Post date: Jul 22, 2011 12:18:48 PM
ТЕВХИДУЛ ЕСМАИ ВЕС - СИФАТ
Наставни прашања:
1.Што е Тевхид на Есма и вес сифат?
2.Дали на Аллах Му припаѓа непотполност во Неговите особини?
3.Дали може Аллах џ.ш. да се спореди со создаденото?
4.Дали Аллах може да се замисли?
5.Кој најубаво може да Го опише Аллах?
Тевхидул есмаи вес - сифат накратко значи: цврсто убедување дека на Аллах џ.ш. му припаѓаат сите имиња и својства на совршеност, дека Тој е далеку од сите атрибути на непотполност и дека Тој со своите својства се одликува над сите створениа; својства кои нам ни се познати од Неговите зборови и зборовите на Неговиот пејгамбер , без никаква нивна промена, без обид од нивно потполно сфаќање и објаснување на нивната суштина или споредба со својствата на створенијата.
Аллах џ.ш. вели:
" И никој не Му е рамен ." ( Али Имран: 142 )
Никој не е во состојба поубаво и попотполно да го опише на Аллах џ.ш. од самиот Тој како што себеси се опишал, како што не е можно некој да ја намали вредноста на некое од својствата со кои Возвишениот Аллах себе си се опишал.
Нашето знаење надвор од Кур,анот и Хадисот не е во состојба да го опфати на Аллах џ.ш. :
А од она што Тој Го знае, другите знаат онолку колку што Тој сака.Неговиот Курсиј ги опфаќа и небото и Земјата и Нему не Му е тешко одржувањето нивно. Тој е Севишен , Величествен.(Ел Бекаре;255)
Значи ние на Аллах не можеме да го спознаеме со својот разум и онака како што сакаме, освен со помош на знаењето со кое Тој не обдарил во Кур,анот и хадисот. Од Аллах џ.ш. ни дошло објаснување и знаење па ние го спознавме со тоа знаење. Неговите својства не се како својствата на створенијата, Неговата мудрост не е како мудроста на створенијата, Неговата милост не е како милоста на створенијата.
Аллах џ.ш. рекол :
" Ништо не е како Тој ! Тој се слуша и се гледа ." (Еш - Шура: 11 )
Имам Куртуби, коментирајќи го наведениот ајет вели:
" Овде се говори дека на Аллах џ.ш. во Неговата возвишеност, величенственост, власт, убави имиња и возвишени својства не сличи никој од Неговите створенија, нити било кој од нив со Него може да се споредува. Исто така и Аллаховите својства кои што се спомнати во Кур,анот и Суннетот, а тие се заеднички по изговорот во однос на Аллах џ.ш. и другите створенија, воопшто не сличат во своето стварно значење. Бидејќи, својствата на Оној кој е од секогаш, не се како својствата на оние кои се створени..."
__________________