Post date: May 31, 2011 12:51:40 AM
Шејх Халид Јасин
Во името на Аллах, Милотивиот , Сомилосниот
Идентифицирај го својот предизвик и пречките. Што значи ова? Немој да преценуваш ниту да потценуваш и тоа никогаш!
Немој да потценуваш со кого зборуваш, немој да мислиш дека знаеш што правиш и да се удираш во гради, и дека си ги прочитал сите овие книги и дека си го зел тој курс за давет, и дека си ги прочитал сите овие книги и брошури, дека си го завршил овој курс и си добил 4-5 сертификати за давет, и дека мислиш дека знаеш што правиш и ајде сега ќе ги растуриме овие христијани. Немој да потценуваш! И немој да преценуваш! Не го гледај сега неговиот профил во смисла дека овој професор или кој и да е, дека изгледа толку моќен и дека е толку кристално јасен и елоквентен, и дека на секој му спушта и дека не знаеш што да му кажеш и дека незнам што да правам и наеднаш :
„Шејх, шејх, те молам дојди да зборуваш!“
Задржи си ја својата постојаност и знај дека секогаш постои мерка за секого! Постои време, постои место, постои начин и постои доказ.
Научи да го разоружаш својот противник! Колку од вас ги познаваат борбените вештини? Ако личноста има оружје во своите раце, некогаш, е добро да трчаш подобро од тој што може да трча!
Никој не вика да бидете Брус Ли или Џет Ли. Иако сте ги виделе тие потези, можеби нема да се случи на тој начин, но треба да имате добра кондиција и ако не можете да ја разоружате таа личност, барем останете надвор од тоа да ве повреди. Значи останете вон досег или разоружајте ја таа личност. Е сега за да се разоружа, тоа е техника која ќе ја учиме понатака и претставува земањето на силата (воздух) од нивниот напад. Исто како во бокс, ако видам дека човекот не е во добра форма, прва работа за мене е да почнам да танцувам околу и да го удирам во плексус, и да го удирам добро и да го издишам, бидејќи неговата сила е баш од таму! И обично ако го удриш добро во плексус, борбата брзо ќе заврши! Има и друго место каде можеш да го удриш и сестрите знаат за тоа, па обично борбата завршува!
Или дај му ајет, дај му Куран или нешто како солзавец или спреј за заштита, и научи ги различните нешта кои ги прават арогантните луѓе или паметните луѓе и начинот како да ги разоружаш. Аллах ни вели да користиме директни и убедливи аргументи. Биди директен и биди искрен, гледај директно во него и немора да бидеш многу паметен, само биди искрен, правичен и користи заедничка логика.
Зацврсти ги принципите по кои веќе се сложувате. Што значи тоа? Тоа значи дека кога зборуваш со некого, дека нема потреба да се расправаш за нешто што генерално се сложувате. Дали сте забележале дека кога зборувате со некои личности дека не постои навистина нешто што треба да се расправа, и тоа е така бидејќи кога зборуваш со него тој клима со глава и ти вели: „Да јас се сложувам со тоа.“ Но ти знаеш дека тој е христијанин. И ти продолжуваш да кажуваш одредени работи, и не е можно дека се сложуваат со сè што кажуваш, и мора да не се сложуваат со нешто од тоа. А ти сакаш да се расправаш. Не треба така. Доколку нема расправа, немој да се трудиш да ја бараш. И ако ти им предложиш нешто или им објасниш нешто што тие не го разбираат или погрешно го разбрале, немој да кружиш околу исти работи постојано. За сè што ќе се сложите дај му на знаење дека тоа е добро, и дека е битно да се продолжи до наредна точка, доколку во вашиот разговор имавте 5 точки, а вие се сложивте на две или три. Зарем тоа не е добро? Тоа е доволно добро за еден ден. И кажи му дека сте се сложиле на 2-3 работи и дека мислиш дека си имал добар разговор, и дека сте постигнале доста и дека не си се сложил на сè, но дека достоинствено нема да се слагате за тие работи денес. „Поздрав и ќе се видиме утре!“ Со тоа го оставаме тој човек да замине на достоинствен начин.
Разликувај ги исламските принципи.
Што значи тоа? Додека ти и другата личност разговарате , таа ти дава свои принципи. Тоа што ти го сакаш е секогаш во својот разговор, и можеби нема при тоа да користиш исламски термини, но при тоа сакаш да ги разликуваш исламските принципи. Подоцна низ разговор ќе покажеме како ќе го сториме тоа, и како ќе му зборуваме на атеист, и тоа без да користиме некаква религиска терминологија воопшто. Ти можеш да натераш атеист да се сложи и со имански и исламски шартови и тоа без воопшто да користиш исламски термини, дури ни зборот Бог! Сигурно ќе се запрашате како ќе го сториме тоа. Тоа ќе го видиме малку подоцна.
Избори се за консензус на тие принципи. Тоа значи да кога ќе користиш исламски принципи и му зборуваш на некого за исламски принципи, што сакаш со тоа да сториш? Почнувајќи со шехадетот Ла иллахе иллаллах и Мухаммедун ресулуллах и одејќи накај исламските и иманските шартови и поминувајќи еден по еден принцип за да дојдеме полека да се сложат со нас. Значи ти веќе се сложуваш, но кога тие ќе се сложат, што имаме? Тоа се вика консензус!
Направи го твојот случај и заврши ја поканата во ислам. Направи го твојот случај и заврши ја поканата во ислам.
Колку од вас имаат работено во продажба? Што е долна линија при продажбата? Пак прашувам која е најдолната линија од вашиот продажен менаџер? Не ме интересира колку луѓе сакате да сретнете, не ме интересира колку добро ќе зборувате, и не ме интересира за вашите презентации. Која е најбитната работа кај маркетинг агентот? Продавањето?
Јас би сакал да знам колку зделки си потпишал и склопил. Зарем не сум во право? Значи, не заборавајте кога правите давет да го завршите вашиот случај и да ја комплетирате поканата. Значи, не мора денес да ја завршите вашата покана. На некои муштерии треба да работите со месеци, а некои и со години! Поготово ако продаваш куќи!
Илустрирај ја науката кај Аллах низ наука. Аллах, џ.ш., низ целиот Куран ни вели и се колне во утро, во време, во Месечината. И што ни вели овде? Ни дава предлог, и тоа научен доказ, доказ од околината, за да си создадеме во нашите умови дека тој е Ел Халик (Извор на сето создавање). Гледате? И ние треба да ја сториме истата работа. Ако сакаш да зборуваш со атеист, или гностик, или личност која неверува во Божјето постоење, или некој се нарекува сциентолог, или нешто слично, кога зборувате со нив не го користете зборот Бог! Користи некој друг атрибут на Аллах, џ.ш., користи го Ел Халик. Тој е Изворот на сето создавање, нели?
Значи користиш различен атрибут за нив! Не велиш Аллах. Ќе кажеш дека е Изворот на сето создавање! Извор на сета моќ! Извор на сето постоење! Ние сите постоиме! Мора да постои некаков извор!
Ако се сложат со тоа, добро е и може да почнеме од некаде! И на тој начин ќе ја преставиш вистината за Аллах низ научни докази! Но, ние не сме научници! И ние не се обидуваме да докажеме ништо преку наука. Не ни е тоа најбитно, туку само правиме референци преку науката. И затоа кога пред некоја ноќ предавав, некој рече дека можеме преку науката да докажеме дека Аллах постои. Некој друг запраша кој Го создал Аллах и дали постои начин да се докаже тоа. Но не постои начин да се докаже тоа! Но како и да е, постојат некои начини како да се одговори на тоа прашање.Но ете ви велам да бидете претпазливи! Тоа е трик прашање, и опасно како минско поле, а ти можеш да стапнеш на минско поле и да ти пукне право во лице. И ако зборуваш со некој што е навистина итар и паметен, да дојдеш во ситуација да каже нешто за Аллах за што немаш право да кажеш! Затоа што нашата работа не е да докажеме никаков апсолут! И некој ако каже: „Докажи ми дека Бог постои!“
И ти почнеш да зборуваш со часови, шејтанот веќе те фатил! Затоа што наша задача не е да докажуваме дека Аллах постои! Нели? Наша задача е да им дадеме насоки и референци на човечките суштества. А Аллах, џ.ш., вели: „За тие што се обдарени со разум!“.
Покажи ја константноста со претходните книги и списи и на Божјите Пратеници и Гласници! Што значи ова?
Куранот воглавно има три пораки! Кои се тие?
Кој ги знае тие три пораки?
Не е битно на која страница ќе свртиш, не е битно ни за која приказна и не битно кој пример. Куранот во основа има три сцени! Џеннет?
Џеннетот е дел од тие три!
Тевхид! Тоа е првата работа!
Праведност? -Не, тоа е едно од ограноците!
Ахирет! Значи гледате.Тевхид, ахирет (оној свет),
и касасул енбија (кажувањата на веровесниците)!
Ова се трите сцени на Куранот!
За што служат сите закони во Куранот?
За да се стигне до ахиретот! Аллах зборува за наредување на добро и забранување на злото за да се стигне до ахиретот!
Законите кои се харам и халал се за да се трасира патот до ахиретот! Касасул енбија се предизвиците кои ни се објаснети, а низ кои веќе поминале Пратениците! И втората работа која Аллах, џ.ш., ја зборува е за да го зацврсти тевхидот и што е најбитно ако читате за сурите Ет Тарик, Вел Лејл, Амме јете саелун - последниот џуз на Куранот, и 29 џуз на Куранот, тие два последни џуза се за да го зацврстат тевхидот! А тоа се и сурите кои биле први објавени! Во Мекка! И повеќето сури во џузи Тебарек и во џузи Амме се што?
Суретул Меккија (Мекански сури)!
Дали тоа е точно? Зашто е така! Бидејќи го зајакнуваат тевхидот! И тоа се сурите кои ние сакаме да ги користиме, и да им зборуваме на луѓето за исламот во почеток и како прво!
Назначи ги принципите на човечкото однесување, човечката цивилизација, и историските докази! Е сега доаѓаме од тевхидот, касасул ембија, и ахиретот и влегуваме во микропример. Тоа е што? Пример за самите човечки суштества. Човечката природа! Човечката психологија! Човечкото однесување! Човечката цивилизација! Историски докази! И сето ова се работи кои може нам да ни послужат заедно со тевхидот, касасул енбија и ахиретот!
Добро, вака браќа и сестри, ние сме во атмосфера каде малку ни е затемнето и немам пуканки за вас и ако ви се приспива, тоа што треба да го сторите е само да ја кренете раката и да појдете до водата, да земете абдест и да се вратите на место. Инаку ќе пропуштите 20 минути од овој филм. Ова се тие месо и компири кои ќе ги пропуштите! Но јас ви давам сос за нив, а без тоа нема да ги проголтате месото и компирите. Значи, ако се изморите, кренете ја рака и одете абдестете се.
Покажи ја невистинитоста на одреден концепт и верување и претвори го тоа во исламски предлог!
Значи, со одредени луѓе со кои што дискутираш, тие ти го даваат нивниот концепт, и тие ти го даваат нивното верување. И ти веќе тоа си го разбрал, а тоа што треба да го направиш е да ја покажеш невистинитоста на тоа верување! Покажи ја слабоста на истото!
Покажи ја глупоста на истото! Покажи ја некорисноста на истото! И после тоа прикажи ја другата страна, и немој да му кажуваш на некој дека нешто е погрешно, без да му кажеш што е исправно! И немој да му кажеш на некој дека нешто не е добро, без да можеш да му прикажеш што е во ред. И не можеш да му кажеш на некој да престане со нешто без да му дадеш алтернатива! Не зборувај за проблемот што го имаат, а при тоа да не можеш да им дадеш решение за истиот! Ова ние не би сакале да го правиме.
Обезбеди исламски одговор и алтернатива на тие невистини! Е сега исламски одговор или исламска алтернатива, има и друг збор за ова и се нарекува исламски предлог! Браќа и сестри, овој збој „предлог“ кој ви го давам е клучен израз и не го заборавајте! Тоа е друг начин за да и се каже на некоја личност: „Слушај, ја сакам да ти дадам предлог!“ И во својот разговор секогаш вели и на таа личност: „Размисли за ова, размислувај за ова, земи го предвид ова, гледате, земи го предвид, размисли за ова, дај да ти го дадам овој предлог, ај на момент да претпоставиме дека вака стојат работиве. Што во врска со ова?“
И сега не зборуваме по оној термин „апсолут“. Ниту зборуваме вака или онака. Тоа луѓето не го сакаат. Тоа значи дека кажуваш: „Јас сум во право, а ти не си!“ И тоа значи за него дека ако тој не веува како тебе дека е во грешка. И тоа ќе ти го каже. „Аха тоа значи дека сè што кажуваат муслиманите е правилно, а сè друго е погрешно и сите во свет грешат.“ Не, не, туку сè што јас се трудам да направам е да ти ја понудам перспективата на Куранот и тоа е исламскиот поглед на работите, но тоа е само предлог до тебе да размислиш! Не е работата во тоа дали сите се во грешка или сите се во право, туку има доста измеѓу да се зборува. Но, ова е само предлог до тебе за да размислиш!
За нас ова е исламски одговор и исламска алтернатива, и во некои случаеви за нас е ова хукм (одредба или закон), и за нас тоа е факт. Но не можеш да го претставиш на другите на тој начин!
Добро, дали помина еден час веќе? Уште 5 минути. Добро!
Стратегија и техника на Даветот.
Всушност ние овде нема да одиме понатаму и ќе застанам овде за момент и ќе одговорам на две-три прашања. Мислам дека сè што кажав гледав подробно да го објаснам. Ако има нешто што не ви е доволно јасно, може да ме прашате!