CodeWeek или Недела на кодирање е проект во светски рамки во кој учествуваат повеќе од 3,4 милиони ученици од повеќе од 80 земји ширум светот. Учениците од најмала возраст се охрабруваат да го применуваат кодирањето при решавање на логички проблеми и проблеми од секојдневниот живот. Бидејќи нашето училиште е вклучено во проектот „Училишта на 21 век'' активностите кои јас ги пријавив во рамките на Неделата на кодирање се поврзани со предметот математика, тема Мерење и решавање на проблеми, а во интеграција со кодирање во Micro:bit.
Оваа година CodeWeek започнува од 9 октомври и ќе трае се до 24 октомври. Во овој временски период наставниците во период кој ним им одговара можат да реализираат своја активност со кодирање или да преземат некоја од веќе понудените активности на веб сајтот од CodeWeek.