектот се интегрира во постоечката училишна програма преку програмата на редовна и додатна настава каде се наведуваат содржините, исходите, начините на реализирање на содржините, активностите на учениците и наставниците, корелацијата и меѓупредметните компетенции. Бидејќи проектот се базира на проектно ориентирана настава, тој е дел од планот на Тимот за проектно планирање Проектната работа и соработката меѓу учесниците во проектот овозможуваат кај учениците развој на вештини и компетенции. Преку проектот развивавме мултидисциплинарен пристап во работата, развивајќи емпатија и соработка, учејќи како заедно да учиме и истражуваме, работејќи на личен и социјален развој. За време на работата на проектот се трудевме да развиеме: дигитални компетенции (вештина на управување со информации, пронаоѓање и управување, селектирање на податоци и претставување); меѓучовечки и граѓански компетенции (договор за правилата на работа и почитување на правилата, почитување на рокови); одговорност, преземање иницијатива; естетски вредности, креативност; култура на комуникација. На часот по математика, учениците учеа за цртежи во размер и одредуваа вистинска големина на димензиите од фудбалското игралиште, а потоа ја пресметуваа и неговата плоштина, цртаа во своите тетратки план на футбалско игралиште според даден сооднос, учеа за вектори и ја прикажуваа патеката на топката од еден до друг гол користејќи вектори (употребувајќи Geogebra). На часот по информатика, учениците го креираа логото на EURO 2024. На часовите по одделенска заедница учеа за алкохолите, нивната поделба, важност, примена и правилата за убаво однесување на стадионите. На часот по биологија учениците учеа за правилната исхрана и исхраната на фудбалерите. Учениците изработија и неделно мени за фудбалери, и што може млад човек да направи за да биде здрав. На часот по македонски јазик учеа за пишување за писмо со намера и за интервју, а на часот по музичко учеа за елементи на композиција.
Покрај редовната комуникација која ја имавме на нашата месинџер група, одржавме и состаноци каде детално се договаравме за сите активности околу реализацијата на проектот.
На почетокот од проектот со задавање на заеднички прашања креиравме влезен прашалник ( анкета ) со кој ги утврдивме предзнаењата на учениците за фудбалот и Европските првенства. На крајот од проектот го повторивме прашалникот за да ги споредиме резултатите. Ова е направената нанализа на добиените резултати.
Евалуацијата на проектот е крајна активност. Од направената евалуација заклучивме дека учениците се многу задоволни од реализираните активности, уживале во нив и со задоволство би учествувале во истиот или сличен проект на него. Оценката за проектот беше чиста петка 5!
Проектот беше редовно дисеминиран на родителските средби, на состаноците на наставниците, на оваа веб страна и на Facebook страната на училиштето.