Post date: May 15, 2011 2:5:18 AM
Аллах - Бог, Врховен и единствен Бог, Господар и Создател, во христијанството познат како Отецот, а во јудеизмот како Јахве.
Рабб - Господар, на арапски, од атрибутите и имињата на Бог.
Ер-Рахман - Милостивиот,
Ер-Рахим - Сомилосниот,
Ел-Малик - Владетелот,
Ел-Куддус - Светиот, имиња на Бог!
Ислам - покорност кон волјата Божја, мирољубивост, единствено призната вера кај Бог.
Муслиман - покорен на Бога, припадник на исламот, оној кој ги извршува петте исламски принципи.
Мумин - верник, муслиман кој цврсто верува и ги исполнува сите обврски со длабоко уверение. Состојбата на човекот, дали е верник ја знае само Возвишениот!
Џахил - оној кој не знае, не упатен во верата, игнорант.
Ќафир - неверник, не-муслиман, атеист, оној кој ја негира или крие вистината.
Мушрик - политеист, многубожец, паган.
Куран - Божјата Реч, светата Книга на муслиманите, последната Божја објава. Во директен превод значи она што се чита, рецитира!
Сура - поглавје од Куранот.
Ајет - цитат или стих од Куранот. Значи знамение или доказ.
Џуз - дел од Куранот составен од дваесет страници, а има вкупно 30 џузови.
Џибрил – Архангелот Габриел или Гаврил.
Хадис - зборовите на Божјиот Пратеник Мухаммед. Свет текст, извор на учењето на исламот.
Шеријат - Исламскиот верозакон, кој се базира на Куранот и Суннетот. Единствениот Божји и праведен закон на светот.
Шехид – сведок. Може да се употреби во случај на маченик кој загинал на Божјиот пат сведочејќи го монотеизмот.
Нијет - намера.
Ахирет - идниот, оној свет.
Дуњалук - овој свет. Некогаш се употребува како асоцијација за материјализам.
Хаир или хајр - добро, аир, арно.
Шер - зло.
Ибадет - обожување.
Убудијје - робување.
Намаз (тур) или Салах (ар) - дневна, редовна и облигативна молитва кај муслиманите. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење - наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум - наречени сеџда.
Кијам - стоење.
Руку - прегиб, поклонување.
Сеџда - паѓање (спуштање) ничкум, коленичење, клањање.