Post date: May 15, 2011 2:3:55 AM
“Единствено призната вера кај Аллах е Исламот.” (Али Имран,19).
“А оној кој што сака некоја друга вера сем Исламот,нема да му биде примена,и тој на другиот свет ќе настрада.” (Али Имран,85).
Меѓутоа, конечната верзија на Исламот дошла со пратеништвото на Мухаммед а.с.,и во тој смисол,историски,потполниот Ислам дошол после Христијанството и Еврејството. Како што се гледа,оваа вера не го носи своето име по Мухаммед а.с. (за муслиманите е навредливо кога Исламот ќе се нарече Мухаммеданство) ниту по некој народ.
Исламот значи доброволна и потполна предаденост на Возвишениот Аллах џ.ш., Створителот на луѓето и световите. Етимолошки, зборот Ислам е изведен од глаголот еслеме, кој пред се го означува човековото доброволно предавање на Аллаховата Воља на тој начин во него да се положат сите надежи и при тоа да се напушти секој вид на себичност и горделивост. Попратните значења на овој збор се: склад, хармонија, мир, вроденост.
Куранот го открива Исламот во целиот видлив свет:
“Зарем не знаеш дека и оние на Небесата и оние на Земјата му се клањаат на Аллах,а и Сонцето,и Месечината,и звездите,и планините,и дрвјата,и животните,и многу луѓе,-а многумина заслужуваат и казна....” (Ел-Хаџџ,18).
Како верско искуство, Исламот е еден важен момент која ја означува почетната точка од која почнува човековата вистинска понизност, скрушеност и предаденост. Човекот во Исламот е Абдуллах, роб, понизна личност, во исто време и само поради тоа - горд пред Бога кој е неговиот Рабб, Господар, Створител, Одржувач, Одгојувач.
Суштината на Исламското учење е содржана во Шехадетот, Очитувањето кое гласи:
Ешхеду ен ла илахе иллеллах
Ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху
(Јас со срцето верувам, а со јазикот потврдувам дека нема друг Господ освен Аллах, и дека Мухаммед е Аллахов роб и Аллахов Пејгамбер).
На овие два темели од јасниот и најстрогиот монотеизам е изградена комплетната зграда на Исламот како вера,верозакон,култура и цивилизација,со еден збор: на едно сеопфатно учење.
УНИВЕРЗАЛНА ВЕРА
Исламот им се обраќа на сите луѓе и народи.Најчестите вакви обраќања во Куранот се:
“О,луѓе;О,верници;О,следбеници на Книгата...
“О,луѓе,плашете се од Господарот ваш кој ве создаде од еден маж.Од него создаде жена.И од нив расеа многу мажи и жени...” (Ен-Ниса,1).
Мухаммед а.с. Говорел дека сите луѓе се еднакви како забите на чешелот;нема предност Арап над неарап,ниту неарап над Арап,белец над црнец,црнец над белец:луѓето се разликуваат само по свеста за Бога и по извршувањето на Неговите прописи.
Правата и земните ресурси им припаѓаат на сите човечки битиа,затоа што истите ги гарантира и создава Аллах џ.ш. Према тоа Исламот е: ВРОДЕНА И ПРИРОДНА ВЕРА.
Прописите кои ги донел Исламот не се ускладени према сталешката,материјалната,расната,географската или некоја слична позиција,туку према универзалната човекова природа која Кур,анот ја нарекува Фитретуллах:
“Па, исправи го лицето свое кон чистата вера, кон Аллаховата природа, према која Тој луѓето ги создаде...” (Рум,30).
Исламот многумина го нарекуваат “вера на прописи” - поради тоа што не постои ниту еден сегмент од човечкиот живот,а да не е или да не може да биде третиран во неговиот правен систем.Тие прописи генерално се делат на Халал - она што е дозволено и Харам-она што е забрането.Халалот и Харамот не поседуваат ирационални или нелогични прописи,несватливи или не складни со универзалните човечки чувства за доброто и злото.
Исламската забрана за убивање,крадење,конзумирање алкохол,свинско,месо од пцовисаните животни,крв,лажење,проституција, камата . . . има свој лесно прифатлив смисол, таканаречен Хикма (Мудрост), како што на ист начин тоа лесно е да се свати и преку внатрешниот морален глас кој ги оправдува исламските обврски и широката свера на дозволеното.