Post date: Jul 22, 2011 12:11:52 PM
ТЕВХИДУЛ - УЛУХИЈЈЕ
Наставни прашања:
1.Што е Тевхид Улухије?
2.Дали се станува неверник доколку не се прифати тевхид улухије?
3.Дали е тевхид улухије од основа на верувањето?
Тевхидул - улухијје значи упатување на сите видови ибадет само на Аллах џ.ш.
Шејхул ислам Ибну Тејмије во врска со тевхидул - улухијје вели :
" Според овој вид на тевхид се разликуваат монотеистите од мушриците , оние кои вистински го обожуваат Аллах од оние кои истовремено покрај Аллах обожуваат и други. Поради овој тевхид ќе биде наградата или казната на овој и на идниот свет, а кој што овој тевхид нема да го прифати, тој ќе остане меѓу мушриците. " (Medzmuatur resail )
Поради овој вид на тевхид се објавени книгите и испраќани пратениците. Аллах џ.ш. во Кур,анот вели :
" Ние на секој народ му испративме пратеник ( со пораката ) : ' На Аллах чините Му ибадет, а оттргнете се од тагутот ! ' И беа меѓу нив такви на кои Аллах на правиот пат им укажа, а и такви кои што заслужија да останат во заблудата ..." ( Ен - Нахл : 36 )
Не постои ниту еден пратеник кој што им бил испратен на луѓето а да тевхидул - улухијје не бил темел и суштина на неговиот повик.
Аллах џ.ш. рекол:
" Пред тебе ( Мухаммеде ) не испративме ниту еден пратеник, а да не му објавивме :' Нема бог освен Мене, затоа Мене правете ми ибадет!" (Ел- Енбија :25 )