Post date: May 23, 2011 10:42:56 PM
Прашање 12.
Кој е доказот дека Мухаммед, алејхис-селам, е веровесник?
Како доказ за веровесништвото на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, наведени се Аллаховите зборови чие што значење гласи:
„Мухаммед е само пратеник, а и пред него имаше пратеници. А ако умре или ако биде убиен, зарем ќе се вратите по стапките ваши?9 А оној што ќе се врати по стапките свои на Аллах во ништо нема да му наштети, аблагодарните Аллах ќе ги награди!“
(Кур’ан, 3:144);
и:
„Мухаммед е Аллахов пратеник, а неговите следбеници се строги кон неверниците, а милостиви едни со други. Ги гледаш и на руку и на сеџда, како ги бараат благодетите и задоволството Аллахово. Има белези на лицатанивни од трагите на сеџдата. Така се опишани во Тевратот.10 А во Инџилот:11 како семе што ќе го исфрли никулецот негов, ќе се зајакне, а потоа ќе се затврди врз стеблото, вчудоневидувајќи го сејачот; за Тој со верниците да ги разлути неверниците. А Аллах им ветува прошка и награда голема на оние кои веруваат и кои чинат добри дела!“
(Кур’ан, 48:29)
Прашање 13.
Што е доказ за пратеништвото на Мухаммед, алејхис-селам?
Доказ за пратеништвото на Мухаммед, алејхис-селам, е Аллаховиот говор чие што значење гласи:
„Мухаммед не е татко никому од вас, туку е само Аллахов пратеник и последен веровесник, а Аллах сè најдобро знае!“
(Кур’ан, 33:40)
Овој ајет докажува дека тој е последниот и најдобриот во низата Божји пратеници.
Прашање 14.
Со која цел Возвишениот Аллах, го пратил Мухаммед, алејхис-селам?
Аллах, субханех ве те’ала го пратил Мухаммед, алејхис-селам, со цел да им укаже и да ги упати луѓето да Го обожуваат единствено Него Возвишениот, и да не Му придружуваат никого и ништо во обожувањето, какошто се на пример мелеците, пратениците, евлиите, камењата или дрвјата – со еден збор, идолите. Возвишениот Аллах во Кур'анот, во превод на значење, вели:
„И Ние не испративме ниту еден пратеник пред тебе, а да не му објавивме: ‚Нема друг бог освен Мене, затоа само Мене обожувајте ме!‘“
(Кур’ан, 21:25);
и:
„И Ние за секој народ испративме пратеник: ‚Обожувајте Го Аллах, а избегнувајте ги тагутите12!‘“
(Кур’ан, 16:36);
исто така и:
„И прашај дали на пратениците Наши, кои што пред тебе ги праќавме, дали им наредивме, освен Милостивиот, други божества да се обожуваат?“
(Кур’ан, 43:45)
Исто така, во превод на значењето, вели:
„Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“
(Кур’ан, 51:56)
Според овие ајети јасно е дека Аллах, џелле ша’нуху, сè што создал постои само за да Го обожува, па им го пратил Неговиот пратеник на Неговите робови да им укаже и да им заповеда да Го обожуваат самоНего.
[9] Зарем повторно ќе станете неверници и отпадници од Исламот!?
10 Теврат - Стариот Завет (заб. на прев.).
11 Инџил - Новиот Завет (заб. на прев.).
[12] Тагут – шејтан, ѓавол, сотона, тој што е обожуван покрај Аллах и е задоволен со тоа обожување, Тој што ги повикува луѓето да го обожуваат него, тој што тврди (претендира) дека го знае гајбот (невидливото), тој што суди спротивно на исламскитезакони. Ова е дефиниција дадена од големиот исламски научник Салих ел-Феузан (заб. на прев.).