Post date: Jun 01, 2011 12:33:56 AM
Во име на Аллах , Милостивиот, Сомилосниот
Последната декада муслиманите почуствуваа масовно поместување кон тоа да се изучува исламот.Во оваа напредна технолошка ера , исламското знаење е распространето за масовно користење и на начин на кој е достапен за сите преку новата ера на Интернетот.
Пред дваесетина години студентите и учењаците требаа за секоја работа да пребараат во нивните книги. Денешниот онлајн портал до исламското знаење им ја дава на студентите можноста да тие учат без да ги напуштат своите домови.
Иако има ова своја корист и предности, секако дека има и свои недостатоци.
Онлајн изучување-проверка на озбилност
Многу муслимани не разбираат дека за да се учи за ислам преку интернет треба многу самодисциплина. Не само што треба да се седи пред монитор и да се внимава, проблем е тоа што онлјан студентите одовараат сами за себе.
Оние кои започнуваат со онлјан курсевите треба да се преипитаат зошто се со желба да го потрошат своето време учејќи и што сакаат да постигнат со тоа.Ако студентот нема расчистено со себе и со своите цели, тој нема да може да ја има потребната самодисциплина за продолжи правилно со учењето.
Учењето на ислам не е најдобар метод за секого и затоа треба да се подготви секој за себе и да види дали е подготвен.
Многу битна работа што треба да се научи е дека знаењето е средство, а не целта. Знаењето е средство за да ние го заработиме задоволството на Аллах и Џеннетот(рајот) кој ни е ветен, и ова е како треба да се гледа на работите. Исто така е битно да се знае дека истово се постига постепено и во нивоа. Еден од добрите претходници кажал:„Кој се здобил со знаење наеднаш, ќе го изгуби и наеднаш.“
Развивањето на знаењето трае со години. Всушност некој од учењаците го гледа тоа како животно посветување. Абдуллах ибн Мубарек(р.а.) бил запрашан :
„Колку време ќе трагаш по знаењето?“ –Тој одговорил:„Додека не умрам најверојатно, бидејќи не сум ги научил сеуште работите кои најмногу би ми користеле.“
Одењето низ овие нивоа исто така бара стрпливост и многу висока посветеност и постојаност. Таа за студентите треба да е поголема дури и од обичните студенти кои учат во „живо“.
Многу е лесно да се пријавиш за некоја активност и изучување на некој онлајн програм, пред се поради почетниот интерес кој се јавува. После неколку часа бројот на студенти нагло почнува да опаѓа. Оваа иницијална фаза ги раздвојува оние кои што се посветени студенти – оние кои ја имаат самодисциплината да учат-
од оние кои не се доволно сериозни или кои разбрале дека онлајн студирањето не е за нив.
Студентите треба преку тоа да разберат дека во прво време се тестира нивната решеност и озбилност да учат.
Најголем проблем во овие учења онлајн е недостигот на интеракција(разговор) помеѓу студентот и учителот. Во многу книги од кои се бара знаење најголемите поглавја се резервирани за тоа како треба барателот на знаење да се однесува наспрам учителот.
Учителот не е само извор на знаење, туку е и извор на однесување.Кажано е одамна дека знаењето е алатка која треба да има убаво однесување за да може да проработи. Најдобар начин за еден студент си ги развие манирите е да чита за животописот на Пратеникот а.с. , неговите придружници-асхабите, и за животот на учењаците. Запомни дека знаењето без однесување не оди одделно и дека тоа нема да те однесе далеку.
Етика на студентите
Има безброј книги кои говорат за етиката на оние што бараат знаење. Повеќето од нас не видел учењаци нити учел пред нив.Поради ова ние треба да дадеме важност на некои нешта:
-Точност ; треба да се даде респект кон знаењето
-Коплетна фокусираност ; еден од најголемите предизвици е да не се биде дефокусиран,односно да не ни го одвлекува ништо вниманието кога учиме или следиме предавање во живо , и затоа секое чатање, пребарување по сајтови и читање настани и слично е одвлекувае и неозбилност.
-Почитувај го учителот - Многу е тешко да се почитува учителот доколку не е пред тебе.Студентот воопшто не се грижи за времето и трудот кој е вложен за да се подготви едно предавање и тема. Почитувај го тоа.
-Облечи се како за час; Ако ние се спремаме и се дотеруваме за некои работи пред луѓе, истото ќе го сториме и овде, иако никој не не гледа од луѓето, со тоа се дава потенцијал на озбилноста .
-Остани во контакт со учителот Ова се однесува до емаил контакти, форуми и воопшто за контакт.
-Не снимај без дозвола Студентите треба да побараат дозвола за снимањата кои ги прават од нивните учители иако не ги делат со други.
-Дај исто значење на онлајн учењето како и на учењето во живо- поради домашната атмосфера многу лесно се заборава на посветеноста која ја имаме.Како што сме го започнале часот,така треба да гледаме да го завршиме.
-Имај стрпливост за работи што ги знаеш за време на часот може да се случи да го знаеш делот кој се предава но тоа нека не ти биде повод да не слушаш, туку гледај да го чуеш повторувањето кое е многу корисно. Тоа уште повеќе ќе те приземји.
Ова се само некои од поентите битни за секој истражувач и барател на знаење.
Начин да се максимизира учењето онлајн
- Имај стабилен другар, ова ќе ти ја зголеми мотивацијата и таквиот пријател ќе те подсетува и ќе ти укажува доколку нешто си пропуштил од лекциите и ќе ти ги каже забелешките кои ги земал.
- Изгаси ги сите вебсајтови и небитни страни за твоето учење, тие само ти одвлекуваат внимание.Доколку неможеш оддалечи се од комјутерот и слушај оддалеку.
- Твоите забелешки ставај ги на лист, бидејќи комјутерот може да ти одвлече внимание
- Седи на клупа или на маса, немој да лежиш на кревет и сл.
- Спреми се за часот како да е во живо
- Спреми ги своето пенкало и својата тетратка, изгаси ги мобилниот, телефоните и спреми се за тивка атмосфера,затвори си ги вратите, и не дозволувај децата да ти влегуваат и излегуваат.
- Поучи ја фамилијата и своите за тоа што си го научил, за да повториш , макар била една обична работа.
- На секоја работа дај и го своето право.Немој да си ги запоставиш обврските, ни кон Аллах, но ни кон најблиските.
- Повтори си пред наредниот час тоа што си го поминал
- Чини дова кај Аллах и моли го да твоето знаење биде корисно и доказ за тебе, а не доказ против тебе и да го молиш Аллах да го завршиш започнатото.
Сето оваа иншаАллах ќе биде од корист за оној кој бара знаење .
Подготвил: Сухејб Веб- Исламски онлајн универзитет