Post date: May 14, 2011 11:15:53 PM
АДАБИ КОН ВОЗВИШЕНИОТ АЛЛАХ Џ.Ш.
(آداب مع الله)
1- Искажување благодарност кон Аллах џ.ш. поради многубројните благодети и дарови со кои Аллах џ.ш. го опсипал човекот. Уште како капка семе во р’бетот на својот татко, потоа како бебе во стомакот на својата мајка и потоа неговото доаѓање на овој свет. Всушност, не е учтиво човекот да ги негира овие божји дарови и да Му биде непослушен. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Секоја благодет што ја поседувате потекнува од Аллах.” (Ен-Нехл, 53) И зборовите: 'Ако ги броите Аллаховите благодети, нема да успеете.” (Ен-Нехл, 18)
2- Стравопочит кон Аллах џ.ш. Имено човекот кога би размислил за величината и знаењето на Аллах џ.ш. треба да почувствува срам поради своето грешење кон Него, бидејќи не е од учтивост робот да греши кон својот господар. Севишниот Аллах вели: 'Што е со вас не очекувате ли од Аллах сила голема? И Тој секакко ве создава постапно.” (Нух, 13-14) 'Тој знае што сокривате и што јавно изнесувате.” (Ен-Нехл, 19)
3- Потпирање на Аллах џ.ш. Имено, човекот кој е свесен дека нема друга сила ниту моќ поголема освен онаа на Аллах џ.ш. и дека нема друго прибежиште и бегање освен кај Него, тогаш тоа е знак на човековата воспитаност и учтивост во однесувањето кон Аллах џ.ш., бидејќи не е паметно да се бега од нешто од што нема бегање, или да се потпира на нешто што е немоќно. Во таа смисла Севишниот Аллах вели: 'Нема ниту едно суштество кое не е во Неговата власт.” (Худ, 56) И зборовите: 'И на Аллах потпретете се, ако сте верници!” (Ел-Маиде, 23)
4- Негубење надеж во Аллаховата милост. Вистинскиот муслиман размислува за Аллаховата добрина кон луѓето, Неговата наклонетост и милост кон него и кон сите луѓе. Затоа му се обраќа со искрена дова и сака да Му се приближи со добри дела и зборови. Севишниот Аллах вели: 'А Мојата милост опфаќа се.” (Ел-’Араф, 156) 'Аллах е добар кон Своите робови.” (Еш-Шура, 19)
5- Праведно и послушно однесување кон Аллах џ.ш.. Имено, правиот муслиман размислува дека неговиот Господар е силен, кој жестоко казнува. Па затоа се чува да не ги прекорачи Неговите граници и да не направи зулум кон него со грешење. Познато е од учтивост дека не е убаво кутриот слаб човек да се противи на Семожниот и Моќен Аллах кој вели: 'Навистина, одмаздата на Твојот Господар ќе биде ужасна.” (Ел-Буруџ, 12)
6- Да се има убаво мислење кон Аллах џ.ш., бидејќи не е од учтивоста на човекот да има лошо мислење кон Бога и да прави непристојни дела. Севишниот Аллах вели: 'И тоа ваше мислење за својот Господар ве упропасти и станавте од настраданите.” (Фуссилет, 23)
7- Да биде уверен дека Аллах џ.ш. за добрите дела ќе го награди, а за лошите дела ќе го казни. Семоќниот Аллах вели: 'Кој ќе направи добро дело, десетоструко ќе биде награден, а кој ќе направи грдо дело, нема да биде казнет освн колку делото и нема неправда да им се направи.” (Ел-Ен’ам, 160)
__________________