Post date: Aug 04, 2011 1:42:22 AM
Прашање 15.
Која е разликата помеѓу тевхидур–рубубијје и тевхидул–улухијје?
Тевхидур–рубубијје значи признавање на Аллах, џелле ша’нуху, за единствен Господар и Создател на сè, дека снабдува, дава живот и смрт, праќа дожд, создава секакви растенија, одржува и одредува сè во универзумот, а се однесува на признавање на Неговите дела. Тевхидул–улухијје значи дека сите ибадети од луѓето и џинните Му припаѓаат на Аллах, џелле ша’нуху, како што се молењето, копнежот, почитта, покорноста, понизноста, каењето, стравот, потчинетоста, зависноста од Него и секаков друг вид и начин на обожување, а се однесува на делата кои луѓето и џинните се должни да ги извршуваат спрема Него.
Прашање 16.
Кои начини и облици на обожување Му припаѓаат единствено на Аллах, џелле ша’нуху?
Ова се некои од начините и облиците на обожување или ибадет1 кои единствено Му се посветуваат на Аллах, субханеху ве те’ала: барање помош за нешта кои единствено Тој ги може, принесување курбан, наведнување (поклонување или руку), спуштање на сеџда, заветување, страв и надеж, зависност од Него, покајување, љубов и надеж, стравопочитување, богобојазност, понизност, покорност и потчинетост, кои што го покажуваат нашето признавање на Неговата Величественост, Совршеност и Возвишеност, а која е божествено својство.
1 Ибадет – Робување, обожување на Единиот Бог, Господар и Создател, Аллах (заб. на прев.).