Post date: May 20, 2011 5:3:51 PM
Должности спрема муслиманите воопшто
Вистинскиот муслиман животот на овој свет го смета само како посредна епизода, неминовно менлива, но сепак многу важна. Таа му е важна само затоа што таа претставува прилика да се погрижи за задгробниот, вечен живот. Поедноставно речено и сфатено: животот на овој свет, колку и да трае, не е ништо друго освем заработка, добивање своевидна влезница за местото на Ахирет. Кој ќе работи добри дела го чека џеннет, а кој ќе работи лоши дела, доколку Аллах не му се смилува, го чека џехеннем.
Секој човек може да делува на три колосеци. Неговите дела на секој од овие колосеци значи според намерата, суштината и природата, можат да бидат позитивни или негативни, доби или лоши. Тие произлегуваат од човечкиот став и однос кон тие колосеци.
Всушност се работи за следниве три релации:
- човекот спрема Аллах џ.ш
- човекот спрема самиот самиот себе и
- човекот спрема останатите луѓе
Според исламсото учење, човекот мора да биде највнимателен кога е во прашање третата релација. Муслиманот ќе посвети најголема грижа, внимание и љубов со развивање на својот добар, поситивен став спрема околината, значи, спрема останатите луѓе. Аллах џ.ш простува, и мораме да се надеваме на Наговото простување. Факт е дека можеме да погрешиме и кон сопственото битие, но и тогаш не мораме да бидеме тешко загрижени, зошто сепак ќе си простиме сами на себе. Меѓутоа, да се згреши кон некој друг, претставува мачна непознаница. Никој не може да ни гарантира дека ќе ни прости лицето кон кое сме згрешиле. Тоа е причина зошто човекот треба да биде најпретпзлив во својот однос кон друите, мора да се чува од нанесување какво било зло, неправда, навреда или до друг каков било грев кон кого било.
Курани-керим на многу места ги упатва луѓето како треба да се однесуваат едни кон други. Тој нуди длабоки, мудри решенија, со кои меѓусебните односи - во сите свои видови - можат само да се подобрат. Да се применуваат препреките на Аллах џ.ш во врска со ова значи најактивно да се учествува во изградбата на поубаф , похуман ипоблагодарен живот на овој свет, а тоа во исто време значи да се развиваат во човекот неговите позитивни особини и настојувања, а да се гаснат негативните и штетните. Аллах џ.ш тука е категоричен. И тоа на повеќе места во Курани-керим зборуваво заповедна форма. Еве само неколку аjети:
" И држетесе цврсто сите за Книгата на Аллах џ.ш" (Али Имран, 103)
" Ако две дружини на верници се судрат, помиретеги едни со други.” (Ел-Хуџурат 10)
“ Верниците, навистина, се браќа... па, тогаш помирете ги браќата ваши.” (Ел-Хуџурат 10)
“ Нека една дружина од вас повикува на добро: нека наредува добро и нека забранува зло. Токму таквите се спасени!” (Али Имран 104)
“Повикувај кон патот од Господарот твој, и со мудрост и со добра ука. И расправај на најдобар начин со нив! Господарот твој, навистина, најдобро го познавава оној кој скршнал од Неговиот пат. Он најдобро ги знае упатените!” (Ех-Нахл 125)
На ова прашање му посветувал посебно внимание, посебна грижа и сериозност и нашиот Пејгамбер Мухамед а.с. Со целиот свој живот, со целото свое дело тој е најблескав пример муслиманот како човек мора да биде и како да се однесува кон другите. Има прекрасни примери и настани од неговиот живот врзани за оваа тематика. Да се присетиме само за овие неколку вистини: самиот ја крпел својата облека; позајмувал пари од своите пријатели; во неговиот дом со недели не е запален оган; чест оброк му била корка леб и вода. Да се сетиме и на онаа сцена со Укаше, кога Пејгамберот, штом ја почуствувал смртта, побарал од присутните во преполна џамија било чија побарувачка, без оглед од каква природа е, да се се порамни на овој свет, па асхабот Уккаш побарал да му возврати со камшик зошто Пејгамберот него, во една прилика - иако ненамерно - го удрил по градите. Доедка присутните се зачудиле, чкртале со забите и биле подготвени да го раскинат Уккаш, Божјиот Пејгамбер наредил да се донесе камшик и ги изложил своите мубарек гради.
Уккаш ја искористил оваа состојба: скокнал до аллаховиот Пејгамбер и неговите гради ги опсипал со најтопли бакнежи. Рекол дека отсекогаш сакал да слушне како куца срцето на овие мубарек гради.
А сега да спомнеме неколку изреки од Мухамед а.с кои се однесуваат на оваа материја:
- Најдобар муслиман е оној од чии дела и зборови се мирни и безбедни другите муслимани.
- Кој ќе го погледа својот брат муслиман со љубов, ќе му бидат простени малите гревови.
- Човекот на Ахирет ќе биде со оние кои ги сакал. (Кога пејгамберот го рекол ова настанала силна веселба меѓу асхабите зошто сите тие го сакале бескрајно, а според овој хадиси-шериф, тие ќе бидат вечно со него. Оваа чест ќе ја уживаат сите подоцнежни, вистински муслимани).
На Судниот ден Аллахџ.ш. ќе рече:” каде се оние кои се сакале не поради некој интерес, туку поради мојот разилук (поради мене). Денес ќе ги сместам под Мојата ладовина, освен која не постои друга ладовина”.
Многубројни се должностите на муслиманите спрема другите муслимани. Овде ќе спомнеме само некои:
- да му се посака на братот она што се посакува за самиот себе;
- да се советуваат своите браќа, зошто советот е светски темел;
- во никој случај да не се навредува братот муслиман;
- да не се радува на нечија зло, стрдање или неволја;
- да се трпат навреди, зошто Мухамед а.с рекол: “ Се додека човекот ги поднесува навредите, дотогаш упатените навреди мелекот ги враќа кај оној кој ги изговорил, а кога ќе почне да ги враќа, тогаш ќе дојде шејтанот (а ќе си замине мелекот).” Познато е дека безредието почнува таму каде што ќе дојде шејтанот. Често пати ќе се пролее крв;
- да му се дава утеха на братот кога е во некаква неволја. Мухамед а.с рекол: “Едно од најмилите дела на Аллах е да се зарадува братот муслиман”;
- да се посредува во помирување на скарани. Мухамед а.с за тоа рекол: “ Една од најдобрата садака е да помириш скарани”;
- да се зема во заштита својот брат кога некој го потценува или напаѓа;
Мухамед а.с. рекол: “ Ако некој го потценува братот муслиман во нечија присутност, па овој не го зема во заштита, а тоа може да го направи, Аллах него ке го потцени на Судниот ден пред целиот свет.”;
- за зло да се возвраќа со доброчинство;
- да го посетиш оној кој тебе те напуштил
- да му се дава на оној кој не ти возвраќа
- да се има убаво мислење за својот брат муслиман. Зошто Мухамед а.с. рекол: “ Чувајтесе од лоши мисли, зошто лошата мисла е најлажлив говор”;
- да не се завидува на Аллаховите дарови, зошто зависноста му штети на завидникот;
- да се покриваат туѓите срамни дела и да не се истражуваат нечии мани. Мухамед а.с рекол: “ Kој ќе ја скрие срамотата на својот брат муслиман, Аллах ќе ја скрие неговата срамота и на овој и на идниот свет”;
- на никој да не се потсмева
- никому да не се ветува нешто без фразата “Иншаллаху теала”;
- на хедие да се враќа со хедие (по можност подобро);
- да не се бара нешто туѓо и да не се бара нешто без потреба и неволја;
- да се користи “мудар” спрема оние кои човекот не ги поднесува. Мухамед а.с. рекол: “ наредена ми е мудара спрема луѓето колку што и е наредено да ги извршувам фарзовите” (Мудара= да се постапува спрема оние кои не ги сакаш така како да ги сакаш);
- да се посети болесник па било да живее далеку;
- да му се клања џеназе на муслиманот и да се испрати до мезар;
- да се одговори на прашање;
- да се има сожалување кон братот кога е во неволја;
- да се зема во заштита оној кој се напаѓа во негово отсуство;
- да се оѕвие на повик;
- да се чува пријателството;
- да се поздравува со селам.