Post date: Aug 12, 2011 12:6:48 AM
Прашање 18.
Кои се трите принципи кои треба да ги научиме и да се придржуваме до нив?
Тоа се:
1. Аллах нè создал и нè опскрбил со богатство. Тој не нè заборавил, туку ни испратил пратеник, па кој ќе му се покори на Пратеникот, алејхис-селам, ќе влезе во џеннетот, а кој нема да му се покори ќе влезе во џехеннемот.
2. Аллах, субханеху ве те’ала, не дозволува ништо да Му припишуваме во обожувањето, па ниту најблискиот мелек или пратеник, а камоли нешто друго или некој друг.
3. Оној што му се покорува на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, и верува во едноштвото на Аллах, субханеху ве те’ала, не му е дозволено да пријателува и да им поклонува љубов со оние кои што Му се спротивставуваат на Аллах и на Неговиот пратеник, па дури и да му се најблиски роднини и најверни пријатели.
Тој треба да ги повикува и да ги подучува , и да им посакува добро и да им помага да се спасат, но не по цена на својата вера, посебно кога ќе му стане јасно дека некој е отворен непријател. На таквиот треба да му се спротиставиме со јасни докази од Куранот.
„Остави ги оние кои својата вера како игра и забава ја земаат, и кои животот на овој свет ги обземал, а опоменувај со Кур’анот за да човекот, поради она што го чини, не би страдал, бидејќи освен Аллах – ни заштитник ни посредник нема да имаат бидејќи од него нема да се прими никаква откупнина. Тие, поради она што го правеа, во маки ќе бидат задржани; нив ги чека пијалак од зовриена вода и страдање неподносливо, затоа што не веруваа.“
(6/70)