Post date: Jul 11, 2011 11:16:57 PM
ТРИ ОСНОВНИ НАЧЕЛА
Во името на Аллах Милостливиот Семилосен
Аллах да ти се смилува обавезни сме да научиме четири правила:
1.Прво спознавање на Аллах субахане ве теала, спознавање на Неговиот
Посланик, и спознавање на верата Ислам со докази.
2.Второ, работа по ова претходно правило.
3.Трето, повикување во знаење.
4.Четврто, сабурење (стрпливост) на негодувањата што ќе го пратат тоа.
Докази за ова се зборовите од Возвишениот Аллах:
“ Се колнам во времето ! Човекот е поразен, навистина! Освен оние
кои веруваат и кои добри дела работат;кои еднинадруги вистина
препорачуваат и кои еднинадруги трпеливост препорачуваат! “
(сура Ел-Аср)
Шафија Аллах да му се смилува, рекол:“Кога Аллах би ја објавил само
оваа сура како доказ за створенијата, доволна би била.“
Ел-Бухари Аллах да му се смилува, наведил во својот сахих:
“Знаењето е пред зборовите и делата “
Докази за оваа констатација се зборовите од Возвишениот Аллах:
“Знај дека нема други бог освен Аллах! Барај опрост за своите гревови“
( Мухаммед 19)
Така овој ајет започнува со споменување на знаење пред зборовите и
делата.
Аллах да ти се смилува, должност на секој муслиман и муслиманка е да ги
спознае овие три начела и да работи по нив.
ПРВО: Аллах нас не создал, и не опскрбил, и не не препуштил нас на
самите себеси, ни пратил Посланик. Па, кој ќе му биде покорен, ќе влезе
во Џеннет, а кој не ќе му биде покорен, ќе влезе во Џехеннем.
Доказ за ова се зборовите од Возвишениот Аллах:
“Да, Ние ви испративме пејгамбер кој ќе сведочи против вас исто онака
како што на фараонот му испртивме пејгамбер. И фараонот, тогаш, не го
послуша пејгамберот и Ние, заради тоа, го зграбивме со еден грабеж
груб.“ ( Ел-Музземил 15-16 )
ВТОРО: Возвишениот Аллах не е задоволоен со тоа да му се во
обожавањето (во правење на ибадет) придружува било кој, ни на Него
блиски мелеки, нити посланик (веровесник),
Доказ за ова се зборовите од Возвишениот Аллах:
“Џамиите, навистина, се за Аллах и, тогаш, никого не повикувајте освен
Аллах! ( Ел-Џинн 18 ).
ТРЕТО:Оној кој се покорува на Посланик с.а.в.с и верува во Аллах, во се
му искажува Единственост, не е дозволено да пријателува со оние кои му
се спротивставуваат на Аллах, па макар ако тој е некој негов најблизок.
Доказ за ова се зборвите од Возвишениот Аллах:
“Не ќе најдеш, луѓе кои веруваат во Аллах и во Денот Суден да се дружат
со оние кои се против Аллах и пејгамберот Негов: било да се предците
нивни, синовите или браќата нивни или роднините нивни. Во срцата нивни
го впиша верувањето и ги оспособи со Духот од страна Негова, и Он ќе ги
воведе во бавчите Џеннетски низ кои реки течат, и во нив за навек ќе
останат! И Аллах ќе биде задоволен од нив а оние ќе бидат задоволни од
Него. Ете, тоа е странката на Аллах, навистина, е онаа која победува!“
( Ел-Муѓаделе 22 ).
Аллах те упатил на покорност само према Нему, исправноста на
Ибрахимовата вера била очигледна во робовање само на Единствен
Аллах и искрено исповедување на верата само Него.
Тоа Аллах џелешануху им го наредил на сите луѓе и заради тоа ги створил,
како што тоа и го рекол:
“ И џиновите и луѓето Ние ги создадовме само да Не обожаваат“
(Ез-Заријат 56)
Зборот “ ја,будун “ (ибадет прават, робуваат) значи признавање и
искажување Единственоста Аллахова ( ТЕВХИД ) во се.
ТЕВХИД ( Аллахова Единственост) највеличенствено е заради тоа што
Аллах го наредил, што значи да сметаш дека единствено само Аллах
џелешануху е достоен да му се прави ибадет.
ШИРК, правење ибадет на некој друг покрај Него, и најважно е тоа што
Аллах џелешануху го забранил.
Доказ за тоа се зборовите од Возвишениот:
“И обожавајте го Аллаха и ништо немојте да Му здружувате “
( Ен-Ниса 36)
Ако некој те праша: кој се тие три темели кои човекот е должен да ги
познава тогаш кажи им: да роб(човек) го спознае својот Господар и
својата вера и да го спознае својот Пратеник, Мухаммед с.а.в.с.