Post date: May 24, 2011 9:43:41 PM
Подучување на убаво однесување
Од најважните, најголемите и најодбраните Пратеникови,с.а.в.с., методи во подучувањето било убаво однесување и моралните доблести. Кога Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, сакал нешто да им препорача на асхабите да направат, прво тоа сам го правел, па луѓето, поведувајќи се по него, постапувале така како што ќе виделе дека го направил Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. Неговото однесување било Куранот; бил со висок морал и Аллах, џ.ш., го направил пример за сите луѓе. Возвишениот Аллах, џ.ш., вели: “Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.(Ал-Ахзаб, 21) Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, е пример на Умметот во морал, во постапки и во сите прилики.
Без сомнеж, практичното подучување посилно делува на човекот и е поефикасно, поделотворно делува на разумот и памтењето, води кон имитирање и следење, од теориското подучување. Практичното подучување е вроден метод во подучувањето и тоа е еден од најголемите најодбраните Пратеникови методи во подучувањето.
(Научникот Ел-Хаџви во своето дело Ел – Фикрус-сами фи тарихи-л-ислами, 1:154, вели: “Еден од доказите дека практичното подучување е подобро од теориското е: Кога Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем., склопил договор со Курјешите на Худејбиј, им наредил на асхабите да се ослободат од ихрамите со колењето на курбан, па им рекол: “Станете и заколете ги курбаните, а потоа избричете ги главите!“ Тие одолговлекувале во тоа затоа што сметале дека борбата е подобра од договорот за мир. Тогаш Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, влегол кај својата жена Умму Селеме, р.а. и ја известил за тоа дека луѓето ја одбиле неговата наредба. Таа му предложила на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, тој прв да ја избричи главата и да заколи курбан и дека тие несомнено ќе го направат она што тој ќе го направи. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, така и направил, па кога тие го видела тоа, станале и ги заклале курбаните, а потоа еден друг се избричиле така да во таа збрка за малку еден со друг не се испоубивале. Ова ни зборува за острумноста на Умму Селеме, р.а., затоа што сватила дека им е тешко да се ослободат од ихрамите пред извршувањето на обредот и дека практичното подучување е подобро од теоретското; работата се одвивала така како што таа ја разбрала. Со мал додаток, тој го завршува говорот.)
Хафизот Ибн Хаџер во своето дело Ел – Исабе фи темјизи-с-сахабе(1:538) зборувајќи за живописот на Пратениковиот, с.а.в.с., другар Џуленд Малик Уман, вели: Весиме, во книгата Ер-Риддех, пренесувајќи од Ибн Исак, наведува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, го пратил Џуленд Амр б.Ел Ас, да го повика во ислам па му рекол:
“На ова ме упати овој Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, кој не знае да чита ниту да пишува: Тој не наредува на добро, а предходно да не го направи сам, ниту забранува зло, а предходно и сам да не се одрече од тоа, тој доминира и не прави забуни, не зборува лоши зборови, се држи до договорот, исполнува ветувања и навистина, сведочам дека тој е Пратеник.“
Имамот Еш-Шатиби, нека Аллаховата милост е на него, во своето дело Ел-Итисам (2:339-340) вели: “Пратениковото однесување е Куранот, затоа Објавата му е судија, а неговото знаење и пракса се во склад со Објавата; Објавата му била став, говор, покорност, отповикување,“ и би застанал кај прописите од Објавата.
Оваа особеност е една од најголемите докази дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, бил искрен во она со што доаѓал, прво би ја извршил наредбата па потоа на другите им наредувал, се одрекувал од забранетото па на другите им го забранувал, бил предупредуван па другите ги предупредувал, прв се плашел од Аллах па на другите за богобојазноста кон Аллах им зборувал, прв се надевал на Аллаховата милост, па на другите за милоста на Возвишениот им зборувал. Суштината на сето ова е: Аллах, џ.ш., на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем,му го пратил шеријатот како доказ и препоставен нему и како упатство за Вистинскиот Пат, кој Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, го следел.
www.islamski-centar.org