100-от ден на училиште е меѓународен проект што се слави во средината на февруари како 100-ти ден од почнувањето на учениците на училиште.
Учениците одбележуваат низа интересни и стимулативни активности кои преку игра и истражувачки активности на бројот 100, имаат за цел да ја поттикнат љубовта кон училиштето, школувањето и интересниот ден на проектот што го поминуваат.
Проектот е еднодневен и се спроведува на точно 100-тиот наставен ден во училиштето.
Силвана Крстеска
наставник по математика-физика
Претворање на идеите од учениците во акција, развивање способност за планирање и управување со проекти за да се постигнат целите, како и иновативно размислување.
Планирање постигнување на зададени цели, како и иновативно размислување и преземање ризици.
Користење компјутери презентирање и размена на информации како и безбедно користење на информатичко- комуникациската технологији.
Користење на учење, знаење и вештини во различни контексти, како што се учење на далечина.
Интеграција со наставните содржини: Множење и делење цел и децимален број со декадна единица, 3D форми, Мерки за маса, должина, зафатнина од предметот математика како и проширување на знаењета на учениците по предметот математика преку истражување за познати научници од историјата на математиката.
Тимот кој учествуваше во проектот:
Димитар
Елена
Емилија
Ангел
Ангела
Михаела
Валерија
Ивана
Сара
Во рамките на проектот ги изведовме следните активности ( колекцијата од активности можете да ја погледнете и тука):
Решававме 100 задачи во Bookwidgets
Во Jamboard креиравме книга со 100 познати научници
Во WordArt наравивме слика 100 во која внесовме 100 математички поими
Направивме практична изработка со 100 чечкалици или 100 пластични чаши
Составивме пазал од 100 парчиња во Bookwidgets
Кодиравме во Microbit
Креиравме збор со слики користејќи ја апликацијата Phinsh Collage Maker
Во продолжение погледнете ги нашите изработки
100 задачи за 100. Ден во училиште линк: кликни овде
Алатката Jamboard е одлична алатка за соработничко учење. Во неа учениците имаа задолжение да направат брошура во која ќе ги внесат 100 најпознати научници. Учениците најпрво истражува на интернет ги пронајдоа 100 најпознати научници низ историјата, а потоа секој ученик си ги пополна своите страници во колаборативната алатка Jamboard. Како се тоа изгледа погледни тука!
WordArt една од омилените алатки во која брзо и лесно креираме слики со вметнување на поими. Овој пат во бројот 100 вметнавме 100 математички поими.
Практични изработки! Да се направи 3Д форма употребувајќи 100 пластични чаши или 100 чечкалици. Ова се нашите изработки!
Составување пазал од 100 парчиња во Bookwidgets ( Линк )
Кодирање во Microbit ( Линк )
Креирање букви и бројки со слики ( аватари ) со користење на мобилната апликацијата Phinsh Collage Maker. Секој од учениците имаше задолжение да креира бројка или некоја буква со својот аватар , а потоа со здружување на креираните бројки и букви го испишаа текстот 100 ДЕН ВО УЧИЛИШТЕ
Сертификати за учениците за успешно учество во проектот.
Дисеминација на проектот во медиумите.