Post date: May 22, 2011 12:18:55 AM
Наставни прашања:
1.Во што треба да се обединат сите луѓе?
2. Која е единствената вера кај Бог?
3.Зошто повеќето луѓе не ја следат вистината?
4. Кој завет Го зел Бог од своите Пратеници?
5.Поради која причина не бил прифатен Мухаммед а.с. и другите Пратеници?
Во името на Аллах , Милостивиот, Сомилосниот
Разделеност на паганите во нивното обожување на Аллах и во верата која ја следат е настаната поради пагански причини.
Аллах вели дека Ги создал луѓето и џинните во Куранот од следнава причина:„Луѓето и џинните ги создадов само за да Ме обожуваат.“(Ез Заријат, 56)
-И меѓу себе тие се поделија, во она што ги обединуваше, на деленици, и секоја странка го величаше она што е при неа.(Ел Муминун,53)
31. приклонувајќи се кон Него. Плашете се од Него и намаз извршувајте, и немојте да бидете меѓу многубошците,
32. меѓу оние кои ја поделија верата своја и кои станаа деленици. И секоја странка е радосна со она што го поседува. (Ер-Рум)
4. А оние со дадената им Книга станаа деленици токму по дојдената им јаснотија.
5. Наредено им е само Аллаха да го обожаваат, и верата искрено да Му ја предаваат, во сета чистота нивна, и намаз да извршуваат и зекат да даваат. И, ете, тоа е верата исправна!(Ел Бејинне)
Значи Божјата вера е една за сите луѓе : Евреи,Христијани, многубожци, Арапи и неарапи.Аллаховата вера е една , а таа се состои во обожување на Аллах Единствениот и со несметањето никој рамен на Него. Меѓутоа тие се поделија во својата вера и секоја група и дружина имала своја вера по која се разликувала од останатите вери и дружини.До ден денеска тие групи опстанале на тој начин и постојат. Најкарактеристично кај арапите многубошци било тоа што биле поделени во своите обожувања. Некои од нив го обожувале Сонцето, некои од нив месечината, некои обожувале кипови,а некои обожувале добри и побожни луѓе, а некои дрво и камења. Во ваква состојба биле паганите и тие неписмените.Не ги обединувала верата,туку напротив ги делела по странки.
....32. меѓу оние кои ја поделија верата своја и кои станаа деленици. И секоја странка е среќна со она што го поседува. (Ер-Рум)
Ова се смета за потполна казна и искушение, да човекот биде среќен што ги следи лагите. Обврска би било да биде обратно, и човек да стравува од заблудата, да стравува од скршнување и од пропаста, меѓутоа кај нив било спротивното.Тие воопшто не ни размислувале темелно за исправноста на тоа што го следат и веруваат, дали е тоа вистина или лага.Главна грижа им било да останат во верата на нивните дедовци и татковци, на својот народ и на своите фамилии. Нив не ги грижело дали е тоа вистина или лага. Но за сите нив тоа всушност преставувало искушение и испит.
Кога човек ќе се радува на лагата,тоа навистина е казна, бидејќи тоа е знак дека нема никогаш да ја напушти.
Тоа е особина на паганите.Аллах ни забранил да бидеме такви.
31. приклонувајќи се кон Него. Плашете се од Него и намаз извршувајте, и немојте да бидете меѓу многубошците,(Ер-Рум)
191. Зар Нему да сметаат рамни оние кои неможат ништо да создадат, а и сами се создадени ,
192. и кои неможат да им помогнат, ниту можат да си помогнат на себе?
193. А ако ги замолите на вистинскиот пат да ве упатат, нема да ви се отповикаат ; исто е дали вие ги повикувале или молчеле.
194. На оние кои вие покрај Аллах им се молите,навистина се робови како и вие.Па вие им се молите и нека се отповикаат ако е вистина тоа што го кажувате.(Сура 7)
Ова е тоа што Го пропишал бог на сите Божји пратеници, и на Нух(Ное) и на Ибрахим(Аврам) и на Муса(Мојсиј) и на Иса(Исус) и на Мухаммед нека е Божји мир и спас врз сите нив. Тоа била вера на сите Божји Пратеници од кои најиизбрани биле овие пет. Аллах зел завет од сите нив :
7. Ние од веровесниците заветот нивни го зедовме, и од тебе, и од Нух и од Ибрахима, и од Мусаа, и од Исаа, синот Мерјемин цврст завет зедовме
8. за да би можел Тој да ги повика на одговорност веровесниците за она што го говореа; а за неверниците Тој подготви болно страдање. (Ел Ахзаб)
Верата на Пратениците била една , а тоа е обожување на Аллах Единствениот , не сметајќи Му ништо рамно.
Оваа вера не прифаќа одвојување и неследење на нив, и да се следи секоја вера посебно.Туку да верата од сите луѓе биде една.
„Луѓето и џинните ги создадов само за да Ме обожуваат.“(Ез Заријат, 56)
Обврска на сите суштества е монетеизмот, кој бил објаснет од Бог преку Своите пратеници , и не го препуштил на луѓето,туку испратил книги по нив, и кажал дека тоа е Единствено исправна вера, и дека тоа е Единствено исправно покорување на Бог.
Затоа луѓето немаат право сами на себе да си одредуваат вера,кога Тој Севишниот ја одредил ,Исламот да биде вера, а последниот верозакон е верозаконот испратен по Мухаммед а.с.
43. Затоа држи се до она што ти се објавува, бидејќи ти си навистина на Вистинскиот пат.
44. Кур’анот е навистина чест и за тебе и за народот твој; ќе одговарате вие.
45. Погледни во одредбите објавени на пратениците Наши, кои пред тебе ги праќавме, дали наредивме, покрај Милостивиот, да се клањаат на други божества. (Сура 43)
105. И не бидете како оние кои се разијдоа и во мислењата се подвоија кога веќе јасни докази им дојдоа, - нив ги чека страдание големо.
106. На Денот кога некои лица ќе побелат, а некои лица ќе поцрнат. Оние на кои лицата ќе им бидат црни ќе им сé каже: ”Зошто откако бевте верници, неверници станавте? Па искусете го страданието затоа што не верувавте!”
107. А оние чии лица ќе бидат бели ќе бидат во Аллаховата милост во која вечно ќе останат. (Али Имран ,105)
Со овој ајет ни се забранува да си ги следиме страстите и да бидеме како оние кои се подвоиле во својата вера кои се следбеници на паганските идеи, и тоа не било поради незнаење, туку поради страст:„.. кога веќе јасни докази им дојдоа...“ Тие страсти станале нивни божества покрај Аллах Возвишениот, а Аллах не оставил никого а да не Му испратил доказ и без да му достави книга и Пратеници.
Тоа е уште од кога Адем а.с. се спуштил на Земјата, и тоа не прекинало до појавата на Мухаммед а.с. ,после кого сме и ние сведоци дека немало други Пратеници.Оваа вера нема да се докине се до Судниот Ден.Никој нема да има оправдание:
„19. О следбеници на Книгата(христијани и евреи), ви дојде пратеникот Наш – откако некое време е прекинато испраќањето пратеници – да ви објасни, за да не речете: „Не ни има дојдено ниту оној кој носи радосни вести, ниту оној кој опоменува!” Па, ете, ви дојде, оној кој носи радосни вести и кој опоменува. А Аллах може сé.(Ел Маиде)
Меѓутоа следбениците на страстите, се одалечија и не го прифатија Пратеникот, не поради незнаење,туку поради страст и негирање. Затоа, Аллах преку Куранот и праксата на Божјиот Пратеник ни укажал како да ги избегнеме овие замки на ѓаволот кој сака да не заведе и да не Упати во секое добро.
Сите тие поделби кои имаат за цел да не оддалечат од правилно Упаство кое ни е дојдено преку Куранот и Суннетот(Праксата на Божјиот Пратеник а.с.)
Единствено ја исполниле земјата како место за страв, сиромаштво,војни и несреќи кои настанале поради секави поделби.А Аллах, Семоќниот , Создателот ни дал решение кое е јасна Вистина, а тоа е само Него да Го обожуваме и да не ги следиме своите страсти разноразни поделби по странки и партии.