Post date: May 14, 2011 11:9:38 PM
Наставни прашања:
1.Што е Ла иллахе иллаллах?
2.Што се постига со тоа?
3.Кои се двата услови на шехадетот?
4.Што била мисијата на Мухаммед а.с.?
5.Може ли создаденото во било кој момент да биде обожувано?
6.Што е заедничко за сите погрешни верувања?
7.Дали е доволно само да се верува во Аллах?
by Виртуелна медреса on Saturday, May 14, 2011 at 3:49am
За почеток ќе почнеме од основа на верувањето на секој муслиман.
Исламот е монотеистичка религија
Значи прво и основно за монотеизмот да биде исправен е потребен условот -Ла иллахе ила Аллах-што е негација или негирање на сите божества кои претставуваат пречка за да Го признаеш Единиот Бог. Под поимот божества спаѓаат сите обожувања на предмети, луѓе, ѓаволот, правци кои ги измислил чоекот, кипови, демони и сл. Но, најпрвин треба да се знае кој е Аллах -Единствениот Бог, кој нема ниту син, ниту ќерка , ниту дозволува некој да се моли кон Него преку посредник , ниту тој Бог има човечки атрибути. Аллах е Живиот , Вечниот, Творец, Господар на Судниот ден, најдобар Судија, Упатувач , Прекрасен создател, Вистинскиот, Возвишениот, Милостивиот и Сомилосниот (99 познати атрибути). Нему Му припаѓаат највозвишените својства.
Сето создадено од Него - растенијата, животните , предметите, атомите, ѕвездите, Земјата, Сонцето и Месечината , сите галаксии Му се поклонуваат и Му се покоруваат на начин кој е познат само на тие созданија. За разлика од сето создадено, човекот има душа и тело, има избор да прави добри и лоши дела.Секое добро дело што ќе го стори таа душа ќе го види на Судниот ден, и секое лошо дело, дури да е ситно колку атом, таа душа ќе го види и ќе ̀биде пресудено. Со Божја милост ќе го заработи Рајот или Пеколот.
Вториот услов или второто сведоштво за да бидеш монетеист е да го иполнуваш условот -Мухаммеду ресуллуллах-
а тоа значи дека ги следиш сите Пратеници испратени од Бога и нивната мисија, почнувајќи од Адам а.с., Ное, Аврам, Мојсие, Исус и Мухаммед- како печат на сите Пратеници и сето тоа што тие го донеле како вера од Бог. Оној кој ќе го прифати ова се нарекува муслиман , еднобожец , и потоа преостанува да се следат прописите на исламот и да се напуштаат забраните.
Верување дека некој друг, освен Аллах џ.ш, може да влијае на човечката судбина, односно управување, претставува есенција и срж на суеверието. Тоа, исто така, претставува суштина на ширкот (сметање нешто рамно на Единиот Бог)-најголем грев кој може да се направи. Главната цел на мисијата на Аллаховиот пратеник, Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, од почетокот била луѓето да ги изнесе од темнината на ширкот во тевхид (монетеизам), односно од обожување на луѓе, животни, џинни (демони) и предмети, во обожување на Господарот на сите набројани. На тој пат бил злоставуван, пцуен, физички малтретиран, меѓутоа успешно ја завршил својата мисија.
Вреди да се истакне дека важна порака на Исламот е дека Аллах и Неговата творба се јасно различни ентитети. Ниту е Аллах творба или дел од неа, ниту пак е творбата Тој или пак дел од Него. Ова би можело да изгледа очигледно, но човековото обожување на творбите наместо Творецот, во голем дел е базирано на непознавањето на овој концепт. Постои верување дека Битието на Аллах е насекаде во Неговата творба, или пак дека Неговото боженствено Битие, или пак било присутно во некои облици на Неговите творби, оправдувајќи го на овој начин обожувањето на творбата, така што ова обожување може да се нарече "обожување на Аллах преку Неговите творби". Како и да е, пораката на Исламот, како што е донесена од пророците на Аллах, е да се обожува едниствено Аллах и да се одбегнува обожувањето на неговите творби на директен или индиректен начин. Во Кур'анот Аллах јасно наведува:
"И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер (пратеник): ‘Обожувајте Го Аллаха и избегнувајте ги шејтаните (ѓаволите)!’" (Кур’ан 16:36)
Кога на идоло-поклониците им се поставува прашањето зошто им се поклонуваат на идолот создаден од човекот, одговорот е секогаш непроменлив: тие, всушност, не ја обожуваат самата камена статуа, туку Аллах, Којшто е присутен во неа. Тие тврдат дека камените идоли се само фокусна точка на Аллаховото Битие, и дека самото тоа не е Аллах! Тој што го прифатил концептот на постоењето на Битието на Бог во Неговата творба, на било кој начин, ќе биде обврзан да го признае овој аргумент за идолопоклонство. Така, оној кој ја разбира основната порака на Исламот и неговите импликации, никогаш не би се впуштил во идолатрија, без оглед на тоа како таа би се осмислила. Тие, кои низ вековите го прокламираат боженството за самите себеси, често ги базирале нивните тврдења на погрешното верување дека Аллах е присутен во човекот. Тие просто се бранат со тоа дека иако Аллах, според нивните неточни верувања, е во сите нас, тој е повеќе присутен во нив отколку во нас останатите. Оттаму тие сметаат дека ние би требале да им ја покоруваме волјата ним и да ги обожуваме нив, како да се тие Бог во личноста, или пак Бог концентриран во самата личност. Слично на ова, оние кои што го бранеле ова духовно - божјо братство, имаат пронајдено плодно тло меѓу оние кои што го прифаќаат неточното верување во Божјото присуство во човекот. Тој што ја сознал основната порака на Исламот и неговите импликации, никогаш не би можел да се согласи да обожува човечко суштество под било какви околности. Божјата религија, во суштина, е јасен повик на обожување на Творецот и одбегнување на актот на обожување на творби во било каква форма. Ова е и значењето на мотото на Исламот: “Нема друго божество освен Аллах”
Искажување на овој збор ја донесува индивидуата во закрилата на Исламот, а искреното верување во него му го гаранатира Рајот. Затоа, се пренесува дека последниот Пратеник на Исламот рекол: "Секој што ќе рече: Нема друго божество освен Аллах и умира придржувајќи му се на ова верување, ќе влезе во рајот." (Пренесено од Ебу Дар во колекцијата на веродостојни хадиси од Бухариј и Муслим)
Ова е доследно на потчинетоста кон Аллах како Еден Бог, добивајќи награда од Него заради покорување на Неговите заповеди и одбивањето на политеизмот и политеистите.
Постојат толку многу секти, култови, разни верувања, движења и филозофии на светот, кои што се декларираат како прав и единствен вистинит пат кон Аллах. Но, како може некој да одреди која од овие е во право, или пак сите се во право?! Начинот на кој би можеле да го пронајдеме одговорот е да ги "исчистиме" површинските разлики на учењата на различните предавачи за конечната Вистина, и да го идентифицираме централниот објект на обожување на кој тие повикуваат на директен или индиректен начин. Сите погрешни религии имаат заедничко еден основен концепт што се однесува до Аллах. Тие или изјаснуваат дека сите луѓе се богови или дека одредени луѓе биле Аллах, или дека природата е Аллах, или пак дека Аллах е продукт на човековата имагинација.
Според тоа, може да се тврди дека основната порака на погрешната религија е дека Аллах може да се обожува преку Неговата творба. Погрешната религија го повикува човекот да ја обожува творбата, именувајќи ја неа, или некои аспекти од творбата - Бог.